Ме иритираат многу љубопитни луѓе кои не смеат а да не знаат шо ти се дешава.
После, ме иритираат само оние сезнајковци кои се јаки само на зборови, у суштина ги применуваат истите грешки кои претходно ги плукаат.
ЛИЖИГЗ-луѓе, ако можам да ги наречам луѓе. Или од корист, слично му доаѓа. Трагично е што сеповеќе ги има. Па, добро, знаеме дека секој си го гледа својот интерес, али не мора да се улизуваат и да газат на нивните човечки вредности ( што ги немаат)
Ме иритираат луѓе што функционираат само ако се во центар на внимание. Вриштење, дерење, кажување глупи финти, и давање глупи факти. Лошо.
Ме имитира лицемерие. Маче, сонце, мило а позади грб којзнае со какви поими те споредува.