Писмата на Гарет од ПОРАКА ВО ШИШЕ-Николас Спаркс
прочитајте ги
Шести март 1994 година
Драга моја Кетрин
Каде си? Зошто моравме да се разделиме,се прашувам додека седам сам во мрачната куќа.
Не наоѓам одговор на овие прашања, колку и да се трудам да сфатам. Причината е едноставна,но мојот ум не ја прифаќа и јас,сосема сам се борам со страшното јаве. Загубен сум без тебе. Мртов сум,скитник без дом,осамена птица што лета кон неврат. Јас сум сето тоа и ништо од тоа. Таков е, мила, мојот живот без тебе. Копнеам да дојдеш и да ми покажеш како одново да живеам.
Се обидувам да ги доловам одвеаните денови, на ветровитата палуба на КЕТРИН. Се сеќаваш ли како заедно работевме на неа? Одново градејќи ја, станавме дел од океанот зашто обајцата знаевме дека океанот беше тој што не соедини. Во тие мигови сфатив што значи вистинската среќа. Во ноќите едревме по темната вода, а јас и се восхитував на твојата убавина, на месешината. Маѓепсано те посматрав и во длабошината на твоето срце знаев дека секогаш ќе бидеме заедно. Дали секогаш е така, се прашувам, кога двајца се сакаат? Не знам, но ако мојот живот од мигот кога се разделивме може да послу`и како некаков показател, мислам дека ги знам одговорите. Отсека па натаму знам дека ќе бидам сам.
Мислам на тбе, те сонувам, те довикувам кога си ми најпотребна. То е се што можам да сторам, но тоа не ми е доволно. Никогаш нема да биде доволно, го знам тоа, но сепак, што друго ми преостанува? Кога би била тука, ти би ми кажала, но и тоа ми е скратено. Ти секогаш ги наоѓаше вистинските зборови за да ја ублажиш болката што ја чуствував. Секогаш знаеше да ја смириш и да ја разгалиш мојата душа.
Дали е можно да знаеш како се чуствувам без тебе? Кога сонувам, сакам да мислам дека знаеш. Пред да те запознаам тебе мојот живот немаше никаква смисла, никаква цел. Знам дека, на извесен начин, секој чекор што сум го направил од мигот кога сум проодил бил чекор накај тебе. Ни било судено да бидеме заедно.
А сеgа, кога \ивеам сам во куќата, сфаќам дека судбината може да го повреди човека исто колку што може да го дарува, и упорно се прашувам зошто - од сите луѓе на светот што сум можел да ги засакам - морав да се вљубам во некој што ми беше украден.
Гарет
Дваесет и петти септември 1995 година
Драга Кетрин,
Помина еден месец откако ти пишав, но ми се чини како да помина многу повеќе време. Животот сега поминува покрај мене како пределите што се гледаат од прозорецот на автомобил. Јас дишам, јадам и спијам како секогаш, но во ништо што преземам во животот не наоѓам никаква смисла. Едноставно пловам како пораките што ти ги пишувам. Незнам ни каде одам, ни кога ќе стигнам таму.
Дури ни работата не може да ја намали мојата болка. Би можел да нуркам за задоволство или да им покажувам на другите како да го прават тоа,, но кога се враќам во продавницата, таа изгледа толку празна без тебе. Ја складирам и ја порачувам стоката по навика, но дури и секога понекогаш несвесно фрлам поглед преку рамото и те довикувам. Сега, додека ти го пишувам писмово, се прашувам кога и дали воопшто некогаш тоа ќе престане.
Без тебе во мојата прегратка, чуствувам празнина во душата. Се фаќам како во толпата луѓе го барам твоето лице-знам дека тоа е невозможно, но не можам да се воздржам. Мојата непрекината потрага по тебе однапред е осудена на пропаст. Разговаравме за тоа што ќе се случи ако околностите не принудат да се разделиме, но не можам да го одржам ветувањето што ти го дадов таа вечер. Жалам, најмила, но никој никогаш нема да може да го заземе твоето место. Зборовите што ти ги шепотев беа бесмислени и тоа требаше да го сфатам уште тогаш. Ти - и само ти-секогаш си била единствената што сум ја посакувал а сега, кога те нема, не сакам никогаш да најдам друга. Додека смртта не не раздели, шепотевме во црквата, а јас почнав да верувам дека тие зборови ќе одзвонуваат се до денот кога и јас,конечно не си заминам од овој свет.
Гарет
..to be continued