Цепелини

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.129
Поени од реакции
2.768
Еден малку подзаборавен воздушен транспорт кој згасна заедно со последните пламенчиња од она што беше гордост на предвоениот германски авиоинженеринг е на најдобар пат да се устреми кон небото.
На оние кои името на грофот Цепелин ги потсетува на огромните левијатани кои претставуваа прекуокеански транспорт во времето меѓу двете светски војни ќе им стане јасно дека станува збор за повторно враќање на цепелините како превозни средства.
Знаејќи ја судбината на претходните генарации цепелини ќе има некои нервозни наблудувачи додека гигантите поветуваат во воздух, посебно во немирно време. Но компаниите се убедени во безбедноста на нивните летала. Цепелин тврди дека нивниот НТ може да слета и на силна бура. Но сепак се согласуваат дека вистинска бура може да предизвика оштетување на цепелините, но сепак сметаат дека располагаат со хај-тек летала и дека Лејкхурст нема да се повтори.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Според мене најбезбедните воздушни летала..како што наброја некој технологии и тоа за слетување на бура..има посебни цепелини кои имаат гумирана кабина..која ја користат американските воздухопловни сили најчесто во региони како островои,џунгли,прашуми и слично..некој дури располагаат и со воздушни елиси надвор од својот погон..исто така не создаваат и голема брзина што додава дополнителна безбедност,исто така мислам дека се доста употребувани незнам зошто викаш дека згаснал воздушниот транспорт со овие превозни средства..сепак некој приватно поседуваат цепелини..иначе доста се атрактивни и во туристичките места...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
Освен за туризам, денес за се друго цепелините се тотална глупост. Припаѓаат на едни други времиња...
 
D

D_NazGUL

Гостин
Освен за туризам, денес за се друго цепелините се тотална глупост. Припаѓаат на едни други времиња...
Па пријателе ние пајтони ќе тераме повторно низ центарот па што да не и цепелини ...
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Абе ја мислев за цепелини во ракомет :pos::tapp:
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.129
Поени од реакции
2.768
Освен за туризам, денес за се друго цепелините се тотална глупост. Припаѓаат на едни други времиња...
Грешиш Human.
Цепелините можат да се искористат за пренесување товар, големи градежно конструкции, воена опрема.

Денеска постојат два начини на транспортирање големи и тешки товари од еден на друг континент. Брзиот начин е да се користи воздушен транспорт. Воздушните шпедиции наплаќаат отприлика 3,5 евра од еден килограм товар за превоз преку Атлантикот, и ја доставуваат робата за нешто помалку од еден ден.

Евтиниот начин е истиот тој товар да се прати со брод што би траело од 10 до 25 дена и би чинело околу 0,6 евра по килограм товар.
Цепелинот ќе биде побрзо средство од бродот за премин преку Атлантикот ќе му требаат околу 40 часа, а превозот ќе чини нешто помалку од едно евро по килограм товар што е поевтино од авионскиот транспорт.

Европската Компанија Карго Лифтер пресметала дека пазарот за подигање на тешки товари во САД вреди милијарди долари годишно, и дека цепелините можат да грабнат една десетина од тоа со леснотија. Нивниот Цепелин ЦЛ 160 со носивост од 160 тони или три тенкови т-72 не е толку радикален концепт но сепак е претендент за титулата „најголемо летало“. Со должина од 260 метри, ќе биде за 15 метри подолг од „Хинденбург“ кој, патем речено се уште ја држи титулата. Неговите изведувачи велат дека ЦЛ160 ќе биде многу побезбеден од неговиот претходник. Затоа што денес може да се користи хелиум. Хелиумот го дава истиот узгон како и видиридит (отприлика еден кубен метар за килограм), и е целосно инертен. КаргоЛифтер елиминирал уште една потенцијална опасност од пожар. Обвивката на ЦЛ160 ќе биде изработена од незапалива композитна материја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom