Штипска пастрмајлијада 2012 од 28 до 30 Септември

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Имате си тема каде да пишувате за вкусовите и да гласате која е поубава. Ова тема е за оние кои сакаат повеќе да се информираат околу настанот. :)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Добро ај кажете ми мене што е права пастрмајлија пошто јас само еднаш имам јадено и тоа во дојран лани. Беше нешто како елипсасто тесто од пица, одозгора нафрлано со големи сецкани парчиња пилешко бело или свинско кртина, и прелиено со јајца. Толку ништо повеќе немаше на неа, и нормално беше топла и многу вкусна. Тоа ли е пастрмајлија права или јас сум јадел нешто друго?
 
M

MrzaRules

Гостин
Зошто пастрмајлијата во Штип ви ја носат за 40 минути? Затоа што ја носат од Велес! :rolleyes:
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.669
Пита без јајце и без пастрма е исто ко да јадеш ќофтиња со леб, немате право да ја нарекувате ПАСТРМАЈЛИЈА, апаши на историјата на името на велешката пита! :pos:
 

Hellscream no.1

Hellscream-pRo~~cs-1.6
Член од
25 мај 2009
Мислења
7
Поени од реакции
1
Да Довичински изгледа ќе доаѓа се шират гласини и овде....
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Може и да идам. :) Никад не сум пробал штипска пастрмајлија.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.818
Поени од реакции
30.704
Велешка пастрмајлија...некако не ми оди тоа.
Се знае бе брат, Охридска пастрмка, Скопско пиво, Штипска пастрмајлија, Кочански ориз, Тетовски грав итн...
Велешка пастрмајлија е како Словенски ајвар :tapp:
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.669
Велешка пастрмајлија...некако не ми оди тоа.
Се знае бе брат, Охридска пастрмка, Скопско пиво, Штипска пастрмајлија, Кочански ориз, Тетовски грав итн...
Велешка пастрмајлија е како Словенски ајвар :tapp:
Cool story bro ;)
 
Член од
10 септември 2011
Мислења
133
Поени од реакции
73
Човече го отупевте докажувајќи која е вистинската, кој сака нека повеле Пастрамајлијада 2012 Штип, кој не нека иде има и Питијада во Велес(барем лани имаше), и зошто пастрама нема, епа порано кога немало фрижидери го сушеле максимално месото со сол и претежно овчешко, е сеа на некое паметно Штипјанче му текнало заеби ова нема подбро од свинско месо и ја направило комбинацијата и сеа другите љубоморни почнале да стават 300други работи само колку да не биде исто:D.
Сепак станува збор за вкус и кој сака нека јаде, ама за дегустација на пастрамајлија , бујрум во Штип и обавезно црвено винце.
:cool:
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Бајага!!! :vozbud:

Толку време го држеа line up-от во тајност, што мислев дека на крај змејови ќе донесат. Ама не, за прв пат и ексклузивно, Бајага!!! Нека ече Moji su drugovi под Исарот, нека грми гласот на Момчило, придружуван од гласниот жубор на Отиња!

Инаку, лани атмосферата беше добра, оваа година плоштадот ми изгледа малку тесен за планираните 26 штанда, ама ај ќе видиме. За изведувачите горе се изјаснив, цената си е таман, повеќето луѓе ќе се најадат за 100-че, а оние кои нема ќе можат да пробат пастрмајлии од повеќе угостители. Јас би ви ги препорачал оние од Цуна и (нормално) Нецко.

И уште некој нека напише 'Пастрмајлија, а нема пастрма' за да можеме конечно да ја разгатнеме дилемата околу најубавата пастрмајлија evah!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да дојдеше Цеца и Велешаните ќе беа присутни. :icon_lol:
Секако со воз ќе идеа натаму :icon_lol:
Патем настанов е веројатно украден од Велешката историја. Паметам како дете имаше настани во Розе сала Велес за најдобра пастрмајлија и гледам после неколку години штипјани настан си организираат.
Бетер од Словенците сте значи. А и пастрмајлијата (се разбира по стоти пат да напоменам имево без пастрма од кај и е) ви е очајна. Јас како голем љубител на пастрмајлија никогаш не би дала пари за вашата.
И на темава ги кривите велешани, а нема пост без провокација.
За многу години да ви е настанот :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom