Последната книга која ја прочитав е Ребека од Дафне ди Морие и им ја препорачувам на сите љубители на психолошки трилери/мистерии. Еве неколку интересни факти:
-делото стилски не може да се класифицира поради специфичниот начин на пишување кој ги испреплетува во еднаква мера психолошкиот трилер, криминалната драма, мистеријата и анти-романсата со елементи на готика,
- поради тоа може да се разгледува од различен аспект- како психолошки трилер/ анализа на ликови, мистерија/детективска приказна или љубовна приказна (последното е веројатно дискутабилно, ребека не е љубовен роман), и во зависност од кој аспект се чита делото добива различни димензии, т.е. крајот на делото и пораката која ја носи е различна.
- Ребека, карактерот по кој романот го носи името никогаш не зема директно учество во настаните кои се опишани.