Јас го разбирам тоа. И јас ги имам истите чувства.
Ама сакам да сфатиш дека тоа не е најефикасно решение на проблемот пред нас. Ако сакаме да спасиме максимум луѓе од глад, како што беше во примеров, наместо на поедници мора да мислиме на цели групи. Зошто ти ќе го спасиш тој што го гледаш, ама што е со 50 други што не ги гледаш? Што никој не ги видел?
Не сум толку паметен да ти кажам крајно, трајно решение. Да бев, ќе го кажев на сам старт. Но еве пример, сите тие средства што се даваат за сиромашни, комбинирај ги во еден фонд, потоа со тој фонд купи им земја на сиромашните што би можеле да ја обработуваат. Со тие твои пари ти им наоѓаш долгорочно решение за нивниот проблем, им даваш шанса да застанат на свои нозе, како што реков на почеток.
Значи ако го прочита добро мојот пост ќе видеше дека примарно зборев за сиромаштијата, а кога зборев за болните зборев за елементот на лотарија што е вклучен во сета таа работа. Или со други зборови: имаш 50 болни на кои им треба помош во еден даден временски интервал, имаш лимитиран буџет за донации. Што ќе правиш, ќе одбереш еден. И сите ќе одбереме еден. Најверојатно вкупните наши донации нема да бидат доволни за сите, така ќе имаш 5 што собрале доволно (и нешто више), 10 што за малку не собрале доволно и 35 што стигнале до пола и испод. Многу факинг ефикасно!
Ако бевме разумни ќе го платевме лекувањето за 20-мина.
И сега ќе речеш, како етички ќе го оправдаш тоа што бираш кои ќе живее а кој ќе умре. Па тој избор се прави и вака и така. И ако донираш пак бираш на кого ќе му донираш, а на кого нема.
Немаме доволно пари да ги спасиме сите. Барем да спасиме најмногу што можеме.