M
MrzaRules
Гостин
Среќен празник на сите женишта
specijalno za tebeФала на честитките, ама ако може и за нас постарите, да ставите некоја сликичка. Мислам, стварни мажи. Не мора да имаат толку коса на главата и да немаат ич на градите.
Да се потсетиме. Ќе ја вратам темава од гроб. Честитки за понежниот пол бе... Жените што изгинале за каква-таква слобода сега се превртуваат во гроб.Не сум сигурна дали има оваква, па спојувајте ако е вишок...
Ајде малку историја, а воедно и да бидеме свесни зошто се слави овој ден (иако мене сеуште не ми е до прослава). Да се вратиме назад во 1857 година, 8-ми Март, во Њу Јорк, каде се оддржал голем протест против лошите услови за работа и ниски плати, во организација на жени вработени во текстилната индустрија. Тоа бил голем напредок и за развојот на општеството како целина, како и за почетокот на еманципација на жените, кој сеуште е во тек. Во 1908, повторно на 8-ми Март, во Њу Јорк, 15 000 жени марширале низ градот сакајќи пократко работно време, поголема плата, права на глас и забрана на детската работа. Протестирале под слоганот „Леб и рози“, каде што лебот е симбол на економската безбедност, а розите претставувале подобар квалитет на живот. Подоцна, истата година, последната недела во февруари, била донесена одлука да се одбележи Националниот ден на жените, во период од 1909 – 1913 год.
Приказната продолжува во Данска, каде на меѓународна конференција, се сретнале социјалистички организации, и каде што Клара Цеткин, германска социјалистка, предложила Меѓународниот ден на жените да го одбележи протестот во 1857. Повеќе од 100 жени, од различни земји, веднаш го прифатиле предлогот, но точен датум не бил избран. Следната година, меѓународниот ден на жената е одбележан на 19-ти Март, во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија, каде што мажите и жените го бараат правото да гласаат, да бидат избрани и да се забрани дискриминацијата на жените на работа. Крајниот настан значаен за историјата на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, се одржа во Русија 1917, кога руските жени почнале протест . Ги постигнале своите цели и добиле право на глас. Конечно, 1975, Обединетите нации го прогласиле 8-ми Март како официјален ден за прослава на долгата женска борба за еднаквост во светот, базирано на патријахатот.
Tажно е што била потребна борба од таков вид, бидејќи тоа значи дека имало големи причини за започнување на истата. А имало причини. Сите тие се директна последица на угнетената положба на жените во текот на историјата, за која, сигурна сум, повеќето се свесни.
Меѓутоа, истото мнозинство можеби и го одобрува феминистичкото движење, кое го постигна основниот напредок во 20 век, но за ставот дека феминизмот денес е потполно непотребен, можеме да ја обвиниме погрешната интерпретација на идејата. Не се работи за непотребни приговарања, се работи за свесност за опкружувањето во кое живееме.
Многу мажи се дел или ја поддржуваат оваа идеја за еднаквост, бидејќи тие сфаќаат дека очигледно нешто не е во ред. Не се ли жените денес сеуште главни жртви на физичко и сексуално насилство? Не се ли во „неразвиените“ делови на светот сеуште во понижувачка позиција, бидејќи немаат право да прават ништо без дозвола на мажите, кои „се должни“ да ги почитуваат? Не се бројни во трговијата со луѓе? Не се ли сеуште претежно жените домаќинки? Не се ли женските списанија полни со празна пропаганда која создава стандарди што на крајот ќе донесат профит за оние кои ги поставуваат тие стандарди? Не продава ли женското тело се’ ? Примери има многу. Се разбира, тоа не може да се негира дека има многу промени во текот на минатиот век, но родовата нееднаквост и понатаму е присутна и видлива денес, како и знаците на напредок, како подобра едуцираност на жените, грижа за здравје и многу други.
Целосната еманципација ќе се постигне само со смртта на шовинизмот, кој сеуште е присутен во општеството, без оглед на тоа колку би сакале да го сметаме за развиен.
Еднакви права за сите!
Истите тие драга моја кога би виделе за каква „рамноправност“ се борат некои феминистки со подценување на машката фигура салто би праеле во гробДа се потсетиме. Ќе ја вратам темава од гроб. Честитки за понежниот пол бе... Жените што изгинале за каква-таква слобода сега се превртуваат во гроб.