Кое е задоволството да се обвинуваат нацистите? Кое е задоволството да се обвинуваат криминалците?
Јас ги обвинувам религиите затоа што ги сметам за зло! Затоа што сметам дека се одговорни за сите назадувања во кои западнало човештвото. Тие мои обвинувања ги поткрепувам со факти, со аргументи! Не е тоа омраза, туку револт кон милениумите зад нас поминати во манипулација, лажни надежи и лицемерие!
Прашуваш со што би се занимавале сатанистите ако непостоеа религиите? Незнам, но најмногу од се би сакал лично да дознаам.
Јас не го наметнувам моето убедување на останатите! Не се расфрлам со лажна надеж! Не проповедам едно, за да правам сосема трето! Не замижувам пред фактите! Не ги потиснувам и не се срамам од своите нагони и особини, туку се обидувам да ги разберам и да уживам во нив! Не обвинувам никого, доколку не ја наметнува својата воља на мене! Не се покорувам никому, и не признавам господари! Ги почитувам оние кој го заслужиле тоа и ги презирам оние кој ми згрешиле....итн!
Хмм...далеку е, многу е далку пораката на Христос од нацистите и криминалците. Светлосни години далеку.
Селективно ги коментираш религиите (посебно христијанството) и врз основа на селективни анализи, ги прогласуваш за зло. Само го констатирам твојот метод и став. Од твоето излагање и претходните твои постови не гледам како сатанизмот на Шандор Ла Веј (твојот светоглед) е подобар од било која монотеистичка религија. Да се практикува сатанизмот не е потребен
никаков морален напор, па оттаму не гледам како сатанизмот е супериорен. Ги обвинуваш религиите за
сите назадувања во светот -- а за себе и твоите ги имаш
сите оправдувања. Само констатирам -- се обидувам да не обвинувам. Очигледно, има кој да го прави тоа. Инаку, ниту јас некого убедувам, ниту некому нешто наметнувам. Секаква агресија од таков вид ми е одвратна. За разлика од вас сатанистите, не ги презирам оние кои ми згрешиле, затоа што сум згрешил на многумина, и допрва ќе грешам. Не можам себеси да се оправдам, а за другите да имам поинаков критериум. Затоа, проштевањето ми е многу поконструктивно бидејќи води кон толеранција и подобро разбирање. Кон сите, па и кон тебе. И на крај, не знам зошто ти се сите тие извичници -- ниту се посебно убедливи ниту пак оставаат особен впечаток. Освен непотребно повишен тон.