Што ако не ја прифаќаат вашата врска?

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.704
Поени од реакции
19.769
Значи постои тој да го наречам синдром и тоа страшно многу, ретки се тие кои не се замараат многу, друи и кај мене се интересеираше засегнатата страна од што фамилија сум било и тоа отворено у лице ти кажуваат што би рекле ачик, е сега мај хазбенд е малку така по тврд карактер па се отстранува трајно ко ласер терапија некад е :) и немаше многу збрки, друга случка што и се имат на братучетка ми десено беше стварно шпанска серија, она живее во Австрија(Виена), таму девојчето да ми ти се заљуби во босанец, е сега имаме ситуација во која вујко ми е македонец а вујна ми србинка, и оваа лудава у босанец, абре закани по живот, колење, бесење, полиции, уште не знам до кај нестаса работава, и што направија ништо пак она се омажи со него и имаат две деца, и сега вујнами вика ех да знаев дека ваков брак ке има немаше да дозволам да се случат такви трагикомедии, аха да знаела ? затоа прво се дава шанса се упознава човек, после камења и карпи се фрлаат. И никогаш нема да се смени нашиот македонски/балкански менатлитет неможе да се искорени тоа бубрези да се јадат нон стоп и да се кудат луѓе без везе, не за џабе се рекло остај деца нек се сакаат па колку ке потрае тоа нивно нека е не ја да носам грев на душа.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Кој како ги гледа работите така, за некои тие работи се синдром; за некои тие работи се реалност; за некои работи тие се набиени комплекси.Лично за мене тие работи се реалност.А ако ја прикажеме бројката на такви глупости случени ќе испадне на крај дека повеќе е веројатно да се случи она што мислиме дека не е возможно.А шизик на ризик не сум, барем говорам за себе, не играм на таа карта.Друго, утре кога ќе треба да стапам со таа жена во брак ќе треба да се расправам за тоа кои имиња да ги дадам на моите деца? Не сите го можат тоа да пројдат преку многу работи на тоа поле. И ред други работи што следат после тоа. Сега кој како ги разбира работите немам јас ништо против туѓото мислење, секој си е ковач на сопствената судбина.Јас лично да ги прејдам границите нема, не зошто сум претерано голем верник во бога, туку зошто христијаните се на еден начин воспитувани, а муслиманите на други кога станува збор за тие работи и тука се разликуваме многу во погледите и во обичаите.
Но кога веќе сте решиле да бидете космополити, има многу ергени во Саудиска Арабија, Ирак, Иран и ред други земји од Блискиот Исток кој си ја бараат истотака среќата.Пробајте и со среќа, друго не знам што да додадам.
 
T

theTinule

Гостин
Kompetentna sum da zboram na temava, ali staena sum od mobilen i teshko mi e da kucam sea -.-
Gadna rabota -.-
 
la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Ако сум сигурна во нашата врска и во нашите чувства идам до крај, без оглед на се. Способна сум за работа, знам што сакам, имам свои цели во животот, не ми раководат други со него, имам свое јас, кое сакам да се почитува, барем кај мене во фамилија и уште ред други работи.
Ќе тераме до кај можеме, послеее....
Инат сум знам :)
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
42
Поени од реакции
6
Моментално ми се случува тоа и страшно ме иритира.Сепак ова е мој живот.Живот со кој треба сама да се соочам.Сама да научам од грешките што ќе ги направам.
Некогаш и родителите се во право,не викам не.Но во мојава ситуација не се (можеби ќе сватат,а можеби не).
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.720
Поени од реакции
22.263
Ај вака. Дај за момент да излеземе од студиото на Волт Дизни, и серијалите на Забрањена Љубав, Плачот на виолина кога лисјата паѓаат во долина на волците која е имот на дамата.

Ќе се фокусираме на моментот кој тоа не прифаќа и се меша и зошто. Има 2 типа на луѓе што би ти сугерирале за твојата врска. Најблиски-мајка, татко, брат, сестра, најблиски другари и роднини. Втор тип на луѓе се подалечни, пријатели, познаници.
Кога првите ти сугерираат или не прифаќаат нешто, првата реакција наместо да рипате со кој си бре ти да ми се мешаш, треба да биде да си ставите прашалник во глава. Кога некој за нешто ви труби и го дрви треба да се запрашате зошто. Проблемот со генералната омладина, а богами ни повозрасните не се имуни, е што мислат дека ако имаат икс години, биометриска лична карта, солидна работа со здравствено осигурање и индекс со положени сите колоквиуми на време, и право на глас на избори, дека се глупоотпорни (отпорни на донесување глупи и дегенерички одлуки). Не бе јас си знам што е најдобро за мене, нема кој да ми кажува, голем/а сум си, е честа реченица при вакви ситуации. Криви ташаци си знаете што е добро за вас бре. Кога ќе ве удрат тоа цицките, вагините и пенисите во глава, коктел на хормони и кога стенкате од оргазмични задоволства жими ашимов знаете рационално и логички да расудувате. И тука се прават грешките.
Вашите родители освен во некои екстремни случаи на пример ако се како Јозеф Фрицл и сл, ви го мислат најдоброто. Ако они не ми се мешаат, сугерираат и советуваат кој? Петко комшијата? Нив треба да ги слушам и верувам што ме израснале, изгледале, овозможиле во животот нешто, или некоја кокошка што ја знам икс месеци. Прашајте ги зошто така мислат, слушнете го нивниот став и размислете после со тиквата а не со мудата и јајниците што ви рекле. Постари се, во 90% ситуации имаат повеќе искуство од вас, работат за ваше добро, и имаат повеќе фурни леб изедено од вас пилиштарците. Како што многу пати имам кажано ќе се разбудите за икс години со 2 деца, кредит во банка и несреќен брак затоа што на времето ви било убаво на дундата и ништо друго не било важно.
Основна лекција на којашто аматерски паѓа добар дел од популацијата-Тоа што ве прави да се осеќате убаво, не мора да значи дека е правилно и добро за вас. Ако е така има дроги со кои ќе се осеќате како го поседувате светот.Затоа рамислете што ќе ви кажат родителите. Знам доволно ситуации кога родителите сугерирале или негудувале во врската. Во преку 80% се испоставило дека се во право. За ваш живот се работи, еден ви е, гледајте да не си го упропастите.
Истото важи и за другарите-другарките. Нарочито кај жените е овој феномен. Значи до вчера ти била најдобра другарка, сте делеле добро и лошо ја осеќаш како сестра, не може преку ден мори она да почнува да ти љубомори, да ти завидува на среќата или да сака да ти го земе дечкото. Не дека ни тоа не знаело да се случи, ама во глобала, на неа ќе веруваш или на некој куртон што си го упознала на екскурзија на кого се влажниш затоа што личел на Џастин Тимберлејк или што ти ја знам срање поп трлалајка пејач излезен од бојбенд на кои се пали женската младина денес. Ислушај ја што сака да ти каже и размисли трезвено.
Што се однесува за непознати или подалечни познаници, нив дефинитивно не треба да ги есапите многу-многу. Ама, има едно огромно АМА, токму од таквите луѓе во животот и тоа најчесто сосем случајно сум добивал некоја информација што не ја знам што и те како сменила многу работи во дадената ситуација. Најчесто тие страни се неутрални и можат појасновидно да ви дадат суд и мислење, или можеби да ви кажат нешто што не сте знаеле а ви е битно. Значи пред слепо да верувате или веднаш да отфрлите тоа што има јабанџија (странец) да ви каже проверете го тоа што ќе ви го каже.
Кога сте во врска, вашето мислење за тоа што ви се случува во врската, најчесто е најпристрасно, најсубјективно и најнемеродавно. Не рамизслувате реално, туку сте под хемиски процес на хормоналнен коктел-микс и тука се заебуваат работите. Затоа послушајте, рамислете и седнете, разгледајте ги работите од сите страни. А одлуката било идиотска или паметна е само ваша.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Одлично напишано од Сусаро, се надевам дека ќе бидам саглам родител кој нема да извади на свет до толку слаби и лигушки деца да ми приредуваат такви заебанции.

Кој рече дека не ги слушаме што ни зборат родителите?
Ја, жив пример за послушност !
Си имам ставено прашалник на глава, абе не еден, онака, цела вечер не спиеш и прашалници ти се мотаат.
Правилно е да се фрустрирам ради фактот шо несмеам да имам дечко, пошто, не заради некоја разумна причина, туку онака, несмее да ми биде дечко ?
Ниту тој, а ниту било кој друг.
Не збори дека сите немаат појма од животот.
Да, знам дека постари се и повеќе искуство имаат итн., ама треба да ги чујат и нашите чувства и желби, а не слепо да ја затвараат темата на разговор без дискусија.
Друга ствар, тој дечко, шо ќе им се допаѓа на нив, и што ќе им биде по нивни мерак, откај да бидам сигурна со него, дека нема да завршам на истото место како што би завршила и со оној кој го сакам т.е. со дембел дома кој треба да го издржувам?
Они ми ја даваат таа гаранција?
Знам еден куп примери кои бирале партнери спред желбата на нивните и на крај завршиле на исто ниво како и оние кои не бирале партнери според желбата на нивните.
Со голема разлика што меѓу вториве има љубов и страст, за разлика од првите.
Така.
 
Море момуле мало, ал ме ти сфаќаш што сакав да кажам, ал не, ал само пишуваш инат и контра да ми удираш?
 
T

theTinule

Гостин
Море момуле мало, ал ме ти сфаќаш што сакав да кажам, ал не, ал само пишуваш инат и контра да ми удираш?
Не сум некој голем инат (знам да се контролирам), а и имам преголема почит кон тебе како форумски лик, немам лице да ти удирам контра без причина.

Велиш дека ние (тие чиишто родители не ја прифаќаат врската) ја гледаме ситуацијата сибјективно, дека родителите можат да ни дадат корисен совет за тоа како да постапиме, а и имаат право да ни забранат такво нешто. Тука се слагам со тебе. И секогаш пред мојот партнер сум го ставала ставот на семејството. До тука сум ок.

Сугестии секогаш се прифаќаат, а и сметам дека паметен и рационален човек ќе знае да си ја испланира иднината со човекот што го сака т.е. ќе ги гледа слабите страни на својот партнер/ка.

Не треба да дискутираме за покачено ниво на хормони и остали ствари.

Праиме муабет за разумни две млади персони од спротивен пол кои сакаат да стапат во брак, ама родителите од едната страна ја забрануваат врската поради нивни, банални причини, ствари што не им се свиѓаат кај нивниот иден зет/снаа.
Додека нивниот син/ќерка или не ги гледа или преминува преку тие работи.

Ако не ги гледа, тогаш значи дека е глуп/ава, а ако ги гледа, а не им мава рецка, тогаш значи дека е спремен/на во иднина да се справи со проблемите што би можеле да се појават.

Викаш, „Тоа што ве ве прави да се осеќате убаво, не мора да значи дека е правилно и добро за вас.“ Абе ајде !
Според вас, постарите, значи подобро е да го поминам животот со маж кој ми го одбрале моите и за нивните критериуми е добар, а не го сакам?
(под не го сакам не подразбирам да не го сакам = да ми биде одвратен, туку да не чувствувам страст кон него, да не сум заљубена во него.)
Така?

Знам, сега доаѓа реченицата „Тоа со тек на време исчезнува“. Ок, нека изчезне, но јас тој период додека трае ќе бидам дупло посреќна.
А периодот додека да го засакам овој што ми го одбрале ќе бидам дупло понесреќна.

И покрај тоа што знам дека нема некоја причина поради која би се прекинала врската, ја прекинам врската, само поради волјата на моите родители. Ете послушна сум.

Дали тоа би значело дека бракот со човекот кој ќе им е на нив по мерка, ќе биде совршен партнер и ќе бидам сигурна дека и со него нема да завршам со „2 деца, кредит во банка и несреќен брак“ ?

п.с. Знаеш како викаат „Љубовта не е слепа, само преминува преку работите што не и одат во прилог“.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Човек учи додека е жив. А пошто нема два живота, добро е кога има грб на кој може да се потпре за да чуе совет. Тој грб кој имал среќа се родителите. Ако имате доволно паметни родители кои малку отпојќе разбираат психологија, ќе знаат да ве кренат на нозе и да одите низ животот со совест која тие ви ја создале. Тоа е ефект кој човек може само да го почувствува , ама многу тешко дека ќе го објасни. За жал, неумешноста на родителите вродува со бунтовни деца кои мислат дека тие се знаат. За жал не знаат.

Ако не ги прашам моите дома, кој друг? Чија сугестија смеам да ја земам предвид ако не нивната. А сепак тврдам дека ако доволно умешно се воспитани децата, нема да има ни потреба да се прашува по дома, зашто добро воспитано дете знае многу разумно да расудува без да треба да праша за дозвола.

Можеби не знам што значи да се биде родител, ама многу добро знам што треба да се грижиш за помал брат, а тоа му доаѓа според грижа и одговорности тука некаде. И од тука можам да замислам, колку е битна комуникација со родители и колку е потребно тие да се ислушаат. Јас сум тука за брат ми за се што е потребни, за разговор, совет, за се. Доброто е што нашата разлика во години не е голема, па и комуникацијата ни е каде каде подобра отколку случајот родител-дете. Утре задутре ќе дојде време кога ќе дојде за рака со некого. Сметам дека од мене се очекува да му кажам дека можеби таа личност не е за него. Мое е да му кажам, негово да одбере и тука нема повеќе дискусија. И кожата на родителот е тесна, една од најголемите грижи е со кого ќе заврши неговото дете. Во никој случај не зборувам за слепа послушност на децата кон родителите, зашто човек е од крв и месо, па и самиот грешава некогаш и во совети и во постапки.
Но секако, пак ќе речам се е во умешноста на родителите. Постојат начини да се сугерира суптилно и без жртви, а постојат толку груби начини што доаѓа до прекин на комуникација. Сум го видела и тоа и тоа. Вториов начин никогаш не сум го оправдала. Кога човек ќе одлучи да биде родител, негова задача е да воспитува некого. Ако тој направил фејл во воспитувањето, не може да се жали на детето заради тоа што постои нус-производ од неговата неумешност. Прекин на комуникација со моја крв и месо, зашто одбрало нешто во животот, со кое јас можам и да не се согласам е незамисливо. Ако одбере нешто комплетно спротивно од она што јас сум го воспитала, јас треба да си го ставам прстот на чело и да се прашам: Каде згрешив?
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.720
Поени од реакции
22.263
Не сум некој голем инат (знам да се контролирам), а и имам преголема почит кон тебе како форумски лик, немам лице да ти удирам контра без причина.

Велиш дека ние (тие чиишто родители не ја прифаќаат врската) ја гледаме ситуацијата сибјективно, дека родителите можат да ни дадат корисен совет за тоа како да постапиме, а и имаат право да ни забранат такво нешто. Тука се слагам со тебе. И секогаш пред мојот партнер сум го ставала ставот на семејството. До тука сум ок.

Ок.

Сугестии секогаш се прифаќаат, а и сметам дека паметен и рационален човек ќе знае да си ја испланира иднината со човекот што го сака т.е. ќе ги гледа слабите страни на својот партнер/ка.

Ок.

Не треба да дискутираме за покачено ниво на хормони и остали ствари.

Нормално. Тоа се подразбира, каков е ефектот и како влијаат на факторот на расудување.

Праиме муабет за разумни две млади персони од спротивен пол кои сакаат да стапат во брак, ама родителите од едната страна ја забрануваат врската поради нивни, банални причини, ствари што не им се свиѓаат кај нивниот иден зет/снаа.
Додека нивниот син/ќерка или не ги гледа или преминува преку тие работи.

Имам една комшика (средновечна накај постара), која што кога син и требаше да се жени, на нејзе не и се бендисуваше избраничката, заради (пази ја причинава) тоа што не била доволна убава за син и, и плус носела наочари, а тој (син и) можел и заслужувал подобро. Баба ми моја (уште постара од неа) ја седна на муабет да и објасни некои работи. Ете ги сега имаат 3 деца и супер им оди. Ама вакви к-15 анегдоти и причини коишто може само да те насмеат нормално дека нема да ги потенцирам во пост. На секој будала му е јасно дека позадината за некој да мрчи тука е смешна.

Ако не ги гледа, тогаш значи дека е глуп/ава, а ако ги гледа, а не им мава рецка, тогаш значи дека е спремен/на во иднина да се справи со проблемите што би можеле да се појават.

Ако не ги гледа точно дека е најверојатно глуп/ава. Ако ги гледа а не им мава рецка тогаш не мора да значи дека е спремен/на да се справи со идните проблеми. Да го тргнеме апла смешниот пример од горе каде што ситуацијата е очигледно хумористична, пак ќе кажам такви ситуации не потенцирам-ит гоус витаут сејинг. Не знам Тинуле дали си била заљубена, или дали си набљудувала некој кој е до сега ама едно ќе ти кажам. Луѓето го потценуваат разорниот ефект на хормоналниот коктел кои предизвикува моќни биохемиски процеси а поетски е наречен љубов. Во такви моменти он/а може да мисли дека е спремен/а и пингвите да ги натера да летаат, а не па да се справи со проблемите во иднина. Она ја има љубовта што ќе победи се, сите проблеми и препреки, тоа ја прави нејзе среќна и тоа е најважното. Фастфорвард 10 години подоцна, маж и се враќа пијан секој ден дома, она се плеска со пола зграда од што овој не може да ја задоволи. Тоа е нектар што ти ја дава илузијата дека можеш се и чувство дека ти е најдобро на свет. Истиот тој нектар доведува луѓе до лудило, убиства и прокоцани животи. Така да сума сумарум он може да мисли дека е спремен да ги реши проблемите. А може и стварно е. Ама најчесто не е. Мислити срати и цвече брати није исто.

Викаш, „Тоа што ве ве прави да се осеќате убаво, не мора да значи дека е правилно и добро за вас.“ Абе ајде !
Според вас, постарите, значи подобро е да го поминам животот со маж кој ми го одбрале моите и за нивните критериуми е добар, а не го сакам?
(под не го сакам не подразбирам да не го сакам = да ми биде одвратен, туку да не чувствувам страст кон него, да не сум заљубена во него.)
Така?

Ако тебе аеробик ти прави задоволство, тоа е добро за тебе бидејки добро делува на здравје и на форма и нема некои опасности. Може мускул ќе истегнеш не дај Боже ама рековме дека во такви баналности од типот на утре комета може да не удри нема да ги коментираме.
Ако на Петко задоволство му е да шмрка кокаин тоа не е добро за него. Сега ме сфаќаш дека клучниот збор во таа реченица е-не мора да значи во превод може да ама може и не. Според мене не е правилно твоите ти одберат маж, освен ако не си во Индија и не си Малечката невеста. Знам де што сакаше да кажеш :), ти мислеше на одобрат наместо одберат. Види има ситуации што ги знам на пример,најчесто во селските средини, или кај фамилии со лимитирано образование, искуство, и сфаќање на работите, или од чисти глупави принципи во глава каде што кога кога типот сакаше да се жени, ја однесе невестата пред неговите да ја видат, а после тоа и кај сите роднини и другари (така во некои села функционираат работите) за да видел дали ќе ја аресале (југо-источно македонски дијалектички збор со превод дали ќе им се допадне). Небаре е стока за која си заинтересиран и ја зимаш на тест проба на 2-3 дена за да се одлучиш дали ќе ја купиш. Е сега ако дадат тамбс ап ондак удри мајсторе зурли тапани и свадби од по 800 гости. Ако не ја аресат тогаш имаме поблем. Ама пак нели вакви примери се излишни и хумористични и може да служат за инспирација на Зевзекманија. Причините зошто не се одобрува врска се најчесто подлабоки.

Знам, сега доаѓа реченицата „Тоа со тек на време исчезнува“. Ок, нека изчезне, но јас тој период додека трае ќе бидам дупло посреќна.
А периодот додека да го засакам овој што ми го одбрале ќе бидам дупло понесреќна.

Тука ќе искоментирам оф топик. Ако твојата врска стане сериозна, и/или се стреми кон брак немој да гледаш на страст и на сакање како примарно, не дека не се битни ама не се примарни. Гледај личноста да ти биде добар сопатник, другар, поткрепа во животот, заеднички интереси, добар секс, коректен однос и минимизирани разединувања по битни прашања и караници. По мое мислење тоа се дел од приоритетите за успешна врска и брак. Батали љубов, батали страст, ако и они се присутни ондак си ударала џек пот, а и да ги нема не е толку страшно, страшно е кога само нив ги има а другите горенаведени критериуми не. Луѓето одат по линија на помал отпор, страдаат од навики и зависности, сакаат да се среќни сега и одма, ја сакаат таа хормонална доза на не пеперутки него диносауруси во стомак. Ваквиот тип на непромислени задоволства најчесто се наплаќаат многу. Тродупло многу.

И покрај тоа што знам дека нема некоја причина поради која би се прекинала врската, ја прекинам врската, само поради волјата на моите родители. Ете послушна сум.

Дали тоа би значело дека бракот со човекот кој ќе им е на нив по мерка, ќе биде совршен партнер и ќе бидам сигурна дека и со него нема да завршам со „2 деца, кредит во банка и несреќен брак“ ?

Види, еден вид на универзална вистина е дека, ништо не е гаранција за ништо. Ти може да си со коефициент на интелигенција милион, со три факултета, 5 магистратури и 10 доктората, амбициозна и вредна и да завршиш како бездомник, а може да немаш ни основно а на крај да имаш 5 куќи, јахта, 7 викендици и 8 мерцедеси.

Ама затоа постои нешто штом се вика веројатност (во смисла колкава е веројатноста за да се случи ова или тоа) и фактор на ризик или добивка. Еве сега и економско математички ќе пробам да ти објаснам. Тргнуваме со веројатност дека ти си доволно интелигентна личност со доволно искуство со твоите родители за да знаеш како размислуваат и постапуваат. Во најголемиот дел од случаевите освен како во претходниот мој пост и случајот со Јозеф Фрицл (ама по трети пак ќе кажам тие се примери од екстремна природа кои не мора во секој пост да ги потенцирам пошто тоа се подразбира без да се каже) претпоставениот (за да не ми кажеш после во твој стил не постои сигурен па пак да морам да се објаснувам) заклучок е дека може се онакви или овакви ама најверојатно (види ја заградата пред оваа) тие ти мислат добро, а воедно веројатно(види претходна и предпретходна заграда) се и разумни луѓе со искуство кои не тропаат глупости. Што значи резулатот е дека факторот на ризик ако сериозно го земеме и најчесто прифатиме нивното мислење е понамален отколку ако не го земеме, а факторот на добивка е зголемен.
Така стојат работите во општествените и социјалните дејствија. Математичка формула од типот на 2+2=4 сега секогаш и во вечни векови не постои. Како еден мој другар кој многу пуши и пие, и кога му реков немој бе ќе си заебеш здравје, а он ми вика да бе може утре камион да ме згази вака си уживам. Да, може да се случи и верзијата со камионот ама ако пазиш на улица е многу мала, а ако продолжиш со алкохолот и цигарите може и ќе живееш 200 години ама поверојатно е дека ќе имаш сериозни компликации со здравје. Твое во животот е да си ги намалиш или зголемиш шансите за нешто ама никогаш до 100% бидејќи секогаш има еден фактор судбина па ако требало да се случи нешто ќе се случи сакал ти или не. Твое е само да го зголемиш или намалиш ризикот и шансата од тоа да се случи во зависност од каков сакаш да ти биде исходот.

Еве ми требаа скоро саат време за пак да дојдеме до мојот претходен пост и заклучок кој гласи одприлика вака

На нив треба да им верувам, и сериозно да ги сослушам и да ја прифатам нивната сугестија, тие што ме израснале и изгледале и што ми сакаат најдобро или на некоја ороспија која што не можам да ја извдам од глава (и горна и долна) само заради тоа што ми удрила ерекцијата у мозок?

Е сега ако пак ја цитираш горнава реченица со твои објаснувања или
а) Не ме сфаќаш што сакав до кажам во претходниот пост. (а веројатно и други мои постови)
б) Пишуваш само инат и контра да ми удираш.

Дали можеби сега конечно се разбираме?

За П.С.-от се согласувам само за да биде до крај на место треба после прилог да стои запирка (,) и следново-и најчесто тоа скапо го плаќа со мачно каење.

п.с. Знаеш како викаат „Љубовта не е слепа, само преминува преку работите што не и одат во прилог“.
Повели драга моја структуролошко, до атомско и крајно за некои непотребно ниво на појаснување на мојот пост. До волку дури ни јас не одам, меѓутоа еве такво ми е расположение и сакав да ти доловам што повеќе. Се надевам дека сега се разбираме.
 
Ada?

мјаууууу
Член од
4 април 2009
Мислења
490
Поени од реакции
54
Мојата врска не знам дали би ја прифатиле но гарант не би им се допаднала. Енивејз имаат доверба во мене и моите годинки се таман јас да одлучам што е добро за мене а што не.. Сепак родителот има потполно право да знае во какви врски влегува неговото дете и со кого, но нема право да суди, да забранува освен во екстремни случаи.. всушност ако си паметен/а и правиш добар избор твоите немаат што да ти забранат да негодуваат и слично.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
626
Поени од реакции
323
Нејзините се мешаат,моите ми имаат кажано,која ја избереш таа ќе биде,не ти се мешаме...ама нејзините се мешале во неколку нејзини претходни врски,така да заедно одлучивме да не им кажува сеуште на нејзините дома...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Ваква случка ми се случи денес...мојте ме оженија ..почнаа да ми зборат како не е таа за мене иако била супер личност и била дел од нашата православна христијанска вера(мислам на моите пошо ја сум атеист) татко и бил бошњак.. Иако пола од бошњаците што се во мојатат околина се дел од некакви банди и други мафијашки окрузи...До негде можеби се во право но мое си и е да си одлучам..Јас ги бирам луѓето според карактерот а не според религија/националност... Мојте најдобри другари и другарки ме подржуваат во врската па ми викаат биди со неа додека ти иде па после секој по свој пат , макар и да ти е убаво да се ожениш со неа.. Нема да ги слушам за тоа со која да бидам ја си имам мој вкус и начин на кој ги бирам партнерките..не е 19 век па да ги бираат они .
Чекај сега, како тоа те ожениле - и ти збореле против девојката?! (n)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom