^^ Има шанси да изгуби помалку од 3 гола.
Јасно е дека Партизан е фаворит, минатата година играше во ЛШ и 4 пати по ред е шампион на Србија. Напаравија доста промени во тимот и некак нормални ми се коментарите од типот дека се послаби од лани и дека не се добро уиграни. Двајцата централни дефанзивци си заминаа (Савиќ - Манчестер Сити, Крстајиќ - спортски директор во клубот). Како замена за Крстајиќ е доведен Иванов, а како втор централен дефанизев е Станковиќ кој баш и не е бил во старните 11, ама кога веќе нема друг за таа позиција тој ќе е решенито за вечерва.
Миљковиќ е повреден и десно во одбраната ќе игра Ранковиќ кој 10 години играше во Холандија, а на другата страна стандардно е нашиот Лазевски кој таа година доби конкуренција за таа позиција - Волков од Шериф, колку е добар не знам пошто слабо ги пратев подготовите на Партизан и не знам колку добро се покажал.
Средината ќе се игра со таа „diamond“ формација. На крилните позиции ќе се Бабовиќ и Илиќ кои не им е таа позицијата, ама и прошлата година играа како крила и покажаа креативна игра и асистенции, а како офанизвен централен играч ќе е Вукиќ кој не е баш во добра форма и е бавен. Во напад ќе биде Едуаро и шанса во првите 11 ќе добие Шчеповиќ.
Победа на Партизан ќе има сигурно, само не се знае со колку гола разлика.