Па изгледа не сите Прилепчани од ист БУНАР пијат вода.. оти ти си посебен случај
Мене не ми смета што проповедаш Бранкови интереси, уште поголема штета односно лоша слика даваш за една партиска линија... ама моментално не си свесен, бидејќи си понесен во еуфоријата..матно гледаш, ама ќе видиш како брзо се менуваат позициите.
Уште сега можам да претпоставам како скршен и разочаран ќе липаш по форумов.
Ако размислиш барем маааааллце логички, ќе сфатиш дека Бранко му нанесе непоправлива штета на угледот на Заев.
Воопшто не му направил услуга туку го маркирал со црна дамка, како ПОМИЛУВАН за кривично дело.
Многу поголема корист не само Заев туку и СДС ќе извлекоа доколку ги раситнеа убедливо доказите на обвинителството и ПРАВНО излегоа како победници, односно да ЈА ДОКАЖЕА НЕВИНОСТА.
И пак ќе се навратам на она претходното, кој се крие позади овој циркус со аболицијава...
- Бранко и остала екипа се плашат Заев да не биде притиснат/уценет и да пропее за некои матни партиски бизниси..
-или... Бранко сака да си го тргне З.З. од патот како пречка или единствена конкуренција во партијата,по популарност и доверба меѓу членовите, и намерно го саботира неговиот углед како чист функционер на СДС...
...СЕЕДНО.. како и да се свртиш газот ќе ти биде одзади, па така патетично смешна е радоста дека СДС нешто ДОБИЛО во целава збрка.
Само се потврди дека во одбрана на ПАРТИСКИТЕ ИНТЕРЕСИ.. Бранко е спремен да оди до крајности.
Мислам дека и се очекуваше од него вакво нешто, валкана битка со Груевски за да не успеаат некако да се приграбат до неговата ПАПСКА недопирливост.