Вака... Јас се имав замеремо со повардарска епархија поради едно прашање... Бев за голема молитва за малиот син кога направи 40 дена, така е адетот... На врата клисарот ми побара 460 денари за да го викнел попот... Јас со мене носев 500 мислејќи дека тоа е бесплатно итн, и завршивме работа... Се вратив на работа и најдов меил од епархија. Прашањето ми беше:
Дали ако немав пари, ќе дозволеа моето дете да остане без големата молитва и дали ќе дозволеа да стане муслиман... Потоа дали ако немам да дадам 3000 денари за погреб на некој близок, Господ нема да му ја успокои душата итн.
Почнаа со глупи одговори вака нака... Потоа рекоа ако немам пари да извадам потврда дека зимам социјална помош, а јас работев таму и токму јас ги потпишував тие потврди... Давав меѓудругото и потврди што ќе им требаа на корисниците на социјална помош и за крштевање... Со други зборови тука ги чекав да се задрат... И после неколку преписки и неодговарање на прашањата сфатив дека си имаме работа со мафија шо немаат абер од божјо слугување туку единствено ги интересира џебовното слугување...
Како и да е со парите и имотот на МПЦ би инвестирал во обновливи извори на енергија, МПЦ да биде АД, а акционери сите верници...