Црквата е мафија или навистина религиозна организација?

Infra

Мојот Пастир
Член од
26 ноември 2005
Мислења
141
Поени од реакции
2
J0ker_MKD напиша:
Многу луѓе грешат за дефиницијата на црквата . Црквата е пред се организација но не организација како фирма туку како нешто што ги поврзува луѓето во една група со исти верувања. Христос наредил изградба на црква, ама не на зграда во која ќе се собираат верници и во која ќе проповедаат поповите, туку како нешто што ќе ги обединува сите што веруваат во Него. Апостолите не седеле во куќи и собирале народ туку шетале и го ширеле зборот. Модерната црква како институција е многу профитабилна фирма која профитира на темелите на нешто што одамна го снемало, а тоа е вистинската верба во Бога. Мене не ми треба икона или просторија со златни лустери за да верувам во Господ. Не мора да му целувам рака на попот за да бидам добар и да влезам во рајот. Во Бога може да верувам и сега додека го пишувам овој текст и да го носам во срцето. Верата не е еднаш во неделата да се отиде во црква и да се запали свеќа. Верата е нешто многу подлабоко.
Значи верувам во Бога ама не ја почитувам црквата.
Само не ми е јасно (те молам да ми разјасниш) зошто си ме цитирал?! Кажав нешто поинакво од тебе?!
 
Член од
10 мај 2006
Мислења
92
Поени од реакции
6
Те цитирав за да дообјаснам, а не у негативна смисла....
 
Член од
29 јануари 2006
Мислења
53
Поени од реакции
3
Stefanos_M напиша:
Slash_sk samo zgreshi vo toa sto reche deka se odrzuvaat misi, a ne im e imeto misi. Ne se sekiraj za mojata inteligencija... Aj da ne se falam ne mi e karakterna osobina...
Dobra nok..
Epa koga bi bil bar malku po upaten bi znael deka MISA od LITURGIJA e mnogu golem razlika. Ne svakjaj se lichno no ti velam navistina e golema razlikata(osven ako si misioner za obedinuvanje na narodite pa da poduchuvash za kako ne treba da imame predrasudi kon drugite RELIGII)
BTW. Crkvata e prekrasna stvar, mora da ja ima, samo shto greshniot narod, (vo minatoto vlasta) ja zloupotrebil za spripitomuvanje na narodnite masi. Ako ste site vernici sigurno kje ja svatite nejzinata golemina(normalno ne kao gradba) vo momentot koa kje otidete na bogosluzhba ili na bilo koj verski sobir kakvo e chuvstvoto koga site vernici se na edno mesto so edna edinstvena cel- da go slavat Boga!
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Да ви кажам право прочитајте ја книгата -Евангелието на Јуда- . И ке се откажете од црквата. и влезете на странава и прочитајте за Сатанизмот зависен од Христијанството. www.joyofsatan.com
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
BliND напиша:
Да ви кажам право прочитајте ја книгата -Евангелието на Јуда- . И ке се откажете од црквата. и влезете на странава и прочитајте за Сатанизмот зависен од Христијанството. www.joyofsatan.com
Нит' некој ќе се откаже од црквата и од тоа што верува, нит' ништо..
Таа страна е направена од сатанисти - што друго сакаш да пишува во неа освен работи како: "Ние сме вистинските", "Господ, Алах, Јехова се лажни, Сатаната е оној што го создал светот".. вакви работи не можат ни да ги откријат темелите на вербата, а не па да ги срушат..

In case someone was wondering - не сум верник/религиозен.
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Јас мислам дека црквата е мафија. А религијата, т.е. верата е во срцата на оние кои веруваат во Бог.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Ме интересира како е можно никој да не го напаѓа исламот, оџите да ги обвинува за корупција, мафијата да ја бара во џамиите, туку сите се згнале против црквата и христијанството.
Имате симпатии кон муслиманството, не ви е блиско, па не ви се замара со критикување на него или пак ви фуфка да го критикувате.
Зошто си плукате на своето?
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Не зборам само за христијанската религија, истото важи се сите. И црквата и катедралата и џамијата и синагогата, се се то мафијашки организации. Пак ќе речам, верата е во срцата.
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Мафија е и тоа каква.
 
N

NightFuneral

Гостин
Crkvata e najgolemata mafija so moze da postoi vo denesno vreme.Koga na Tv ste cule deka crkvata e vo minus ili ima nedostig od pari?Nikogas.A celo vreme daaruvaat lugeto pari,kao demek za zdravje,a tie posle idat vo necii dzebovi.Ako e nekoj vernik on e vernik za svojata dusa.Verata so pari ne se kupuva.
 

Stefanos_M

Moscow_Boy
Член од
23 април 2006
Мислења
563
Поени од реакции
0
Drug problem, e vo toa sto ne smee da postojat teoloshki skolo...
Ova vo pogolem del vazi za islamot. Zatoa sto, se uchat lugeto na kuranot, biblijata ili bilo koja sveta kniga. Koja ja prifakaat bukvalno. Ova doveduva do verbalizam i do fanatizam... Vo princip taka delumno e nastanat del od terorizmot...
 
Член од
22 септември 2005
Мислења
79
Поени од реакции
1
Abe crkvata denes stanuva ne samo Mafija tuku Globalna mreza na Kriminal!

Gangsta:))
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Црквата без оглед за која се работи, се повеќе станува центар на сконцентрирана моќ, моќ која многу успешно е користена во разни цели. Колку е заправо мафија не би знаел да кажам, но на прв поглед се гледа дека нешто не е како што треба. Се повеќе има великодостојници чие однесување се разоткрива и се обзнануваат разни законски прекршоци. За непочитување на канонските прописи и да не зборуваме. Пред некој ден отидов во црква да запалм некоја свеќа, кога таму попот во цивил си влезе во олтар за да се преслече во мантија! Невидено! Поп во цивилна облека во црква влегува како да се срами од тоа мантијата да ја носи!
Се повеќе кружат муабети за различни криминогени однесувања на свештени лица како и на великодостојници така да се помалку имам добро мислење за црквата ако зборуваме за МПЦ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom