Чувства преку песна

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.242
Поени од реакции
28.031
После долго време да не тролам на темава.
Вечерва навистина ме дирна со песнава. Се исто отпеа како што ми се деси со тебе.

 
Член од
22 август 2022
Мислења
743
Поени од реакции
2.132
Како што виулицава буквално ме носи по патов за дома, ме замисли, а животот? Колку повеќе сме од обичен лист на ветрот?
Ќе учиш, ќе работиш, ќе вложиш во себе си, ќе планираш, сѐ по упатството, но животот ќе ти рече ,,Е па, не може. Оваа рунда ја менувам играта."
- Ама, не сум спрем...
- Животот воопшто нема врска со твојата спремност. Никој не успеал да земе согласност од ембрион. Тоа е убавината на животот, да трчаш како да си спремен, за да видиш дека некогаш и импровизацијата може да биде твоја силна страна. Но, да трчаш, како јунакот од Јамата и клатното на Едгар Алан По, ти труди се да не паднеш, а Тој знае по кои патишта ќе трчаш.

Единствено што знам е дека 27 години бев во чекална . Целото детство, младост, првиот брак. Така ми кажа и дедо ми на сон, ,,излези, излези од оваа проклета чекална, најди си ја домата, земната, додека си жива. На некои од нас им е судено да ја бараат."

Излегов од чекалната, но и таму трчав.

Си ја спремив бовчата, учев, се трудев, преиспитував. Во сета таа виулица и хаос, не бев ни малку свесна дека хаосот е всушност подготовка за што и да е ова до кадешто сум се искачила. Моите соништа беа многу едноставни, мали, скромни...
Но, животот ме откорна од таа почва како плевел, ме посади во сосем друга ситуација, ме примора да ги сменам мечтите, да сфатам дека всушност тие мечти се полезни за мене. Дека треба да целам повисоко, оти таму кадешто кроев најубави соништа, ме нема. А ме има на повисоки скалила за коишто не се осмелував да мечтаам.

Оваа година, можеби за првпат, се чувствувам чекор поблиску до наоѓање на домата. Оти првпат, по толку време, покрај верзиите на Грл во различни улоги кои постојат единствено во дадената улога да удоволат на другите, за првпат по многу години, има Грл којашто целосно го чувствува коцкањето на лисјата од секој нејзин чекор. Грл којашто постои како индивидуа, единка чиешто присуство го чувствувам, чиишто мисли ги слушам. Грл , којашто во сите комбинации и толпи и должности, постои, како онаа којашто веќе одамна требаше добро да ја запознаам и да се помирам со истата.

Чувствувам ветрови на промена, веќе најверојатно ништо нема да биде исто, но веќе не се плашам.

Оти веќе сум сигурна дека пред овој, оној, било кој, лелесамодаетуковски или кој и да е, постои едно јас коешто е сопатник којшто никогаш нема да те изневери.

 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.250
Поени од реакции
5.877
In my shoes, just to see
What it's like, to be me
I'll be you, let's trade shoes
Just to see what it'd be like to
Feel your pain, you feel mine
Go inside each other's minds
Just to see what we find
Look at shit through each other's eyes

 
Член од
22 август 2022
Мислења
743
Поени од реакции
2.132
Сите креваат расположење во лето , ама моето лето е есен/зима. Сериите повеќе навлекуваат, а тука ми се дистопични, мистериозни со по некој духовен момент класици.
Кујната цакум пакум се исчисти и за денес свечено се затвора.
Меки пижами, слушалки да не ме стрељаат комшиите и маска за спиење спремна . Костени, чајче или греано винце и откако ќе заврши песнава едно 712 пати, ќе си ја изберам следната книга и ќао.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom