... искуствата околу проблемите со штитната жлезда не можеме да си споделуваме во смисол за меѓусебна иста примена туку да се најдеме самите себе во таа заедничка приказна но со посебно делување на тој синџир на формирање на тироидните хормони да секој си ја најде својата алка која е ,,скината,, и да си ја ,,залепи,, да би функционирала штитната жлезда безпрекорно ... дефинитивно како појдовен проблем за мене апсолутно е долготрајно несвесно невнесување на ЈОД со што кај сите различно се манифестира, а бе што сум крива што Македонија нема море ??? :?:
на жалост не знаеме колку време нашето тело се ,,мачи,,без јод, јест да секоја година одам на море ама добар пливач сум па ич морска вода не пијам
не јадам морски риби,алги,полжави и други морски животинки :worried: нема национална програма за јодирање на вода , нема јодирање во пекарска индустрија , никој не гарантира јодирана сол ? а пази ваму , викаат дека сме ендемско подрачје ( реони, земја сиромашни со јод ) и ШТО СЕ ПРЕВЗЕМА ? -НИШТО!! од каде Јод ? НЕМА Јод !!! ...е па нема !!! оф мори мајко , ниту знаеме за пореметување на самите тироидни хормони , појава на јазли се додека не ,,не удрат ,, симптомите ;(
и како добри пациенти ќе го испочитуваме редоследот на матичен преглед, ендокринолошки преглед , лабораториски испитување да за кратко време со тапшање на рамо дека ,, не е ништо страшно ,, ни се става етикета на Хипо & Хипер & Хашимото со пропратени ништо опасни нодуси , јазли , цисти или ,,отечена ,, штитна жлезда - струма и редовно доживотни контроли со вештачки внес на готов хормон тироксин (Еутирокс) ?
и? толку ? тоа е тоа?
СТОП :tmi:
и онака тоа не ни бега , да се потрудиме сами себе да си помогнеме , оти никој не не сака повеќе добро отколку самите себе , па да идеме постапно алка по алка да видиме каде ни е ,,скината ,, и да ја ,,залепиме,,
...
ТСХ како
Тироиден
Стимулирачки
Хормон од хипофиза праќа сигнали до штитна жлезда да произведува Т4 (тироксин) хормон - како
прва алка
Штитна жлезда ако е све како треба (што секогаш велам да има ЈОД од храна ) се случува спојување на 4 атоми Јод со аминокиселина тирозин -
втора алка
За да се спојат аминокиселината тирозин + 4 атоми Јод треба присуство на два ензима на тироидна жлезда
TPO (tioridna peroksidaza) и
TG (tiroglobulin)-
трета алка
Следи процес на дејодинизација и создавање на Т3 кој во својот состав има аминокиселина тирозин и 3 атома и тоа во јетра како една од важни услови да биде здрава јетра ( треба лабораториски доказ на јетрени ензими ALT и AST ) за да се одвива овој процес на конверзација на Т4 во Т3 -
четврта алка
Овие два хормона Т4 и Т3 имаат свој слободен облик како fT4 i fT3 и те како важни за функционирање на самата штитна жлезда зашто не може цел Т4 и Т3 да биде во слободен облик останатото е сврзан за еден протеин во серум т.е.глобулин (
TBG) и тоа се пренесува во нашиот крвоток и автоматски ако имаме лабораториски доказ за покачен TBG имаме намален слободен Т3 , причина на покачен
TBG се јавува при продолжен стрес , оштетена јетра, зголемена количина на естроген ( ете причина ЗОШТО кај жената триоидната жлезда работа повеќе отколку кај мажите ) , намалена количина на тестостерон и автоимуни болести -
пета алка
Доколку имаме продолжен стрес не го контролираме и остраниме ( оти стрес секој жив човек ако е психички нормален мора да го има при Х ситуции , но не да ни се задржи подолг период ) , доаѓа до лачење на
кортизол (стресен хормон) чија зголемена количина делува во процесот на претворување на fT3 во
rT3 што преставува обратен Т3 кој ни прави беља оти се закачува на тие рецептори каде треба да се закачи fT3 да би активирал процесите -
шеста алка
Следно е да се испитат следниве лабораториски тирео параметри (да се најде вистинската ,,скината алка,, не е доволно само испитување на Т4 и Т3 и TSH)туку ќе направиме по ред список на сите алки (fingers) :
TSH- тироиден стимулативен хормон
Т3 и Т4 - хормони на штитна жлезда
fT3 i fT4- слободен облик на хормоните на штитната жлезда
TBG - тироксин врзачки глобулин
AntiTPO и
antiTG - антитела која делува против ензимите во штитна жлезда
ALT и
AST - јетрени ензими
kortizol - хормон кој при продолжен стрес може да е многу над нормална вредност
rT3- кај нас нема таков тест за испитување ( барем така ми кажаа) но може да испитаме со мерење на орална (уста) температура рано на сабајле и покачено ќе биде ако утринската температура е под 36,3 C а до пладне дојде испод 37, 0 C
:emo: Сега е само да си ја најдеме скината алка ( секој за себе индивидуално ) која е вашата ?
* се извинувам за долгиот коментар и завземен простор со едно пишување , ама мислам дека мораше во еден здив ова да се напише...