H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Се шверцаат
Македонија под уставно име денеска воспостави дипломатски односи со Намибија. Намибија е 133-тата земја која официјално го призна уставното име на Република Македонија.
- Република Македонија и Република Намибија денеска попладне во Њујорк воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво под уставното име на нашата држава. Амбасадорите на двете земји при Обединетите нации, Пајо Авировиќ и Вилфрид Емвула, го потпишаа Заедничкото соопштение, кое што понатаму, согласно протоколот на ОН ќе биде дистрибуирано до сите земји членки.
Односите меѓу двете држави, ќе се развиваат согласно принципите на заемно почитување, пријателство, немешање во внатрешните работи, како и признавање на територијалниот интегритет и суверенитет на двете земји. Воедно, со овој чин, се отвараат широки можности за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Намибија во сите области од заеднички интерес.
Влада на Република Македонија