Човеколики мајмун или Адам и Ева?

Како настанале луѓето?

  • Човеколики мајмун

    Гласови: 162 66,9%
  • Адам и Ева

    Гласови: 80 33,1%

  • Вкупно гласачи
    242

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Ако под Адам и Ева се мисли на генетски модификовани љуѓе гласам за нив.
 

girl_girl

пловам на асфалт
Член од
13 јуни 2010
Мислења
913
Поени од реакции
132
аман бе смешна е таа еволуција зашто не еволуирам сега.
Бог го создал светот
Еволуираш, ама не си свесен за тоа, токму поради тоа што човекот еволуирал и физички но и психички денеска сме сведоци на многу пронајдоци и бла бла
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Не можам да сватам дека после стотици потврди на Дарвиновите теории вклучително и најмодерните генетски потврди се уште има дискусија за тоа како настанал човекот. Фино лепо светската наука има докоментирано десетици Хомини видови, има ДНК анализи шимпанзо-чоек, има здраво фундирани теории на еволуција - адаптација, природна селекција итн. Додај на ова Темното Доба на човештвото и присилата да се верува во црковни догми и "вистини" и секаква дискусија за клик-клик настанување на чоекот паѓа во вода.

Луѓе, баталете Етика на Религии, Наука за религии, и веронаука, земете антропологја и биологија и видете како е.
Просто сум запрепастен од тоа дека дури 30% гласале за Адам и Ева.
А исто така мислам дека не треба да има анкети за потврдени вистини:
Пр. Колку е 2+2? Дали е перпетум мобиле можно? Дали има гравитација? И дали адам и ева или дарвин?...

Не смееме да си поставуваме вакви прашања. Барем не во овој век.
 
С

сашенко

Гостин
Адам и Ева.Премногу е глупава теоријата дека сме настанале од мајмун.Зошто денес кога е толку напредна генетиката не направат мајмун да еволуира во човек.Верувам дека бог го создал светот и нас и тоа е единствената теорија која има логика за мене....
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Човеколик мајмун + ’’Бог’’ = Адам и Ева.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Овие што тврдат дека се настанати од Адам и Ева ептен се во право а и се познава по нив самите дека се дело на инцест.
Затоа јас ке си бидам мајмун
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Адам и Ева.Премногу е глупава теоријата дека сме настанале од мајмун.Зошто денес кога е толку напредна генетиката не направат мајмун да еволуира во човек.Верувам дека бог го создал светот и нас и тоа е единствената теорија која има логика за мене....
Не фала не сакам да сум дете настанато од инцест... Сакам мајмун да сум.
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Човеколики мајмун пологична ми е оваа теорија!
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Еве еден научен обид, кој е во прилог на потеклото на луѓето од Еден Човек:
Потрага по Адам
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Не можам да сватам дека после стотици потврди на Дарвиновите теории вклучително и најмодерните генетски потврди се уште има дискусија за тоа како настанал човекот. Фино лепо светската наука има докоментирано десетици Хомини видови, има ДНК анализи шимпанзо-чоек, има здраво фундирани теории на еволуција - адаптација, природна селекција итн. Додај на ова Темното Доба на човештвото и присилата да се верува во црковни догми и "вистини" и секаква дискусија за клик-клик настанување на чоекот паѓа во вода.

Луѓе, баталете Етика на Религии, Наука за религии, и веронаука, земете антропологја и биологија и видете како е.
Просто сум запрепастен од тоа дека дури 30% гласале за Адам и Ева.
А исто така мислам дека не треба да има анкети за потврдени вистини:
Пр. Колку е 2+2? Дали е перпетум мобиле можно? Дали има гравитација? И дали адам и ева или дарвин?...

Ок, за тоа дека постои еволуција можеби има докази, а и не ја негирам еволуцијата, но дали е докажан преодот од еден во друг вид? И дали направиле научниците вештачки живот?
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Ок, за тоа дека постои еволуција можеби има докази, а и не ја негирам еволуцијата, но дали е докажан преодот од еден во друг вид? И дали направиле научниците вештачки живот?
Преодот од еден вид во друг е очигледен од постоењето на повеќе видови. Научниците не мора да создадат живот за теоријата да е точна.
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232
Ок, за тоа дека постои еволуција можеби има докази, а и не ја негирам еволуцијата, но дали е докажан преодот од еден во друг вид? И дали направиле научниците вештачки живот?
Прво додека научниците да чекат единката да се развие па да се размножува ќе помине доста време.И второ не е сигурно дека тие карактеристики според кои единката ќе биде различна од другите ќе бидат пренесени на потомството. А и ако бидат, во најчести случаи тоа предизвикува стерилитет кај потомството.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.891
Поени од реакции
6.726
А што ако Адам и Ева биле првите човеколики мајмуни?

 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Преодот од еден вид во друг е очигледен од постоењето на повеќе видови. Научниците не мора да создадат живот за теоријата да е точна.
Епа? Од кај си толку сигурен дека животот стварно настанал од неоргански материи кога тоа никој не го докажал? А и за тие експериментите со аминокиселините и белковините, од кај сте толку сигурни дека условите на земјата биле баш такви? Тоа не може со сигурност да се каже, нели?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom