Чуден/Чудна

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Чуден...за некого ние сме чудни и обратно,ваљда дека не мислиме слично,не се облекуваме слично имаме различни ставови...сепак не е тоа негативо зашто како што реков некој за некого е чуден на свој начин,јас повеќе би кажал оригинален е :helou: ми се допаѓаат луѓе кои се оригинални не како калапи сите и ги почитувам нивните размислувања без разлика нели што си мислам дека се чудни :toe:
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Ме интересира вашето мислење за изразот кој често го употребуваме: "чуден е" / ‘‘чудна е‘‘. Дали со тоа се мисли дека човекот е глупав, дали е тоа поради начинот на облекување, дали е според однесувањето, или? :toe:
Лично за мене кога некој ќе наречам така,,обично мислам на однесувањето,,на пр. ако некој не се однесува како и секогаш или пак прави нешто со што се разликува од другите,,,тогаш значи за мене е чуден/чудна..истото можам да го кажам и за начинот на облекување..Има луѓе кои си имаат свој вкус,,кој може да се разликува од обичното или воопшто да биде 'појава',,т.е. да предизвика погледи,,на пример ако е нешто упадливо и сл..па би рекла дека има чуден вкус за облекување..Малку ти е 'чудна' и темава,,затоа што прашањево е многу општо и не би знаела дали и она што го напишав е адекватно на темата...Сепак ако ти го кажале ова,,сигурно не мислеле на ништо лошо..Напротив,,и мене ми го имаат кажано понекогаш,,па дури и ми годело,, затоа што како што јас би рекла- понекогаш е убаво да бидеш различен од другите:pipi:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
За некого се вели дека е „чуден“ најверојатно ако се однесува или изгледа на начин на кој не може да се објасни или сфати на прв поглед.

Значи, често е случува да се каже: „Дај бе однесувај се нормално, што си чуден.“

Значи, оној кој не може да се објасни од прва, тој е чуден.

За девојките исто важи. :smir:
 

^Кристи^

Dreamer
Член од
1 ноември 2007
Мислења
781
Поени од реакции
41
Зборот чуден/чудна го применувам само за личности кои доволно ги познавам и кај кои сум забележала било каква промена во однесување.

Не можам да констатирам дека некој е чуден, ако воопшто не го ни познавам, а уште помалку па за начин на облекување.
 
Член од
21 јануари 2008
Мислења
2.782
Поени од реакции
33
Чудно -- неразбирлив.. :toe:
Различен од се нормално што треба да биди.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Чуден-израз за некој кој не се однесува во склоп со неговите континуирани постапки, па ми отскокнува од нормалата, дури и од рутина некогаш, можеби?
Мајка ми ми вика дека сум чудна кога нема да ја послушам,веројатно она спротивното што не очекуваме дека луѓето ќе го направат,а го прават, не тера да го користиме овој збор.
Инаку, чудно е да летаат мачки, а за нешто друго, не ми текнува:)Јадам бурек сеа, ај идам да си легнам:jaj:
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Мене дефиниција за чуден ми е тип што си живее во некој свој свет и прави работи кои не ги прават нормалните луѓе. Тука би спаѓал животен стил, друштво, начин на облекување, па дури и речник, зборови и сл... Едноставно изгубен тип, дури и погледот му е "чуден".
Ин џенерал, чудни ни се оние кои се разликуваат од нас и кој на ваков или таков начин, едноставно не можеме да ги разбереме никако и тоа е тоа....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom