bobipp
Let's cook!
- Член од
- 15 август 2008
- Мислења
- 11.998
- Поени од реакции
- 7.154
Ова и плус ова, побитното....Епа ај нека е со лесно
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 13.08.2012 година. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,50 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 13.08.2012 година.
Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 63,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,042 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 13.08.2012 година. Така цената на М-1 НС изнесува 47,237 ден/кг.
Ова е четврто по ред поскапување на нафтените деривати во последниот месец и пол. Во овој период бензините поскапеа за 13 денари.
Значи да речеме ако пред 2 месеци си трошел 15л неделно да речеме (ова зборувам за татко ми конкретно пошто во Прилеп се вози, не во Скопје), значи месечно 60 л по 13 ден разлика....780 денари повеќе!!!
