- Член од
- 20 октомври 2007
- Мислења
- 122
- Поени од реакции
- 3
Имам некои информации за принципот на кој работеле турските текстилни фабрики и тоа: кога ќе излезе нов модел од некој бренд они преку свои посредици го купуваат моделот кој истиот ден пристигнува во Турција и се носи во некоја лабораторија каде што се прави анализа на материјал, боја, конец и технологија на изработка на истите, се набавува истиот материјал и се клонира производот па така во рок од неколку дена они веќе го имаат во продажба. Лично се имам уверено во разликата помеѓу оригинал и клон не постои. Откако се зајакнаа мерките што ги превземаат државите за заштита на интелектуална сопственост истите тие фабрики со долгогодишна традиција повеќе несмеат да ги ставаат имињата на брендовите на своите производи па така почнаа да се појавуваат турски брендови со истиот квалитет како светските но со многу пониска цена од разбирливи причини. Дури некои и си имаат свои креатори па не мораат повеќе да ги крадат и моделите.