Шпанија е на ред...

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Изгледа “еврозоната’’ почнува да се спрема за банкротот на Шпанија.

Ван Ромпуј само што изјави дека 750 милијарди не биле доволни.

А завчера истово животно порача ситуацијата налагала да се створи заедничка влада за земјите во еврозоната.

Со или без влада на ЕУропсите мешетари, FT Deutschland пишува на насловната страна: "Тhe EU is getting ready for a Spanish bankruptcy".

According to information obtained by the newspaper, eurozone member states are calculating the cost of emergency aid to Spain if problems in the country's banking sector escalate. European Council President Herman Van Rompuy has also fuelled speculation that the cost of eurozone bailouts may rise further, saying yesterday that one could "of course imagine it exceeding the €750 billion" already outlined. City AM notes that business confidence continues to be hit by eurozone fears.

FTD Handelsblatt Telegraph 2 CityAM FT
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Најпаметно е Германија да ја откачи еврозоната и да си ја врати марката и заедно со Русија, која ќе ја користи за работна сила и ресурси, да завладее со Европа.
Германија многу има погрешено со Еврото и нејзината замисла за доминација на Европа на тој начин.
Нека се стабилизира откачувајќи ги јужните бунари.
После, со тек на време, ќе ја молат да ги прими во својата сфера на интерeси.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Шпанија призна дека нејзиното економско опоравување се одвива забавено


Економското заздравување на Шпанија во текот на 2010 година се одвива забавено и зголемување на вработеност може да се очекува дури во текот на следната година, изјави шпанскиот министер за економија Елена Салгадо во интервју за весникот „Паис“.
„Откако ќе завршиме со финансиското преструктуирање и ќе ја одобриме реформата на пазарот на трудот, ќе бидат создадени услови за изградба на растечки потенцијал, кој е голем во Шпанија“, потенцира Салгадо.
Таа најави дека во текот на оваа недела Владата ќе ги промовира мерките за реформи на пазарот на трудот, чија примарна цел е намалување на невработеноста чија стапка се искачи над 20 проценти.
Меѓународниот монетарен фонд побара од Шпанија „итно“ да изврши реформи на пазарот на трудот, како еден од главните услови за економско опоравување.
Во првиот квартал од годинава Шпанија оствари економски раст од само 0,1 отсто споредено со претходното тримесечје, со што се стави крај едногодишната рецесија.
Шпанската Влада прогнозира во текот на 2010 година Шпанија да оствари економски раст од минус 0,3 проценти, додека во 2011 година тој да достигне 1,3 отсто.
Експертите проценуваат дека Шпанија е следната држава која може да биде погодена од криза слична на онаа со која во моментов се соочува Грција.

Извор А1
 

Kajgana Shop

На врв Bottom