Следен претседател на СДСМ?
Хм, гледајте кој е марионетка на Бранко Црвенковски. Сигурно ќе биде некој од потесниот круг на Шеќеринска. Токму горе наведените.
Игор Ивановски - не знае политички да се постави, нема доволно политичко искуство да води партија, ниту пак доволно знаење.
Зоран Заев - совршен за марионетка на Бранко, сепак водењето партија ќе му биде преголем залак.
Јани Макрадули - Останува единствен логичен избор. Сепак, нема план/програма/тим кој ќе го извади СДСМ од калта во која што е.
Останува само тој како логичен наследник на Шеќеринска. Не знам точно какви му се односните со Бранко Црвенковски, сепак Макрадули се јави во времето на Шеќеринска (т.е за време на Бучковски) и нејзната „фракција“ (про-Црвенковска) во СДСМ , а со тоа би значело дека е следниот претседател на СДСМ.
Зошто вака мислам?
Бидејки СДСМ прилично пропадна како партија откако за претседател ставија човек (Бучко) кој се противеше на Црвенковски. Со тоа се гледа дека Бранко ги држи конците на партијата, а и не гледам зошто да не, опасно копиле е Бане!