Да додадам.FortunE напиша:Не ме нервираат луѓето што мислат дека ме лажат - интересни ми се, а најмногу оние кои сами се фаќаат во лагата, оние кои заборавиле што кажале.
Ме нервираат оние кои во очи ме лажат, кои се обидуваат да се оправдаат некако.
Ме нервираат самобендисани луѓе и оние кои ги потценуваат другите, кои правејќи се дека се знаат ги понижуваат другите. Секој се почитува себе си, но мразам кога тоа преминува во потценување на туѓи квалитети.
Лицемерните луѓе брзо се откриваат.
А најмногу ме нервира кога некој нема храброст во очи да ми каже што мисли, па тоа го прават преку други.