Значи ти не би земал разведена жена со деца која е глупава, неодговорна, неможе да процени ситуација и за неа се што лета се јаде. Ок тоа, и јас мислам дека ниеден маж не би посакал таква жена.
Но, неможеш да кажеш дека секоја разведена жена ги дели тие особини. Не е убаво постојано вината да ја бараш кај жената. Дали повеќе би ја поштувал жената која трпи постојана физичка и психичка тортура од мажот и, но не бара развод?
Не знам колку е очигледно, но јас сум машко. Кога дискутирам, дискутирам од мој агол/кожа и не изигравам доктор за све и сешто, туку само за она што се однесува на мене. Јас невеста ќе зимам, сходно на тоа аголот на гледање на работите.
Зошто постојано ја гледаш само темната страна на ситуацијата.
Јас се трудам да бидам максимално реален во сите животни сфери. Реалноста не секогаш е светла, жалам, туку најчесто е спротивното. Башка, со гледање на темната страна се поштедувам себеси од идни можни проблеми со невестата. Оние светлите страни лесно е, нема потреба ни да се размислува за нив туку едноставно се ужива во нив.
Значи ти не би земал разведена жена со деца која е глупава, неодговорна, неможе да процени ситуација и за неа се што лета се јаде.
Пак за жените, образложив погоре зошто. Има пуно ситуации зошто некој би се развел. Познавам и неодговорни луѓе, луѓе што премногу бараат а премалку даваат во брак, а потоа се развеле. Зошто би ја зел јас неа? За и од мене да се разведе утре? Многу малку жени се разведуваат поради домашно насилство (психофизичко). Со нив и во суштина немам проблем. Таква жена би зел.
Под впечаток сум дека доста голем дел од разведените жени се развеле бидејќи
- таа или тој (или двајцата, појма немам) изневерувале
- и текнало дека згрешила што го зела баш него
- и текнало дека всушност она избрзала што се омажила, и дека уште не го ни изживеала животот
Оние од третата група ги отфрлам веднаш. Ризичен е нивниот психички развој. Како ќе знам дека ете од овој момент (кога сме се фатиле) веќе е она зрела и порасната.
Оние од втората група исто така влечам накај отфрлање. Може едноставно јас не сум оној за неа? Мислам, збориме за особа на која и требало ~10 години за да разбере дека претходниот не е за неа. Јас едноставно не сум спремен да вложам 10 години од мојот психички, емоционален и материјален развој за она да "види" дали сум јас тој.
Оние од првата група имаат најголеми шанси, но има и тука финта.
а) зошто изневерила
б) се колкумина
в) колку често
г) зошто едноставно не ставила точка пред да изневери (прашањето го надоврзувам со точка а)
и така натаму.
Видете, вие сите имате убави мисли, мир во светот, мажи за осамените жени во долгите зимски ноќи. Но тоа не оди секогаш така.