Чарлс Буковски - лик & дело

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
За оние кои не можат да ја препознаат генијалноста на Буковски. Тој успеа, можеби најинтензивно во историјата, да го сведе човекот на голо месо, и при тоа да остане бизарно романтичен. Во една посебна смисла, Буковски е метафизички бунтовник, Лотреамон на нашето време...:)

Се сеќавам на една сцена од еден негов расказ, јунакот на расказот сака да му ја ебе мајката на еден негов пријател. Мажот нејзин пак, се самоубил затоа што оваа во повеќе наврати му била неверна.
Значи, таа седи со нашиот херој, и почнува д а се соблекува. Ја крева сукњата, и овој ја гледа меѓу нозете, и во себе си вели : И заради ова некој се самоубил ??!!
 
А

Антоние

Гостин
Интересна коинциденција со темава, баш ја завршив "Жени" пред околу недела дена. Англиската верзија.

Во суштина, за тие што не ја читале, во Жени се бележи еволуцијата на антагонистот Чинаски од осамен ерген во ладнокрвен швалер.

Приказната го отсликува личниот живот на Буковски, почнувајќи од работењето во пошта до станувањето познат писател, и книгата е повеќе како автобиографија споредена со реална фикција.

Има нешто круто во неговиот стил на пишување, константно спротивставување на црнило со хумор, скромност со ароганција, секс со алкохол...
...Океј овие последниве две уствари идат рака под рака.

Ми се допаѓа храброста со која пишува, како вистинити му се мислите, и како тие еволуираат како што се кова со се повеќе и повеќе жени.

Незаинтересираноста која што доаѓа како се повеќе и повеќе е со жени, како гледа на интимните врски, а сепак нови девојки доаѓаат и му ги расипуваат работите.

Како тоа откако ќе сретнеш и откачиш толку многу девојки, ниво на умртвеност се населува во тебе. И не е тоа некоја лоша умртвеност, само повеќе како замаеност за тоа каде ти тргнал животот, и кого земаш со тебе на патот.

Исто така ми се допаѓа кога (тој)зборува за тоа како кога ќе влезеш во животот на некоја жена за неколку денови или недели, запознаваш толку многу чудни луѓе, луѓе кои што никад не би ги сретнал ако не беше врската со таа жена.

Тоа што го учиш за другите, и себеси, низ постојано запознавање нови девојки, со нови идиосинкрезии, страсти, хобиа, пријатели, фамилии и карактери.

Исто така интересно е кога читав за "free love" движењето од 70те, и како општеството гледа на сексот денес во споредба со хипи културата во 70те.

Книгата е една од оние што се чита брзо, и многу вреди за времето што ќе го вложиш. Добиваш добар поглед за тоа каков е животот, драмите, одговорностите, и хаосот што доаѓаат кога си неверојатно успешен со жените.
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Од каде ја најде Жени на македонски ја имаш или на некој друг јазик ,ми треба инфо едно ја барам ама тешко се наоѓа ,ако не те мрзи извести ме ;)
Не е на македонски, ја купив на саем минатата година на англиски е.
 
Член од
20 октомври 2011
Мислења
59
Поени од реакции
18
типот имал доста животно искуство бил на моменти и на раб на егзистенција живеел како клошар се пијанчел во ефтини барови слабост му биле жените
и навистина кога го читаш он на никаков начин не ти се додворува преку пишаниот збор
едноставно си ја вози приказната во расказот , иако мора да признаам некои од нив беа и по малку бизарни раскази но сепак за тоа време и да се пишува тоа што он го правел е за почит
 

Kajgana Shop

На врв Bottom