Знаењето (Протекцијата) е сила, знаењето (протекцијата) е мок!
На вестите на Македонската радио телевизија во петокот на 11 март 2011, дознав за добитникот на наградата за Најмлад научник за 2010, која што ја доделува Kабинетот на Претседателот на Република Македонија.
И јас учестувував на јавниот повик за доделување на признанието ,,Најмлад научник” за врвни достигнувања за 2010 година.
На почеток, ние како учесници не бевме на никаков начин известени за резултатите од јавниот повик што укажува на еден голем непрофесионализам.
Најверојатно комисијата имала ,,свои” критериуми за изборот на кандидатот. За неа, релеватно било да кандидатот има издадено научни трудови во списанија со низок ранг (impact factor), каде што по некоја случајност самиот тој е и уредник (reviewer). Да биде уште попарадоксално, коавторите се и можни членови на комисијата.
Каде е тука точноста на изборот: кои критериуми се важни за вреднувањето?
Дали дефицитарноста, тежината, специфичноста и единственоста на научното истажување и постигнатите досегашни резултати се воопшто земени во предвид и вреднувани при изборот на кандидатите?
Што би ги мотивирало младите научници да го надградуваат своето знаење за да еден ден нивниот успех биде почитуван и вреднуван во Република Македонија?
Извор: ISI Web of Knowledge