Значи убавина е релативна работа и нечесто може да се има искривена перцепција за истата а и плус тоа е многу субјективна работа и никако изборот не треба да се темели на убавина или карактер. Привлечноста е таа што е пресудна(некои сакат да ја нрекуваат хемија, флуид и шо знам уше шо не). Според мене убавината може често да те зезне, не е тоа тоа што би било пресудно да направам избор. За карактерот па да не зборам. Шо ако со некоја иам слични ставови и ми иде муабет и се ама не е привлечна. Се лаже оној кој вика дека бољи паметна грдотија него празноглава лепотица. Тоа е генерализација а генерализација се носи ако ги знаеш сите, а кој од нас ги знае сите девојки и зошто неговиот суд е релевантен? Ајде добро за да се објасни теорија потребна е генерализација.
Ако избереш некоја убава со која немаш муабет сигурно ќе ти се појави некоја со која шо имаш супер комуникација и ќе се каеш, ако ти се погоди некоја за муабет и добро се слагате ќе се појави некоја со добро тело и ќе се каеш. За ништо нема да се каеш ако се чувствуваш привлечен од/на партнерот. Тогаш сите теориии за убавина или карактер паѓат во вода. Привлечноста е онаа која е пресудна. Значи не мора да има убиствено тело или запрепастувачка интелигенција и необјасниво многу да си прилегаме карактерно, ако не постои привлечност, ништо.