Многу е нелогично некој да се роди како атеист.
Умот на новородено дете е tabula rasa. Воопшто нема спознание за природата на реалноста и во текот на созревањето истражува на темата. Ако има среќа да е плод на затуцана средина, осудено е на ментален затвор кој нема никогаш да го надмине и да стане атеист, односно човек што е способен да размислува и расудува.
Според мене, атеист созрева. Атеист е човек со доволно развиен интелект да ја осознае празноста на фантастично-фантазерските фолклорни толкувања на природните феномени и меѓучовечки односи и вештачки наметната хиерархија.[DOUBLEPOST=1548865284][/DOUBLEPOST]Инаку целава концепција на прашањево што е наслов на темава, е многу глупава.
"Нешто да ме натера?"
Кога станува збор за "терање", тоа е религиска метода која се применува во комуникацијата. Притоа, луѓето кои изградиле став, кој е отпорен на лесните конструкции и тралалајки на кои се базираат 99,99% од религиските учења, се третирани како луди, чудни, несреќни и слични небулози, што не може да биде подалеку од реалната ситуација.