О, прости и на мојата неразбраност. 
Позначајни вежби и наредби што жената треба да ги научи се:одење под корак со сите наредби, слободно време со поводник, предизвици, провокации, вежби од апорт, почетни фискултурни вежби, почетни чуварски вежби и т.н.
Со што почнуваш? 
Види ја не сум некој заостанат тип да ја малтретирам жената али кога ќе дојди во домо кај домаќино потребно е малку прилагодување. Се знае што треба да готви, кога да е готов ручеко, додека се јади, машка рака не смеи ништо околу маса да гибни, зато е таа тука да подаи леб да донесе супа да однеси пајнци, да подаи нож лажица, да раскрени. Од ко ќе станам од софрата, таа може да јаде колку сака и што сака. Куќата да е суредена да се знае дека домаќинска фамилија живаа тука, дворо суреден, скалите измиени, внатре исчистено, изметено, пајнци прибрани. Дома да не фали ништо за гостин да се послужи, од кафе, шеќер, ракија, вино... за се да се води сметка колку има и до кај е, сабајле ко ќе станам да имам пеглана кошула и панталони, чевли светнати, чорапи спремени. Во слободно време да си подфаќа по малце плетка, некое миле, џемпер, чорапа колку да се разоноди. В град од моја десна страна и чекор зад мене, в град нема многу да се поздравува со секој, може само со татка и мајка и и брат и. Останато што е брачеди, братучетки, второ трето колено - не познава. Таа е сега друга фамилија. Поглед право и нема многу зеење по дуќани. Ако и се пие нешо ќе и купам сокче или сендвиче ако е гладна или некоја карамела за облажување. Ако и треба кондура - ќе и купам, ако и треба фанела ил капут и то ќе и купам, али глупости како кармини, помади, мириси... такво нешо кај мене дома не влегва. Пари си добива секој ден колку шо треба за леб млеко масло или шо треба да се набави али отчет за секоја пара мора да се даи и в тефтер да се запиши. За сексуалнио живот не сакам да кажвам многу, пошто то зависи како сум расположен али важно ако не секој ден - секој втор ќе и го прам ќеифо. То се основни работи кои мора да ги совлада (а секоја нормална и здрава жена можи) ако не - ене и ја вратата и назат кај татка и!