Прв пат бензинот и дизелот со иста цена
Дизелот пак поскапува и цената му се изедначува со бензинот
Дизел горивото по полноќ ќе поскапи за половина денар, додека цената на бензинот ќе се намали за 1,5 денари по литар, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање. На забелешката дека цените се многу високи, Бислимоски рече дека тие не зависат од Македонија и нагласи дека кога некои „квази - експерти,“ кои беа актуелни за анализирање на пандемијата, се занимаваат и со толкување на цените на горивата, дека предвид треба да го земат и курсот на доларот кој достигна 59 денари.
Според најавата од Бислимоски, литар дизел - гориво ќе се продава за
110 денари, колку што со намалувањето за 1,5 денари ќе изнесува и цената на бензинот од 95 октани, односно
110 денари, а пак бензинот од 98 октани ќе има цена од
112 денари.