Шарена куртонијада

Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Што треба да биди ова, што се планира?
На местото на паркингот пред Холидеј ин ќе никне чудовиште...



Бетонски чудовишта ќе се градат на 83.000 квадрати спроти „Холидеј Ин“

Без јавна дебата и спротивно на основните урбанистички правила за пристоен живот во Општина Центар тече постапката за изградба на висококатници на парцелата спроти „Холидеј Ин“. Направена е пресметка за износот на комуналии што фирмата-инвеститор „Обновители“ на бизнисменот Зоран Антиќ и МПЦ-ОА треба да им го плати на Општина Центар и на Град Скопје. Станува збор за околу 150 милиони денари (2,4 милиони евра). Од вкупната сума, 60 отсто или околу 1,4 милиони евра ќе легнат на сметката на Град Скопје, а останатите 40 отсто (1 милион евра) ќе завршат во касата на Центар.

Градежната дозвола последен чекор
Од Општината велат дека договорот сè уште не е потпишан, но извесно е дека тоа ќе се случи откако ќе биде поднесена потребната документација.

„По уплатата на комуналиите, неопходно е да се обезбеди цела, потполна документација потребна за аплицирање, па дури потоа да се бара одобрение за градење. Од предвидените 200.000 квадратни метри кои ги предвидува ДУП-от донесен во 2012-та година, а стапи на сила откако Уставен суд одлучи да го укине „мораториумот“, според поднесениот идеен проект, се планира искористеност од 83.000 квадратни метри. За тоа што точно ќе се гради, зависи од планираниот проект на сопственикот“, велат од општина Центар.

Оттаму не сакаат да прецизираат за колку и за какви објекти станува збор иако добиле идеен проект за оваа локација.

Од Град Скопје потврдуваат дека ја направиле пресметката, бидејќи инвеститорот ги имал документите и морале да го почитуваат Законот, но оттаму укажуваат дека тоа не значи дека Општината е обврзана да издаде дозвола за градба.

„Град Скопје направи пресметка, следејќи ги обврските од управната постапка и Законот за градба“, велат од Градот.

Станбено деловни објекти високи над 80 метри
Според неофицијалните информации, предвидено е проектот да се реализира во три фази. Во првата фаза предвидена е изградба на станбен објект со 20 ката и височина од 80 метри, на парцелата на МПЦ. Во втората фаза се предвидува изградба на станбено-деловен објект со 22 ката и височина од 15 и 88 метри. Во третата фаза се предвидува изградба на трговски центар од затворен тип со височина од 15 метри и деловна зграда - кула со 16 ката и височина од 76,5 метри.

Планот за оваа локација не предвидува зелен простор од 20 отсто во парцела согласно Законот за урбано зеленило, а несоодветно е решено и движењето на пешаците. Не се знае како ќе се обезбеди заштита на кејот на рекава Вардар односно отвореноста на реката кон просторот. Нејасно е како ќе се обезбеди движење на огромниот број возила по постојните сообраќајници.

Се отвораат и прашањата како ќе се зачува јавниот простор и зеленилото? Дали за жителите во истата градска четврт ќе може се обезбедат пристојни услови за живот? Дали комуналните и други јавни сервиси ќе можат да ги издржат новите градби?....

Паркингот ќе стане еден од најгусто населените делови од светот
По одлуката на Уставниот суд за укинување на мораториумот во Центар и очекуваната уплата на комуналиите, практично останува уште добивањето градежна дозвола, по што ќе започне изградбата на висококатници спроти хотелот „Холидеј Ин“.

На потегот кај огромниот паркинг спроти хотелот, во ДУП „Градска четврт Ц 08 – Ново Маало 2“ првично беа нацртани три 60-катници, поврзани со 20-катници.

Иако е неспорен јавен интерес, надлежните сега јавно не соопштуваат што точно ќе се гради и како треба да изгледа овој дел на градот. За оваа локација се поврзува и скандалозниот предлог од планерската куќа „Билд урбан“, кој како што пишуваше „Сакам да кажам“ предвидувал изградба на градинка под земја, што децата осум часа би ги оставил без свеж воздух, а инвеститорот би добил повеќе простор за згради и деловни објекти. Според оваа верзија, на локацијата би се граделе шест кули со висина од 25 до 30 катови.

Антикорупционерите се интересираа за продажбата
Антикорупциската комисија минатата година отвори предмет за продажбата на земјиштето спроти „Холидеј ин“. Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска соопшти дека ДКСК утврдила оти градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ пред продажбата на земјиштето издал извод од ДУП во кој не назначил дека планот е под мораториум. Како што информираа од Антикорупциската комисија, планот бил издаден поради наводно решавање на имотно-правни односи, но на истиот тој извод се повикало Министерството за транспорт и врски при продажбата на земјиштето.

„Продажбата ја извршило Министерството за транспорт и врски врз основа на извод од ДУП кој не се применува, согласно одлука донесена од Општина Центар за запирање на спроведувањето“, информираа лани од Антикорупциската комисија.

Сепак, Државниот правобранител дал позитивно мислење, а од Министерството за транспорт и врски тврдеа дека нема ништо спорно во продажбата.

„Отуѓувањето е извршено според законската регулатива. Согласно членот 68 од Законот за градежно земјиште, градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија се отуѓува со непосредна спогодба за оформување градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација доколку лицето има во сопственост повеќе од 30 отсто од градежната парцела“, рекоа од Министерството за транспорти и врски.

Земјиштето спроти „Холидеј ин“ беше продадено во октомври 2018 година, по цена од 19.200 денари (312 евра) за квадратен метар. Тогаш Министерството продаде 9.048 квадрати, кои заедно со земјиште во приватна сопственост, добиено по пат на денационализација овозможија оформување на парцела од над 13.000 квадратни метри.

Префрлањето на топката меѓу институциите, одлуката на Уставниот суд и сè поизвесниот почеток на изградба на висококатниците ќе го претворат центарот на Скопје во бетонски монструм во кој условите за живот ќе станат целосно нехумани.

 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Go guškaa GTC za sega da im bapnat čudovista...neka go guskaat sega.....trgovskiot...

Прегледај го приврзокот 291430
Се нема сега време,начукани се по влада,министерства,рамковни куртони..кој уџум фати,кој на Зоки му го клати..битно гтц се одбрани,сега и северна да гори ич не е битно.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Posle 10-11 god. vladeenje na eden ist čovek, edni isti lugje, edni isti politiki i na centralno i na lokalno nivo sosema normalno e vo bilo koja država da izbije nezadovolstvo, masovni protesti mirni ili nasilni, revolucii kakvi i da se šareni, crveni, crni, beli, sini, zeleni, portokalovi... Apsolutno e notorna laga deka site učesnici i poddržuvači vo t.n. šarena revolucija bile nečii platenici, na Soros Moros CIA i.t.n. iako da sekako deka imalo i takvi, no ne site. Groto od učesnicite i poddržuvačite na t.n. ŠR bea normalni lugje domakini demokrati koi navistina sakaa da padne taa veke ionaka istrošena i izdišana vlast i da dojde nekoja nova poarna vlast. E sega toa što novata vlast ne ja biva vinata e vo premierot i vo negovite ministri, pratenici, gradonačalnici i.t.n. koi samo si prodolžija po terkot i po stapkite na prethodniot Grujov režim zgrapči si ja vlasta i na centralno i na lokalno nivo, nakrivi si kapa i vladej si raat, koj go e*ava narodecot, ama utre toj narodec ke go kazni na izbori i ZZ isto kako što go kazni na izbori i NG.
Не е баш така целосно како што кажа ама изгледа ти си еден од корисните идиоти шарени куртони , а бе чесни луѓе домаќини не воочи разликите кое спаѓе и вие значи по автоматизам сте корисни идиоти , а Груки знаеше све овое ујдурми затоа бараше 63 пратеници ама за жал имало многу корисни идиоти и помалку увезени шарени куртони

Sent from my Samsung Note 20 Ultra 5G SM-N986U using Tapatalk
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952
Поубаво ќе изгледа ако го направат неокласично. Треба да размислат уште еднаш.
Vidi ti okolu betonot da ne go zaebat soodnosot. Znam se razburas od betoni, cvrstina, elasticnost, plasticnost itn itn. Uste na vremeto uvidov deka gi razbiras rabotite. Djabe im e fasadata ako napukni betonskata osnova ;).
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Поубаво ќе изгледа ако го направат неокласично. Треба да размислат уште еднаш.
Да бе, ќе заличат како пјонгјанг (севетна кореја) и тамам исто име ќе совпаѓа северна македонија значи северќанија

Sent from my Samsung Note 20 Ultra 5G SM-N986U using Tapatalk
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.179
Црквата гради бетонска џунгла сред урбано Скопјенце овозможено од прогресивната напредна влада. :love:
Предобро е што мораат да трпат урбаните прогресивци од кога дојде Заев на власт, морам да признаам дека имам блага ерекција од самата идеја, едвај ја чекам реализацијата на овој капитален проект. Предобро е какво мочање им прави Заев на шарените прогресивци, сам да смислував немаше да ми текне вакво фасцинантно сценарио, hell with it, Тарантино, Гај Ричи, браќата Коеновци и Роберт Родригез заедно да седнеја немаше да направат вакво сценарио. Мучисимас грасијаз до господинот Заев за ова.

П.С Распеани Скопјани ќе излезат ли со нова песничка по овој повод или одлетаа на југ?
 
Последно уредено:

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.975
Вака гледајќи ги сенката до плоштад ќе им биде.
А намената која ќе им биде со оглед на тоа дека како инвеститор се јавува МПЦ?:popce:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.009
Црквата гради бетонска џунгла сред урбано Скопјенце овозможено од прогресивната напредна влада. :love:
Предобро е што мораат да трпат урбаните прогресивци од кога дојде Заев на власт, морам да признаам дека имам блага ерекција од самата идеја, едвај ја чекам реализацијата на овој капитален проект. Предобро е какво мочање им прави Заев на шарените прогресивци, сам да смислував немаше да ми текне вакво фасцинантно сценарио, hell with it, Тарантино, Гај Ричи, браќата Коеновци и Роберт Родригез заедно да седнеја немаше да направат вакво сценарио. Мучисимас грасијаз до господинот Заев за ова.

П.С Распејани Скопјани ќе излезат ли со нова песничка по овој повод или одлетаа на југ?
Тоа да... Само кога би имале образ...
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
1.741
Гледајте малку позитивно, пошто МПЦ е замешана барем нема муслимани да купуваат станови таму.;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom