Честит и вечен празник-11ти октомври

Статус
Затворена за нови мислења.

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276



На денешен ден:
1941.- Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршија напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин беше означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел за конечно ослободување на земјата. На 12 октомври се огласија и истрелите на кумановските партизани. Почна четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ за конечо ослободување на земјата која заврши со успех само во еден дел на Македонија.


НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ПРАЗНИКОТ

Груевски повика на сплотеност за зачување на името и изградба на просперитетна Македонија


Скопје, 10 октомври (МИА) - По повод 11 Октомври, Денот на народното востание, вечер во Домот на АРМ се одржа свечена академија во организација на Министерството за надворешни работи, а под покровителство на претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски.
Во присуство на државниот и политичкиот врв, претставници на верските заедници, дипломатскиот кор и други гости, се обрати премиерот Груевски кој истакна дека борбата за слобода на Македонија е борба на идеализам, на жртви и несебичност, а почетокот на вооруженото востание против фашистичките окупатори на 11 октомври претставуваше решителен чекор кон конечното ослободување на македонскиот народ од ретроградните сили, но и остварување на долго сонуваната идеја за сопствена држава со одлуките на вториот Илинден, Првото заседание на АСНОМ.
Во повоениот развој, рече Груевски, како резултат на владеењето на еден тоталитарен систем, кој заврши во музејот на историските илузии, македонското општество мина низ искушенија во кои направени се многу неправди кон некои од носителите на Антифашистичката борба и кон неистомислениците. И покрај таквиот развој на настаните, додаде тој, ние мораме да ја заштитме вистината за учесниците во антифашистичката борба бидејќи придобивките од НОБ, одлуките на АСНОМ во 1944 нужно ја придвижија нашата земја кон 8 септември 1991 година, кога се конституираше независна, суверена и демократаска РМ. Модерна и европска држава на слободни македонски граѓани, легитимен субјект на ОН и амбициозен кандидат за целосна интеграција во европските и евроатлантските структури.
- Денеска кога ја градиме демократска и европска Македонија не може, а да не им одадеме признание на нашите претходници, некои од нив и овде присутни, кои го почуствуваа духот на времето и се ставија во служба на својот народ, борејќи се за идеалите на слободата и правдата. Денешна Европа кон која се стремиме почива на темелите на слбободата, правдата, демократијата и човековите права, почива на антифашизмот како заеднички фронт на сите оние на кои човековото достоинство им е најсветата вредност. Република Македонија може да биде горда што беше дел од тоа големо движење и што даде свој придонес во раѓањето на нова Европа, рече Груевски.
Осврнувајќи се на актуелните состојби, премиерот Груевски рече дека пред нас стојат сериозни предизвици пред кои мора да истраеме, и како и нашите претходници, со верба во идеалот да се избориме за она што е наше - нашиот идентитет, посебност, историја и култура. Истиот тој идентитет и име за кое, додаде, тие се бореле, и кое претставува историско обврска кон нашиот народ и должност кон идните генерации и повика на сплотеност и обединување без оглед на партиската, верската, етничката или било каква друга припадност, без разлика на личните односи.
- Само ако сме сплотени ќе ја оствариме нашата цел, но ако сме разидинети ќе паднеме пред тестот на историјата, затоа што одговорноста која ја носиме како индивидуи денеска е ставена на тест, од чиј исход зависи нашата иднина. Само заедно ќе поминеме преку ова. Не можеме сами, не можам ниту јас сам, Никола Груевски, ниту Бранко Црвенковски, ниту Зоран Заев, ниту Али Ахмети ниту Мендух Тачи ниту другите. Не можат сами ниту Македонците, ниту Албанците, Турците, Србите, Ромите и Бошњаците и останатите. Не можат сами. Не можеме сами, но можеме заедно. Треба само да веруваме и мора да истраеме. Да истраеме заради Македонија. Ние немаме друг пат, ниту пак друга држава како што и претходно беше кажано. Ние ја имаме нашата татковина Република Македонија. Ние сме должни да го оствариме вековниот стремеж на македонскиот народ, да ја чуваме и градиме нашата земја, да се бориме за неа, да работиме за неа. Само на тој начин ниедна битка нема да биде изгубена, ниту било која заложба претешка, порача премиерот Никола Груевски.
- Затоа ве повикувам сите вас и сите граѓани на РМ да се вклучите во овие процеси во овие напори нашата земја да ја направиме успешна и просперитетна, силна и достоинствена. Само така сплотени и со божја помош ќе ја издвојуваме нашата битка, битката на оваа генерација на нашите идеи и стремежи за достоинствена, успешна и економски силна РМ, подвлече Груевски.
Пред присутните се обрати и претседателот на Здружението на борците од НОБ на Македонија, Атанас Зумбаковски, кој потсети дека за остварување на вечниот идеал -слободата и сопствена и независна држава во НОБ загинаа 24 илјади лица и исто така повика на национално единство во контекст на актуелната ситуација.
- Празнувањето на светлите страници од македонската историја како 11 октомври 1941 година треба да бидат повод за национално и меѓунационално единство како што владееше во периодот на НОВ меѓу Македонците, Албанците, Труците, Власите и другите. Без тоа еиднство не можевме да го имаме вториот Илиден АСНОМ 44 ниту третиот осмосептемврискиот од 1991 година олицетворени во денешната самостојна и суверена Република Македонија. Должност на сите нас е да го браниме суверенитетот, интегритетот и националниот идентитет на нашата држава. Ако сакаме да чекориме напред како држава партиите од власта и опозицијата треба да ги имаат во предвид првенствено националните и државните интереси. На тоа не обврзува иднината на РМ, рече Зимбаковски.
Со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година беше означен почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за конечно ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.​


 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Честит празник македонци :smir:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Честит нека ни е празникот, Македонци!
Во Прилеп вечерва мислам дека беше најдобриот огномет досега, колку што се сеќавам:)
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Нека ни е честит празникот и многу години да си го славиме:).
 

Gebels

Ела да те бац’м!
Член од
15 март 2007
Мислења
681
Поени од реакции
4
Нека ни е за многу години празникот!
 

pirlo21

којотот
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.051
Поени од реакции
2.055
Честит празник Македонци
за многу години нека е
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Честит празник браќа Македонци!!!
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Честит празник МАКЕДОНЦИ каде и да сте и да ви кажам само дека ќе се држиме до крај во оваа fuckd up ситуација.
 

Ivka

Алхемичарка
Член од
1 февруари 2007
Мислења
300
Поени од реакции
4
Нека ни е честит празникот и за многу години :oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Честит празник и мора да се држиме, нема друго!


Честит нека ни е празникот, Македонци!
Во Прилеп вечерва мислам дека беше најдобриот огномет досега, колку што се сеќавам:)
Имате ли фотографии од настанот во Прилеп?

Ако да, дајте да ги пукнеме насекаде, зошто некои уште негираат дека воопшто имало Прилеп и Куманово.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Честит празник и мора да се држиме, нема друго!




Имате ли фотографии од настанот во Прилеп?

Ако да, дајте да ги пукнеме насекаде, зошто некои уште негираат дека воопшто имало Прилеп и Куманово.
Друже немам ништо јас.И да сликав со мобилниот ќе беа со лош квалитет.Ако има некаде, најверојатно би било на сајтот на локална самоуправа или на општината.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom