Подобро би било да се разговара за тоа што Македонија губи со обидите за влез во Нато. Влезот во Нато ќе дојде сам по себе колку и да е непотребен. На македонците не му треба Нато му треба решение на проблемите во државата од областа на економијата и финансиите. Накратко речено Македонија треба да си инвестира во земјоделието и индустријата наместо да имплементира штетни договори како охридскиот и да се занимава со јакнење на некоја си стабилност. Наместо да се нуркаат претпријатија за да се купат по ниски цени и да се крие никаквиот напредок поради “напорите’’ кои се прават за атлантски интеграции треба да се работи на развој на економијата. Влезот во Нато никако не ни гарантира економски развој, а незнам која е таа нестабилност што ќе се стабилизира со влезот во Нато. Странски инвестиции нема поради корупцијата, а не поради потенцијалните бомби. Апсурд е да се разговара дека во Македонија ќе се случи некој напад на терористи или како било ниту се случило ниту пак Нато е способен да не заштити од напади, може само напротив да привлечеме некој терорист поради самото “дружење’’ со САД.
А да не се лажиме, европско атлантските интеграции се користат како прикритие за неработењето на власта. Народот е во тешка заблуда и мисли дека со влезот во Нато и ЕУ се решаваат сите проблеми. Таквата заблуда кај народот политичките структури ја користат за да го отргнат вниманието на народот. Нели гледате дека при секое загрозување на рејтингот на власта се излегува со некој безначајни предлози и срања, народот треба да се радува на некое отворено претпријатие и работно место, а не на интеграции во Нато и Европа. Членка на Нато или не ако не си ги решиме сами проблемите пак срање ќе бидиме, само со разлика од сега во Нато ќе бидиме срање со жртви во освојувањата на САД.