Значи ти појма немаш како функционира црквата, одиш во црква кога одат сите, не затоа што знаеш зошто одиш, туку затоа што нели така мора бидејќи така сите правеле.... И секој што има различен став, што ќе каже критика, што ќе ја доведе во прашање валидноста на таа институција за тебе е дел од ,,разнебитувањето" на народот и ,,верата"?!
Зошто мора да си православен за да бидеш македонец? Зошто за тебе критиката е исто што и разнебитување? Сакаш општество каде владее едноумие? Зошто религијата да се користи како колективен идентитет? Зошто е погрешно да веруваш во друг концепт, религија или идеологија? Зошто на децата од најмала возраст да им се наметнува во што да веруваат и со што да се идентификуваат?