Шах

Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Јас сум регистриран на chesscube. Кој ти е ник? Јас сум adflicto(1650)
На chesscube играм ретко, никот ми е stipsburg нормално :D, па може да изиграме некоја партија кога ќе имаме време.
--- надополнето: 9 февруари 2013 во 17:42 ---
Инаку, од 9 до 16 март оваа година ќе се одржи најсилниот шаховски турнир во Македонија, Опен Карпош 2013. Оваа година ќе биде најсилен турнир до сега. До сега се пријавени 18 велемајстори од со рејтинг над 2600 ЕЛО од кои двајца со над 2700 ЕЛО.
Најдобро рангирани до сега се ВМ Иван Чепаринов од Бугарија (2709) и ВМ Ференц Беркеш од Унгарија (2702).
Од македонските шахисти најдобро рангирани се ИМ Филип Панчевски (2523), ВМ Трајко Недев (2505) и ВМ Влатко Богдановски (2444).
Турнирот ќе го отвори поранешниот светски шампион Анатолиј Карпов, една од живите легенди на оваа игра и еден од најдобрите шахисти на сите времиња. Секој кој го сака шахот не треба да пропушти прилика да го види Карпов :)

http://www.chess.com.mk/raspisi/620-open-karpos-2013-raspis
http://www.gambit.com.mk/en/Home/RenderNewsArticle/42?catID=1
http://www.chess-results.com/tnr89512.aspx?lan=1
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
46
Поени од реакции
22

Дефинитивно идам! Нема шанси ова да го пропуштам, ако играм на симултанката ќе се потрудам реми барем да извадам :D
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Се надевам ќе дојде денот кога вакви великани на шахот ќе играат пак во Македонија, како во 1972.
Михаил Таљ, најдобриот напаѓач што шахот некогаш видел, една негова минијатура против еден од најдобрите шахисти кои никогаш не успеале да станат светски шампиони.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Во понеделникот заврши турнирот на кандидатите во Лондон, за тоа кој ќе му се спротивстави на светскиот шампион Ананд во мечот за титулата. Овој турнир беше можеби најдобриот во последните 15, 20 години. Со многу одлучувачки партии, со неизвесност до последните моменти. Турнирот го освои Магнус Карлсен со исто бодови како и поранешниот шампион Владимир Крамник, но имаше повеќе победи од него. Во игра долго време беше и Левон Арониан но во последните кола претрпе порази и заостана зад водечките.
Во најинтересното последно коло, на Крамник му требаше победа и да го чека исходот од партијата Карлсен - Свидлер. Сепак во извонредни партии се случи и двајцата да загубат. Карлсен загуби од Свидлер и чекаше што ќе се случи на другата партија, каде Василиј Иванчук го победи Крамник. Интересно е што Иванчук по слабиот старт, на крајот ги (така да се изразам) ги растури прво Карлсен за да го направи турнирот понеизвесен, а потоа и Крамник за да му овозможи на Карлсен да стане новиот предивикувач на светскиот шампион Вишванатан Ананд.
Еве ја комплетната табела и видео од анализата на двете решавачки партии од последното коло

Член од
19 ноември 2012
Мислења
96
Поени од реакции
3
Дали има интерес за купување шаховски книги? Играв шах порано и имам доста добра колекција на книги кои не ми користат. Совет како да ги продадам?

Ако има интерес ке споделам некои од насловите.
 
D

Daedalus

Гостин
Ако има заинтересирани, можеме да направиме мини кајгана шаховско турнирче (во живо или на интернет). Кој сака, нека пише.
 
D

Daedalus

Гостин
Може и неделава да се организираме, само да се појават барем уште 4,5 заинтересирани и ќе напраиме нешто. Иам ја дома едно шахче, ако има уште некој од вас нека донесе па можеме во парк или можеме во некој шаховски клуб да најмиме маси и саати.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Може и неделава да се организираме, само да се појават барем уште 4,5 заинтересирани и ќе напраиме нешто. Иам ја дома едно шахче, ако има уште некој од вас нека донесе па можеме во парк или можеме во некој шаховски клуб да најмиме маси и саати.
еве и јас сум заинтересиран, само што не знам дали ќе имам време, а и не играм сериозно :D. Кажете термин и каде, па ако можам да дојдам ќе ви потврдам овде.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
30
Поени од реакции
5
Може неделава, еве и јас ќе донесам шахче (се мали шахови имаме :)) и во некој парк ќе им крадеме место на пензионериве

P.S ако фалат луѓе можам да викнам 1-2, да видам само кој е тука овој период
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Во моментов во Тромсо, Норвешка, се игра светскиот куп во шах. Денес заврши второто коло, се игра по систем на елиминации. Се игра на секои две години.
http://www.chessworldcup2013.com/
Титулата ја брани ВМ Петер Свидлер (моментален ЕЛО 2749) од Русија
 
Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Здраво, ме интересира каде можам да најдам продавница за шах во Скопје, или книги за шах?
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Здраво, ме интересира каде можам да најдам продавница за шах во Скопје, или книги за шах?
Продавница за шах малку тешко, а книги за шах можеш да најдеш кај тие уличните продавачи или кај таа антикварницата што е веднаш до кеј. (порано се викаше пир-в или така нешто, сега не знам дали го има истото име)
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Имам еден стар сочуван шах за продавање резбан во Затворот Идризово праен
 
Kajgana Shop

На врв Bottom