Шпекулации

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Имаше некоја шпекулација во весник дека Реал тргал по Кака. Нуди 90 милиони. (жалам што немам линк, ова го читав во Вест)
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
164
Имаше некоја шпекулација во весник дека Реал тргал по Кака. Нуди 90 милиони. (жалам што немам линк, ова го читав во Вест)
Мене баш вчера ми кажуваше еден другар. Цел интернет го пребарав не најдов ништо.
 
Член од
2 април 2007
Мислења
2.875
Поени од реакции
4
ФУДБАЛСКИ ВЕСТИ

Де Микеле суспендиран три месеци поради обложување
Давид де Микеле напаѓачот кој неодамна од Удинезе прејде во Торино е казнет од Италијанската фудбалска федерација со забрана од три месеци играње фудбал поради обложување, директно или преку трети лица, на резултатите на натпреварите во организација на Сојузот.

Овој 31 годишен фудбалер минатата сезона постигна десет гола, а во кариерата има шест настапи за италијанската репрезентација. Покрај суспензијата Де Микеле заработи и парична казна од 20.000 евра. Тој е во групата заедно со Жељко Калач и Марек Јанкуловски, кои се осомничени дека во периодот од 1998 до 2005 година вложиле дури 10,5 милиони евра во обложување на натпревари од италијанскиот шампионат, а особено паѓа в очи вложувањето на Де Микеле од 100.000 евра на ремито меѓу Реџина и Болоња, додека играше за Реџина.
Италијанските фудбалери од 2005 година имаат забрана за обложување на било кој натпревар во светот, но најголем број од нив не се држат до овој закон.

За Кака, Реал ги дава Касано, Баптиста и 55 милиони евра



Шпанскиот првак Реал Мадрид не се откажува од намерата да го доведе Кака од Милан. Пред некој ден „кралевите“ излегоа со неверојатна понуда од 90 милиони евра, за сега истата да ја променат. Имено, Реал ги дава своите напаѓачи Касано и Баптиста и плус 55 милиони евра само Бразилецот да го облече белиот дрес.

Според „Марка“ спортскиот директор на Реал М., Предраг Мијатовиќ и потпретседателот на Милан, Адријано Галијани се сретнале во неделата во италијанското одморалиште Форте деи Марми, кога Мијатовиќ ја ставил и оваа понуда на маса.

Рома го пронајде новиот Тоти



Челниците на италијанскиот прволигаш Рома објавија дека наскоро ќе го ангажираат фудбалерот од средниот ред, Стефано Џакомели, и најавија дека овој 16 годишник ќе биде во иднина достојна замена за Франческо Тоти. Менаџерите на Рома често времето го минуваа во Фолињо, малото градче во централна Италија и со челниците на локалниот клуб разговараа за трансферот на суперталентираниот Џакомели.

Суперталентот Аду се договори со Бенфика



Еден од најискусните млади фудбалери во светот, Американецот Фреди Аду, наредната сезона најверојатно ќе игра за Бенфика. Наводно, Португалците се договориле со неговиот клуб Солт Лејк Сити на 1,5 милиони евра отштета. Инаку 18 годишниот Аду беше најпознатиот фудбалер во САД пред доаѓањето на Дејвид Бекам. Тој дебитираше во американската лига со само 13 години, а стана ѕвезда една година подоцна, кога благодарејќи на него ДЦ јунајтед стана шампион. За Аду заинтересиран беше и Манчестер јунајтед.

Деко повторно сака да игра под палката на Мурињо



Ѕвездата на Барселона, Деко изјави дека со задоволство би играл повторно за Жозе Мурињо. Неговата иднина на „Ноу Камп“ е крајно неизвесна по доаѓањето на Анри, па Бразилецот е врзан со трансфер во Челзи или Њукасл. „Идејата да работам повторно со Мурињо е возможна. Со него соработував и во Порто. Сега сум играч на Барселона и мислам само на тоа. Ако решат да ме продадат нема да се лутам“, посочи Деко.

Тренерот на Ирак ја напушти клупата



Тренерот на Ирак, Бразилецот Жорван Виеира ја напушти селекторската клупа по освојувањето на Азискиот куп. Тој е цел на Австралија и на Јужна Кореја. „Разговарав со претставници на Австралија и на Јужна Кореја кои ме известија дека сум добредојден во нивните репрезентации. Уште е рано за такво решение. Сега ми е потребен добар одмор“, изјави Виеира.
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
164
Реал и Челзи се договорија за Робен (22м фунти)
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
164
Љинк ако може:vozbud:
Имаш на гол.ком, еуроспорт.ком, трибалфудбал.ком

од таму ги вадам информациите.

едит: Емерсон во Интер, Сисињо во Рома

повеќе

Анчелоти: Нема шанси Кака да замине во Реал

повеќе
 

Kajgana Shop

На врв Bottom