Чудо во црквата Свети Димитрија- фреските „крвават“ и сами се чистат

  • Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Ние муслиманите не ја докажуваме својата вера со вакви "чуда". Лепче од тост, расипано јајце, гнил орев, уште погнили коски и тако даље е made in pravoslavie.:icon_lol:
aj da ne baram po net da se smee narodov na vasite gluposti

Location: China. Picture sent by Sameh.




Another Picture of a tree forming Allah's name from TAMARASHERY(CALICUT, KERALA, INDIA) dated 16-4-2008




Alah name na ova ona na stala, na raka , Prijatelive tvoi od islamskiov sajt bile inovativni sekade go gledaat Alah
http://www.islamcan.com/miracles/index.shtml :D i na jajca od Bivol :pos:
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.678
Поени од реакции
14.559
Се работи за природна појава, кондензација на влага од воздухот.
Треба да се знае дека Црквата Свети Димитрија речиси да нема посетители од кога ЈП постави зонско. Сега пред нејзината порта има ограда од градилиште , па и пешки е тешко да се дојде.
Ноќно време, ѕидовите на Црквата се ладат. Наутро, кога ќе се отворат Вратите на Црквата во неа ќе влезе свеж воздух со поголема влажност ( за пролетно време е карактерисична голема промена на влажноста на воздухот ). Бидејќи ѕидовите се ладни ( објаснив зошто Црквата е многу слабо посетена ), влагата од воздухот се кондензира на ѕидовите и при тоа ја чисти прашината и нечистотијата која е наталожена по фреските.
A како тоа од илјадници цркви во Македонија, САМО во оваа се случува тоа? И како тоа толку години до сега, на истото место ова не се случувало? Мислам дека не си во право и сакаш од логички аспект да ги разјасниш работите, ама не ти иде
 
V

Vollstandig

Гостин
Лесна финта, за лесни мозоци. Без разлика која религија се работи, смешно е навистина кога гледаме во облаци и замислуваме одредени фигури, се е до перцепцијата на човекот.
Фреските што поцрвениле, се нацртани на камен. На тие камени ѕидови, се собира со тек на време влага, која претворајќи се во капки вода, раствора одредени минерали од каменот па ја добива црвената боја.“Чистењето“ на иконите, е фактички поново течење на вода, која ги отстранува флеките на иконите.
 
Член од
10 април 2010
Мислења
385
Поени од реакции
121
Секој има право како сака да си го толкува ова. Можам да сфатам некој да не се согласува со тоа како верниците го толкуваат па да се напише релевантен пост како тоа „верниците“ на науката го толкуваат. Ама искрено не очекувам плукање од атеистите или во друга форма „верниците“ на науката. Затоа што колку што можам да приметам сите постови на вакви теми се сведуваат на тоа.

Да, некој сака да верува во чуда.
Да, некој сака да го објаснува тоа како би можело да се случи од научна гледна точка, затоа што секогаш е подобро да се дроби како нешто настанало отколку да се троши таа наука за создавање на нови работи, така? Или не беше така бе... Не знам, се измешав малку, само малку.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
A како тоа од илјадници цркви во Македонија, САМО во оваа се случува тоа? И како тоа толку години до сега, на истото место ова не се случувало? Мислам дека не си во право и сакаш од логички аспект да ги разјасниш работите, ама не ти иде
Само во оваа црква, за жал, речиси да не влегуваат луѓе.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Сега ги слушам на Канал 5 се јавуваат народ баш за оваа тема , и гледам колку прост народ шета во државата ..

Прво , темата отиде кон наука против религија ..

Еден вика науката нека ми објасни како од едно семка заседена во земја може да изникне друга ( WTF ?!? ) , втор вика ја не верувам дека сум настанат од мајмун ( да повероватно е дека си од кал ) итн .. Се јави една жена и рече дека не верува во овоа чудо сите ја нападнаа после тоа ..
Маабетот одма отиде у насока , ова е доказ дека постои Бог и сите да вуруваат само во овој Бог ( христијанскиот ) а истиот лик сам рече дека вакви чуда се случувале секој ден кај будистите , кај Исламот итн ... Друг се јавува и вика : Ова е доказ дека Бог ни вели „Со вас сум , не ме заборавајте , ме затворивте ( мислеше на црвката шо е заградена ) итн. Па кој курац со крварење на икони ќе ти се јавува бре ?! Шо не се отворе небото и не каже јасно и гласно , тука сум одите молете се у црквата ...

И за крај , голема бука се дигна за ова , а никој нишо не презборе коа поповите продаваа лопати за 4.000 евра , шо возат мерцедеси итн ..
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.225
Поени од реакции
7.312
ајде научници, зошто науката не измисли некој апарат шо дава сендвичи на сиромсите во африка и азија? немало да верувате се дур богатите не даваат на сиромасите? даваат, најголем дел, поточно оние кои се навистина верници. тргнете од самите вие, не сте милионери ама пак не давате скршен денар за сиромасите а чекате некој друг да дава..
 
Член од
8 април 2012
Мислења
10
Поени од реакции
4
Апсурдно е да коментирате злонамерно .. Со поскапувањето на јајцата и со "Измамници" ! Ова е господово дело , како иди се повеќе неверници имаме во државава . Вчерашниот ден не беше обичен !
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Река од граѓани во Свети Димитрија – веруваат дека со божја сила се „чистат“ фреските и иконите

По објавувањето на веста за чудната појава во црквата Свети Димитрија во Скопје во вчерашните вести на Канал 5, голем број граѓани синоќа гледаа во чудото божјо. Фреските и натаму сами се чистат, ореолите блескаат, а на уште повеќе фрескоживописи се појавува црвена боја, онаму каде што никогаш ја немало.​


И граѓаните кои редовно ја посетуваат црквата и знаат каква била до вчера, не можат да се изначудат на ваквата појава. Ѕидовите иако на допир се суви изгледаат како да се свежо обоени. Истите икони и фрески што ги сними камерата на Канал 5 попладнето станаа почисти и поблескави.

Чудото први го забележаа чудото свештениците и верниците кои на неделната литургија дојдоа да ги празнуваат Цветници - христовото влегување во Ерусалим. Наместо до 19 часот до кога вообичаено е отворена, црковните врати цела ноќ беа отворени за сите кои го сакаа да го видат ова чудо.

„Возбуден сум, не можев да дочекам да се раздени за да дојдам откако слушнав за ова. Ова е божја сила, бог е со нас, бог не гледа, бог не држи, бог ни помага. Ова е чудо божјо“, вели еден верник.

„Нема толкување. Ова ние не можеме да го објасниме“, смета друга верничка.​


„Можеби е онеправден Свети Димитрија затоа што навистина ретко е посетуван во последните години“, коментира жена која исто така утрово го посети храмот.

„Како свештеник сум многу среќен што лично доживеав ова божјо чудо да го видам во црквата. На вчерашната утринска литургија по повод празникот Цветници почна нешто чудно да се случува во црквата, самите икони низ целата црква почнаа да се осветлуваат, особено на ореолите каде кај златните линии почнаа да се покажуваат и црвени линии од кои потоа се чистеа иконите. Тој процес се уште трае“, вели отец Драги Трпески од црквата Свети Димитрија.

„Моето лично мислење е дека вакво чудо му е потребно на нашиот народ, на христијаните, на православниот христијански род, затоа што народот во денешно време, во оваа економска криза, во борбата за опстанок ги заборава црквите. Морам да нагласам дека оваа црква во последните години е опседната со рампи, заградена е од сите страни. Верувам дека ова што се случува е затоа што Свети Димитрија бара народот да се врати затоа што од сите страни сме затворени“, додава отец Трпески.​
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
ајде научници, зошто науката не измисли некој апарат шо дава сендвичи на сиромсите во африка и азија? немало да верувате се дур богатите не даваат на сиромасите? даваат, најголем дел, поточно оние кои се навистина верници. тргнете од самите вие, не сте милионери ама пак не давате скршен денар за сиромасите а чекате некој друг да дава..
Се надевам дека се зезаш... Сиромаштијата е глобален проблем кој е контролиран од определена маса на луѓе која нема интерес да го реши тоа. А и бројноста на луѓе на планетава веќе го постигнув лимитот за да може да биде издржана со потребните ресурси. Она што се бара, каде е Господ во оваа работа? Дали е од страната на таа мала група луѓе и ги штити нивните интереси? Или пак сите сме на неговиот тест на издржливост? Ако постои, тогаш тој е одговорен за сиромаштијта, за болестите, војните. Како викаат, децата се огледало на родителите... а нели, Бог е татко на сите. Ако ние сме лоши, лоши сме поради него. Дополнително, околу апаратот за сендвичи што го спомна... Мора да постои ресурс кој ќе минува низ апаратот и ќе произведува сендвичи на излез. Не може од ветар и магла лебче да искочи.

Онтопик, дефинитивно ми се допаѓа тоа што конечно се одлучија да ги освежат фреските во нашите манастири и цркви. Тие се наше културно наследсто и како објекти со историско значење треба да се сочуваат :)
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Лоши се овие времиња кога Атеизмот ако може така да се нарече е во "мода" секој втор да глуми лудило дека не верува во Бог и сл.
Само то ќе речам,изгледа се осеќате силно кога ќе зборувате против црквата,религијата,Бог или сл.
 

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Dobro ne velam deka nemoze da se slucuvat cuda ama kaj najde bas pred praznikot ova da se slucuva i toa prvi prenesoa Kanal 5 i Sitel ;)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Dobro ne velam deka nemoze da se slucuvat cuda ama kaj najde bas pred praznikot ova da se slucuva i toa prvi prenesoa Kanal 5 i Sitel ;)
Па Алсат - М е во близина, ама не ги интересираат цркви во кој се случуваат вакви чуда, они повеќе сакаат запалени цркви. ;)
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.225
Поени од реакции
7.312
Оние што не сакаат да веруваат цел живот чекаат на чуда од Господ за да навистина поверуваат во неговата мојч, но за оние што веруваат, нив не им треба чуда, Господ е голем!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom