Слабо во последно време. Понекогаш купувам Bug или Vidi, ако ми е посебно интересна или потребна содржината. Инаку не, прескапи се. Порано го читав и Pcplay од Хрватска, се додека не го запустија и не го уништија можеби најдоброто списание за игри на Балканов. Сепак, редовно го читам CKM. За 50 денари тешко дека има подобро списание (колку за споредба само, и денес ми е криво за 250-те денари што ги дадов за првиот македонски Playboy).
Инаку, на мислење сум дека квалитетот на македонските списанија е за никаде. Први на овие простори се Хрватите, потоа Србите итн.