Цитати

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
За вистината

Никогаш всушност не сум размислувала само за неа, Вистината. Сум ја барала во разни појави, луѓе, настани. Нејзиното присуство ми давало смисла, сигурност, ме правело да се чувствувам безбедно. Но која е таа, како стигнала таму, чија е, дали доаѓа сама или треба да ја повикаме, да ја натераме да дојде, да замолиме за неа или да се бориме за неа како на некој витешки турнир и да ја добиеме како награда? Не знам. И колку повеќе се прашувам, толку помалку знам.
Како изгледа вистината? Дали можеме веднаш да ја препознаеме, истиот момент кога ќе ја видиме? Јас сум актерка. Изговарам туѓи зборови, застапувам туѓи мисли и идеи, се преправам дека моето тело не е мое, туку нечие туѓо, се смеам кога не ми е до тоа и плачам кога не сум тажна. Би можело да се каже дека лажам. И колку подобро јас лажам”, толку повеќе луѓето ми веруваат. Кога во првата година од студиите успеав на сцената да дојдам до вистински солзи, мојот професор ни кажа дека единствено во глумата е можно да се биде среќензаради солзи. Иако ликот во менепреживуваше интензивна и искрена тага, глумицата во мене се радуваше што толку добро и уверливо ја одиграла улогата. Јас длабоко верувам во сешто правам на сцената, понекогаш за мене тоа е поголема вистинаод онаа во вистинскиот живот. Нормално, јас знам дека апчињата со кои го трујам својот партнер на сцена во претставата се само шарени бонбони, но мојата емоција заради неговото умирање е вистинска и чувствувам физичка болка во тој момент, иако еден мал дел од мене знае дека и двајцата глумиме. Но, тоа го знаат и гледачите, па пак на сите очите им се полни со солзи и оној ист мал дел од мене ги слуша како подголтнуваат солзи и шушкаат со хартиени марамчиња. Како е возможно сите да знаеме дека тоа не е вистинско, а сепак веруваме дека е вистина? Не знам.
Можеби затоа што ВЕРУВАМЕ? Дали нашата верба е она што ја прави вистината вистинита? Хм! Но, не веруваме сите во исти работи, во исти идеи, исти мисли. Луѓето се караат заради вистината, се водат војни, се убиваат едни со други. И, на крајот, дури и кога некој ќе победи, ќе докаже дека вистината е на моја, на наша страна, пак не веруваат сите во истото. Во човековата историја се случувале многу страшни нешта. Вистината ги менувала своите сопственици во зависност од нивната сила, моќ и богатство. Многу невини биле праведно осудени во име на вистината за која луѓето подоцна утврдиле дека всушност била лага. И тоа се случува секогаш, се случувало во минатото, далечно и блиско, се случува и денес. И секогаш одново се води битка во која едните сакаат да се дознае вистината, а другите да ја сокријат. Велат дека суштината на демократијата е всушност борба за вистината и дека таа борба е секојдневна и трајна. И, добро, сакам да се борам, не ми е тешко, не сум осамена во тоа, верувам дека вистината на крајот ќе победи. Но, сепак понекогаш ми доаѓа да треснам со раката на маса и да викнам Ова е вистината и не сакам да слушнам ни збор!. Не би сакала да живеам во диктатура, но понекогаш посакувам да бидам диктатор, да наредам, да ја забранам лагата, неправдата, насилството. Да бидам искрена, би била ужасен диктатор.
Вчера прочитав едни зборови од Сенека: “Повеќе сакам да ме налути вистината, отколку да ме задоволи ласкање”. Се прашав дали е тоа така со мене. И се уште се прашувам. Би сакала да бидам силна и принципиелна и да можам достоинствено да ја поднесам секоја, па дури и најнепријатната вистина. Но... можеби за нас обичните, наивни, мали луѓе важат некои други правила. Иднината умее баш да заболи, да те удри како чекан и долго да не можеш да се опоравиш. Знае да сруши илузии, соништа, да избрише сеи да те натера да почнеш од почеток. А, не си сигурна дека имаш сила да изградиш нешто ново. И се плашиш дека и тоа ќе пропадне еден ден. И тогаш сфаќаш дека стравот е она што те држи да живиш заробен во лош брак, лоша врска, на лоша работа, во лоша навика. Да се живее во лага значи секогаш да се има подготвен изговор за секое промашување и неуспех. Соочувањето со вистината значи да се преземе одговорност, да се донесе одлука и да се сносат последиците. Затоа не е важно која е твојата вистина, туку дали веруваш во неа доволно за да бидеш подготвен да дадеш се, да загинеш, а да не очекуваш другите да се жртвуваат за тебе, а ти од страна да поддржуваш и да навиваш. Мислам дека тоа е најголемата храброст – да ја прифатиш вистината. За себе, не за другите. Им се восхитувам на луѓето кои го можат тоа, се восхитувам и на себе кога ја признавам сопствената слабост и признавам дека знам да бидам суетна, себична и пакосна. Паметам еднаш кога плачев бидејќи не добив некоја награда. Бев сигурна дека сум ја заслужила и дека е голема неправда што ме заобиколиле. Притоа се чувствував ужасно што воопшто размислувам така, се срамев од самата себеси и сето тоа заедно правеше да се чувствувам прилично бедно. И тогаш станав и помислив – добро, јас сум успешна, позната, умеам да бидам голема и достоинствена, НО знам да бидам и мала плачливка која плаче затоа што не ја добиласвојата награда. Одеднаш, таа вистина ме ослободи, направи да се ослободам од вината заради своето недостоинствено однесување. И тогаш му се јавив на својот најдобар пријател, му ја раскажав мојата понижувачка вистина и дознав дека тој нема помалку да ме сака заради тоа. Да, вистината ослободува, без разлика колку е непријатна, голема и тешка. Често мислиме дека луѓето ќе не отфрлат ако ја дознаат вистината за нас, особено оние кои ни значат.
А, всушност, тоа е сосема спротивно. Вистинските пријатели ќе не сакаат повеќе, а оние кои ќе заминат не ни биле некакви пријатели. Вистината знае да биде застрашувачки ѕвер со сто глави, да те јаде одвнатре и да мислиш дека ако ја пуштиш надвор, ќе се создаде хаос, а можеби во тој момент ќе се претвори во безопасно кученце, како кога во Волшебникот од Оз, Дороти ќе открие дека страшниот волшебник е само стар, осамен дедичко. Вистината е страшна само кога бегаме од неа и ја криеме.
Јас сум таа која сум, сакам да бидам сакана, сакам да бидам заљубена, се плашам од понижување и отрфлање. И тоа е вистината за мене. Не е цела, има уште, на оној кому му значи, ќе дознае.

-Мирјана Карановиќ, српска актерка, професор и декан на Уметничката Академија во Белград
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Извадено од интервју на Никола Ристаноски
-Кога вака размислуваш со хранење на духот а не колку си заработил од бизнисот,мислиш дека не ти се чудат луѓето?
*Многу ми е гајле.Јас само се обидувам да си го задржам чувството дека владеам со светот.Тие само мислат дека владеат,тоа не е точно.Јас владеам.
-Да не ти е ова твој привид?
*Јас немам привид .Прво,кога велам владеење не мислам на власт.Јас мислам на владеење со себеси .Владеењето со себеси значи владеење со светот.Мене не ме интерсира власт над некого.Колку сум јас подобар толку подобар ќе биде светот во кој живеам.Јас го правам светот.Е,сега сум малцинство оти е таква моменталната состојба.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
"Гроф Монте Кристо" - Александар Дима

"Моите мечти немаат граници - јас секогаш го сакам невозможното."

"Ние минуваме често пати покрај среќата, без да ја видиме, без да ја погледнеме, или ако сме ја виделе и погледнале - без да ја познаеме."

"За секое зло има два цара: времето и молчењето."

"На овој свет нема ниту среќа , ниту несреќа, има само споредба меѓу едната состојба и другата. Ништо повеќе.
"... до денот, кога Господ ќе го удостои човека да му ја разоткрие иднината, целата човечка мудрост се вклучува во овие два збора:
Чекај и надевај се !"
 

Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
"Не е наше да владееме со светот, туку да го искористиме времето што ни е дадено да помогнеме во борбата за искоренување на злото од полињата што ни се познати за следните поколенија да наследат чиста земја за обработување. Не е наше да одлучуваме какво време тие ќе имаат ниту да им го создаваме истото"

"Луѓе на лагата" - М. Скот Пек
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Because defining poetry is like grasping at the wind - once you catch it, it's no longer wind.

Mark Flanagan



All the rest is mere fine writing.


Paul Verlaine






The poet is a madman lost in adventure.

Paul Verlaine
 

macaparket

Oфицијализиран Паркет!
Член од
16 јуни 2009
Мислења
281
Поени од реакции
14
Пријателе! Ако сакаш да живееш меѓу луѓето научи првенствено да ја почитуваш сенката,а потоа парите. Но,ако сакаш да живееш само заради себеси и свое сопствено добро, тогаш совет не ти треба - (од чудесните доживувања на петер шлемил -- Шамисо)

Нам ни беа судени чудни работи. Од полн пехар пиевме многу сласт и многу горчлив бол.Пехарод сега е празен. Изгледа дека сето тоа било само искушение (од истата книга, ова кога и се обраќа на девојката)

Моите рани беа длабоки,а болката и тагата тешки за да можат неколкуте капки од тој горчлив мелем да ги залечат (Ѓ.Јакшиќ - Сиромашната банаќанка)

„парите се жешки, водата студена , а нивното срце - МРАЗ –“

Таму пак на оној крај што е свртен кон Галатското поле , под оние суви багреми, таму е нашата оставена куќарка , којашто Унгарците трипати ја палеа, во која љубев и плачев.А она таму, кај што се оние бели крстови - тоа се гробиштата.Ама се тешки овие спомени ах и сето тоа го оставив зад себе.Сето тоа го покри сива магла (Ѓ.Јакшиќ)

Оној кој никогаш не се сомнева, тој не верува вистински: тој само обожува. Верува во се што ќе му се каже. И ако налета на ѓаволот, ќе му поверува и нему. Вербата без сомнеж е слепа блудница, оти може да ги менува објектите на вербата без причина, ред и правило. И без љубов, оти се верува само кога се сака она во што се верува. (Венко Андоновски – Вештица)

*Со секоја солза на читателот, ја губат невиноста и приказната, и оној кој ја чита и обљубува со солзи. Така е тоа, затоа што писателот со крв ја пишува, а читателот со солзи ја допишува приказната. (Венко Андоновски – Вештица)

"Нарациите служат за да помине времето не забележано. Со други зборови, раскажувањата не носат право кон смртта, без да забележиме. Тие се анастезија. Затоа обично ефектот од раскажувањата, особено кај малите деца е заспивање, сон. Тоа е мала смрт. Која за среќа, ќе заврши со воскресението на будење, следното утро!" (Венко Андоновски – Вештица)

“Кој не ја видел - тој не се родил
кој ја видел а не ја вкусил - тој умрел
кој ја вкусил - тој не куртулил,
оти ќе живее.
Јас, а можеби и Ти” (Венко Андоновски – Вештица)

„Дали ќе биде среќен? Јована искрено се надеваше на тоа. Некако и се чинеше дека човек што е осуден секогаш да се стреми кон нешта што не може да ги има, за себе ги избира најстрмните и најтешките патеки. Таа ќе се моли за него, како и за сите други тажни и ранети души што мораат да патуваат сами.“ (Дона Вулфок Крос - Папата Јована, стр.286)

Вера е кога веруваш во она што не го гледаш (Папата Јована – Дона Вулфок Крос)

Верата е како синаповото семе. Го посадуваш во своето срце исто како што се сади семето во градината. Ако го негуваш семето ќе израсне во прекрасно дрво. Ако ја негуваш сопствената вера ќе го заслужиш царството небесно. (Папата Јована – Дона Вулфок Крос)

Прово просветлете ги народите, а потоа крстете ги. Не е праведно да го даваме своето покрстување пред да ја прифати умот верата и целосно да ја разберем. (Папата Јована – Дона Вулфок Крос)

Светот не е таков каков што ние би сакале да биде, без оглед на нашите толку вешти и страсни молитви... (Папата Јована – Дона Вулфок Крос)

Што е љубов? – Тоа што пленот го претвора во сокол, соколот во човек, а човекот повторно во пустина. Тоа е она што оловото го претвора во злато и го враќа златотот подземи. (Пауло Коељло – Алхемичарот)

Кога сакаш нешто целата Вселена прави заговор за да ја оствари својата желба! (Пауло Коељло – Алхемичарот)

Бог го има означено патот по кој треба да оди секој човек. Треба само да се прочита она што тој го има напишано за тебе. (Пауло Коељло – Алхемичарот)

Го испивме виното од нашите чаши, ја измивме бариерата помеѓу нас, ти беше и остана пред почетокот а сеуште не знаеш за тоа (Венко Андоновски – Папокот на Светот)

Зошто возрасните сакаат бројки? Кога има кажувате за некој нов пријател, тие никогаш не ве прашуваат за она што е суштинско. Тие не ви велат: ”Каков е звукот на неговиот глас? Кои се игрите што ги претпочита?”. Тие ве прашуваат: ”Колку години има? Колку браќа? Колку е тежок? Колку заработува татко му?”. Само на тој начин мислат дека можат да го запознаат.
Ако им кажете на возрасните: ”Видов една прекрасна куќа со розови тули, со китки здравец на прозорците и гулаби на покривот...” – тие нема да успеат да си ја замислат таквата куќа. Треба да им се каже: ”Видов една куќа која вреди сто илјади франкови”. Тогаш ќе извикаат:”О, колку е убава.” (Малиот Принц - Антоан де Сент-Егзипери)

Поголем број од луѓето се заспани. Се раѓаат заспани, живеат заспани, се женат и мажат заспани, ги одгледуваат децата заспани, умираат заспани, никогаш не будејќи се вистински. Никогаш не успеаваат да ја разберат убавината и чудесноста на тоа што го нарекуваме човечка егзистенција. (Анотни Ди Мело – Будење)

Јаков: Ѕидот во вашата глава. Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги. Одбивам да чекам како јаре пред Ѓурѓовден, како свиња пред Божиќ. Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе. Не сакам седативи. Не сум купче протплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот. (Горан Стефановски – Дупло Дно)

Јаков: Затоа што сум жив. Вам ви е сеедно. Луѓето копнеат ад умрат. Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да си се пензинориаат, пензиноерите копнеат по здравје, а сите копнеат да умрат и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе. (Горан Стефановски – Дупло Дно)

Сите среќни семејства си прилегаат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин. (Толстој – Ана Каренина)

Мирса: Велиш само мерак во срцето.... Ама меракот, што се вели, се излева од срце в лице. Се гледа тоа... (Бегалка – Васил Иљоски)

Трајко: Човечко срце поарно се крудисува, да речам, и од грлофон и од сат.
Велика: Срце е тоа, осеќава... Ако го стегнеш повеќе, ќе препукне.... (Бегалка – Васил Иљоски)

Tрајко: Раѓањето и умирањето е во божја рака. А за се друго треба таткото да гледа. На прво место за венчавање, зошто човек еднаш се раѓа, еднаш умира, и еднаш треба да се венча. (Бегалка – Васил Иљоски)
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Морав да го препишам овај извадок зошто навистина ми се допадна ...


Умирајки јас почуствував дека ке заминам в рај неспоредливо поспокојно ако успеам да намагарчам макар еден претставник од оној многуброен вид луге, кој ме прогонуваше целиот мој живот, кој јас го мразев целиот свој живот и на кој како толку истакнат претставник служи вашиот многупочитуван брат. Јас ве мразам Гаврило Ардалионович, единствено поради тоа што сте вие тип и претставник, олицетворение и кулминација на најдрската, најсамозадоволната , на најниската и најгадната обичност! Вие сте една обичност што е вообразена, обичност што не се сомнева и што е олимписки смирена, вие сте рутина на рутините! Ни на најмалечката сопствена идеја не и е судено да се зароди во вашиот ум, ниту во вашето срце, никогаш. Но вие сте безкрајно завидливи , вие сте цврсто убедени дека сте најголем гениј, но сомневањето сепак ве потсетува напати во темните мигови и вие се јадосувате и завидувате .О, вие сеуште имате црни дамки на хоризонтот, тие ке изчезнат кога вие конечно ке заглупите, што не е многу далеку, но, сепак, вам ви претстои долг и разновиден пат, не ке рачам дека е весел и тоа ме радува.

Идиот- Достоевски
 
С

Сатори

Гостин
Луѓето на кои им се случувало тоа, навистина живееле, дишеле, чувствувале и мислеле, а потоа умреле, исто како што беше со нас - ќе биде со нас. (Елизабет Костова)
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
They spoil every romance by trying to make it last forever.
-Oscar Wild
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
I would rather be ashes than dust!
I would rather that my spark should burn out in a brilliant blaze than it should be stifled by dry-rot.
I would rather be a superb meteor, every atom of me in magnificent glow, than a sleepy and permanent planet.
The function of man is to live, not to exist.
I shall not waste my days trying to prolong them.
I shall use my time.

- Jack London
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Ниту еден човек не е остров, сам по себе целина.
Секој човек е дел од од континент, дел од Земјата.
Ако морето однесе парче од Земјата -
Европа е помала
како да однело некој рт,
...како да го однело имотот на твоите пријатели или твојот...
Смртта на секој човек ме намалува мене
зошто и јас сум дел од човештвото.
И затоа, никогаш не прашувај за кого бијат камбаните,
тие бијат за тебе!

(Дон Џон)
 

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Бог не би требало толку да не искушува и да не води на страшното место каде што смртта и животот е едно исто. Тогаш, ни во најголемата покорност, уште неможев да разберам зошто од сите созданија, само на човекот му е дадено да може да го замрази својот живот. - Иво Андриќ

~ Да живееш значи да си слеп во однос на сопствените димензии. Кои се вашите димензии во космосот? Тие се ништожни. Од големата експлозија па наваму, вселената се шири и ние стануваме се помали и помали, се послаби и послаби. Затоа оставете ги димензиите. Престанете да ги делите човечките судбини на важни и неважни.
~ Сите ние постоиме единствено преку мислите, а нашите животи се само една обична мисла во вселенскиот ум.
~ Пустината, тишината и осаменоста се една иста работа допрена со различни сетила. Пустината се гледа, тишината се слуша, а осаменоста се доживува.
~ Крајот! Кого воопшто можеш да го обвиниш за крајот? Сонцето што се одалечува или себеси што несакаш да појдеш да го следиш? Сашо Кокаланов


Разоружан ме најде Амор и ми пријде
ми отвори тој пат од очите што води
до срцето.. Ах! Очи двер за солзи врели.

Но бесрамен без чест тој мене ми се вдаде
во таа состојба со стрела ме згоди,
а Тебе ниту лак ти покажа, ни стрели! Франческо Петрарка

~Мене ме интересираат само оние чекори што сум ги направил во својот живот за да допрам до себе самиот.
Сите убави точки каде што се одморав, сите среќни острови и рајски места чија привлечност не ми остана непозната, ги оставам да почиваат во сјајот на далечината, и не копнеам да стапнам уште еднаш во нив.
~ Внатре во нас има некој кој знае се. Херман Хесе
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
незнам дали ова е за тука али ке пишам.

Повеке се плашам од армија овци предводени од ЛАВ, однего од армија лавови предводени од ОВЦА. - Филип II-ри мислам го кажал ова
napoleon bonaparta
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
"Таков е животот: можеш да се претвориш во ангел, глупак или престапник - и никој нема да го примети тоа. Но ако ти недостасува едно копче, сите ќе забележат."Ремарк

"Сите сме ангели со по едно крило и можеме да летаме само, ако сме прегрнати!"- Luciano de Crescenzo

Бебето е ангел, чијшто крила се смалуваат додека рацете му растат. ~ Автор Непознат
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
*Последниот чај
Некои луѓе се како камења. Тоа од нив го прави љубовта. Не стареат не се менуваат. Има по некоја трага во нив, некој ситен знак остава врз нив сонцето, ветерот и дождот, но тие вечно стојат на своето место. И да ги тргнеш нивното место останува. Издлабено и точно по нивна мерка. Таа вдлабднатина е вечна како што е вечен и каменот. Засекогаш си припаѓаат еден на друг.

*Клетници
Постои една глетка што е поголема од морето, тоа е небото;
Постои една глетка што е поголема од небото, тоа е внатрешноста на душата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom