The monster is aliveeee.
Деновиве пак оживеа чудовиштето од Преспа. Дали снемало храна, дали рибарите со трските го почешале по грбот, па го пробудиле од зимски сон, не знам, али од некоја причина пак се појавува по 5 години од претходниот настан. Дали е оптичка варка или пак стварно Албанциве го чуваат и хранат и го спремаат за освојување на некоја земја, еве не знам. Погледнете и сами, па пресудете.
Пред неколку години и BBC испратија своја екипа што сними репортажа со жителите од другата страна на езерото и сите се со иста прича дека некои од рибарите тврдат дека виделе нешто во езерото, некакви сенки. Е сега, BBC важи за сериозен медиум, па што ако стварно има чудовиште?