Четиринаесетчлено семејство ја загуби социјалната помош- моли за помош

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Четиринаесетчлено семејство ја загуби социјалната помош- моли за помош

Без храна и струја во руинирана соба, тоалет од кои се шират зарази семејството се моли да го преживее секој ден. Се стравува од болести и од неподносливиот глад на малите деца.

Беда и сиромаштија во домот на Тодевски ова семејство живееше со 1.400 денари социјална помош, сега и тоа им е укинато. Со солзи и во очај раскажува мајката на штотуку роденото бебе, 14-от член во овој дом.

Без храна и струја во руинирана соба, тоалет од кои се шират зарази семејството се моли да го преживее секој ден. Се стравува од болести и од неподносливиот глад на малите деца.

Семејството моли до надлежните институции и хуманите луѓе за помош, се е добредојдено во овој мизерен дом.

Зошто е укината социјалната помош, семејството тврди дека го испуштиле датумот кога требале да ги однесат документите поради комплицираната бременост на мајката. Заменикот министер Ристевски ја повикува мајката да поднесе жалба, да се однесат документите за да им се врати правото на користење на парична помош.

Сите хумани луѓе кои сакаат да им помогнат може донациите да ги однесат во нивниот дом на улица „Среќко Пузелка“ 33б во населбата Ченто.

Мирјана Поповска
22.04.2011, 17:39​

извор: Канал 5

Доколку некој сака да им помогне без да приговара - слободно нека го направи тоа, оти на добрината и на човечноста им нема крај и на случаите кои имаат таква потреба им нема крај!​
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
12 деца? Со сета почит, со сета моја хуманост и се останато, голема грешка на државата е што остава вакво семејство без било каква егзистенција... Но, едно нешто што никако не можам да го разберам, зошто, ако не се способни родителите материјлно да ги задоволат децата, ги прават повеќе? Зошто 12 кога немаат скршена пара?
 
апсолутно те разбирам, не можам ниту јас да сфатам, сум размислувал многу... Но што е - тука е. Ситуацијата е таа. Контекстот во кој се наоѓа тоа семејство е тоа. Кој може нека помага
 
outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Пред некој ден мажот ѝ ја застрела комшика ми и четирите мали деца им ги преместија во домот во Битола. Инаку трите од децата се од предходен брак и предходно живееја кај родителите на мајката. Оттогаш малку повеќе размислував на темата за дозвола за правење деца и сметам дека државата треба да воведе систем за издавање лиценци за репродукција и истата да не е дозволена за секого. Премногу деца цел живот страдаат поради родителска глупост.. до кога? :/
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Нели бре имаше програма нешто околу имајте 1000 деца во името на патриотизмот?
Зошто не им дале бре пари?
12 деца нели се доволна квалификација за земање помош што ја делеа?
 
Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
12 деца? Со сета почит, со сета моја хуманост и се останато, голема грешка на државата е што остава вакво семејство без било каква егзистенција... Но, едно нешто што никако не можам да го разберам, зошто, ако не се способни родителите материјлно да ги задоволат децата, ги прават повеќе? Зошто 12 кога немаат скршена пара?
Добиваш голем плус за болдираното! Браво и секоја чест!
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.619
Поени од реакции
10.876
И мене не ми е јасно, со кој памет прават по 100 деца, а немаат пари за леб. И после начмиш им е крив.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
И мене не ми е јасно, со кој памет прават по 100 деца, а немаат пари за леб. И после начмиш им е крив.
А тие што имаат по едно или две деца а немаат пари за леб и нив ли им е начмиш крив????
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.619
Поени од реакции
10.876
А тие што имаат по едно или две деца а немаат пари за леб и нив ли им е начмиш крив????
Едноставно е, немаш услови, не правиш деца. Во спротивно го јадеш и пак начмиш е крив :D
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Едноставно е, немаш услови, не правиш деца. Во спротивно го јадеш и пак начмиш е крив :D
Хехе значи половина Макеоднија не треба да има деца? Портокаловиве ги убедуваа сите да имаат по 3 комада? Оној пастирот уште кум да кажеше дека ќе им биде?
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.619
Поени од реакции
10.876
Хехе значи половина Макеоднија не треба да има деца? Портокаловиве ги убедуваа сите да имаат по 3 комада? Оној пастирот уште кум да кажеше дека ќе им биде?
Да да,
Тој е крив, а не тој што не мисли дали утре детето негово ќе нема/има леб, средства и услови, па удри на секс кога нема друга работа. Башка мозокот не знам за што им е. Не знам искрено пријателе, но типично Македонски ќе одговорам : они нека му ја мислат...јас по мое видување не можам да мислам на деца, бидејќи сеуште немам обезбеден капитал, за утре да немам маки и да не чекам сожалување од други.:)
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Хехе значи половина Макеоднија не треба да има деца? Портокаловиве ги убедуваа сите да имаат по 3 комада? Оној пастирот уште кум да кажеше дека ќе им биде?
Едно е да имаш 3 деца а сосема друго е да имаш 12 деца! 12 деца алоооооооо!
Споредно прашање е - дали сиромашните имаат многу деца или зашто имаат многу деца се сиромашни....
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Еве им на Владата деца. Сега кај се да им помогнат?

Можиме до сабајле да дискутираме зошто тоа семејство има толку деца кога се сиромашни и кога немаат пари. До сабајле криви дрини можиме да исправуваме, и пак да не исправиме. Ама тоа е тоа. Имаат 12 деца и не се бега од тој факт. Прашањето е зошто нашата прекрасна Влада не направила нешто, а труби да се зголеми наталитетот.
Ах бе.
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394

Влада трубеше за планирано семејство.
А под планирано семејство се подразбираше дека родителите ќе бидат материјално способни да го изгледаат детето(децата).
Не , нема оправудвање за луѓево . Гледам конструктивно решение во бесплатна (или со огромен попуст) васектомија за социјални случаи. Навистина , јасно ми е дека не секој може да си дозволи перзервартиви а уште помалку абортус - ама никој не е должен да плаќа за туѓ промискуитет.
Сега , кога веќе стигнале до овде хумано е да се помогне ради децата - ама стварно без памет се родителиве.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
нашата Влада започна да скратува кај едни за да им даде на други...додека администрацијата ни станува џин на стаклени нозе....Владата се фали дека рипала бруто платата,,,рипа ама на администрацијата..започнаа да кратат социјална помош.....право на секој е да има колку сака..не можеш да забраниш.....дедо ми имал 9 деца (добро тогаш биле други времиња / вчера по ников бев сфатен како Албанец, Btw Македонец сум) се согласувам со тоа дека за семејство треба прво капитал да имаш...дете не е мала работа..
еве пример...последниве 2 години нашата Влада крати социјална помош...пример за Прилеп, на некои семејства им е скратена соц.помош само заради тоа што одгледувале тутун....одговор во социјално добиле, дека не треба да имале некој приход...и значи социјалциве не требало ништо да работат....
во Холандија на Европски Журнал пред три години гледав дека во Холандија за соц.помош ги вработувале одредено време некаде социјалциве...ако одбиеле таква работа го губеле правото на соц.помош, знам дека не сме Холандија...ама мајко му стара....има комисии....нека шетаат, не само да ладат задници во климатизирани простории, па нека видат кој е за соц.помош а кој не е.не ја разбирам социјалнава политика на владава, ако тие таму горе мислат дека едно семејство од 4 души може да преживее со соц поголемо од 1500 денари алал нека им е
 
Kajgana Shop

На врв Bottom