Христијанството и проблемот на злото

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Неможеш да идеш контра слободна воља. Воа ти е ко ако Бог е семоќен дали може да создаде камен толку тежок што не ќе може да го крене. Мрсење муда.
Која слободна воља, ој џенерале...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Која слободна воља, ој џенерале...
Не дирај ми Слобу...

:pos2:

Човекот има психологија на пијаница од пред гранапче, на кого никој нема да му продава едни извесни органи за бубрези. И да, западот ја уништи Југославија, а Слобо е најголемиот човек кој шетал по земјата...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Очигледно е дека авторот на темава сака да го докаже непостоењето на Бог преку злото.
Можеби се обидел да го направи тоа, но всушност го постигнал спротивното. На кој начин? Дозволете да објаснам.
Штом еден атеист се согласи дека постои нешто такво како „зло“, тој индиректно се согласува дека постои и нешто такво како „добро“.
Штом препознава категории како „добро“ и „зло“, тогаш тој препознава некаков морален закон кој ги диференцира доброто од злото.

Моралниот закон може да биде:
1. Апсолутен (дефиниран од Бог), или
2. Релативен (дефиниран од група луѓе, нација, врзан за одредено време и место).

Теза 1: Доколку тој морален закон е апсолутен, тогаш тоа подразбира и морален Законодавец т.е. некој висок морален авторитет што дефинира што е добро, а што е зло. А тоа е Бог.

Теза 2: Доколку тој морален закон е релативен, тогаш следува дека поимите како „добро“ и „зло“ се човечка измислица, вештачки термини. Страдањето, чувствата се само состојба на умот, хемиска реакција во нашиот мозок. Убивањето е дел од природната селекција, смртта е природен процес. Солзите се само солена вода предизвикани од некакви таканаречени „емоции“. Злото е фиктивна категорија, па оттаму излишно е и прашањето: „Зошто зло?“ кога терминот „зло“ сме го измислиле ние луѓето нели. Со други зборови, ако не постои Бог, тогаш не постои ниту зло, туку се е суетна и случајна рекомбинација на амотеми и молекулите.

Значи кога атеистите поставуваат прашања од типот „Ако постои Бог, тогаш зошто дозволува зло?“, тие со самото прашање го издаваат и постоењето на Бог.
Поздрав.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Значи кога атеистите поставуваат прашања од типот „Ако постои Бог, тогаш зошто дозволува зло?“, тие со самото прашање го издаваат и постоењето на Бог.
Поздрав.
Повторно криумчариш ветар на магла?

Темата е поставена да се покаже дека постои непремостлива контрадиција меѓу најдрагоценините тези на христијанството. Толку едноставно. Ако си способен, реплицирај на тезите, прекини со ефтината пропаганда и интелектуалното шарлатанство...

Ако ова ти беше врвот на она што имаш да го кажеш на темата, беше полошо и од аналогиите за света тројца...

Бљах, чуствувам скоро физичка одвратност додека реплицирам на твоите постови...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Повторно криумчариш ветар на магла?
Темата е поставена да се покаже дека постои непремостлива контрадиција меѓу најдрагоценините тези на христијанството. Толку едноставно. Ако си способен, реплицирај на тезите, прекини со ефтината пропаганда и интелектуалното шарлатанство...
Напротив, со горниот коментар покажав дека ти го правиш тоа и дека темава е себепобивачка, самопорекнувачка и воопшто не треба некој да реплицира затоа што самата себе си се побива.
Концептот на „бог“ кој што го опишуваш во воведот на темата не е христијанскиот Бог, туку тоа е „богот на Епикур“, за кој што и јас се сложувам дека е контрадикторен самиот на себе.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Напротив, со горниот коментар покажав дека ти го правиш тоа и дека темава е себепобивачка, самопорекнувачка и воопшто не треба некој да реплицира затоа што самата себе си се побива.
Концептот на „бог“ кој што ги опишуваш во воведот на темата не е христијанскиот Бог, туку тоа е „богот на Епикур“, за кој што и јас се сложувам дека е контрадикторен самиот на себе.
Тоа значи дека не се сложуваш со една (или повеќе) од тезите. Одлично, само уште да кажеш со која од нив? Еве, возможно е јас да имам крива претстава за христијанската теологија. Објасни ми фино која од моите тези не се слага со ортодоксијата во Христијанството?

--- надополнето ---

Zaratustra напиша:
Тоа значи дека не се сложуваш со една (или повеќе) од тезите. Одлично, само уште да кажеш со која од нив? Еве, возможно е јас да имам крива претстава за христијанската теологија. Објасни ми фино која од моите тези не се слага со ортодоксијата во Христијанството?
Нема одговор? Не ни мислев дека ќе има. Тоа само покажува дека освен за интелектуално шарлатанство не си способен за никаков друг облик на комуникација...
 
СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Не дирај ми Слобу...

:pos2:

Човекот има психологија на пијаница од пред гранапче, на кого никој нема да му продава едни извесни органи за бубрези. И да, западот ја уништи Југославија, а Слобо е најголемиот човек кој шетал по земјата...

Дража троле Дража, Слобо циаш :kesa:
 
СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Па где си легендо?

После Чорбаџијата, скоро да сум среќен што те гледам...

У Мексико , тегнам текила. Немој само да добиеш возбуда доле од толкава среќа.

И најде ли некој рамноправен на твоето IQ?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Зависи што ти значи поголема.
Што и да ти значи, ништо не е поголемо од Господ.
Писмото е јасно...ама кој навивач на христијанските догми да ја чита...:)

Се e тоа Негова воља. Не е нешто, не е дел... туку е се.

Исаија 45-6
Нека се знае од исток до запад дека се; вон Мене е ништавило. Јас Сум Господ и нема друг;
Исаија 45-7
Јас ја творам светлината и ја создавам темнината. Јас ја создавам среќата и ја доведувам бедата, Јас, Господ, го правам се тоа.’

Глад,смрт,страдања,метастазиран рак,сериски убијци,експлоатација,геноциди...
Ништо не е надвор од вољата Негова.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169

Не би сакал некого да наведувам на нешто, ама според цитираните делови, христијаните не би требало да бараат помош од лекар.
Како што и било во почетоците на христијанството, впрочем до кај 14-15 век повеќето лекари биле Евреи.
@Чорбаџија, не е убаво да ги извртуваш работите, темата не е 'Ако постои Бог, тогаш зошто дозволува зло?' туку 'Христијанството и проблемот на злото.'
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.998
Поени од реакции
83.378
Не би сакал некого да наведувам на нешто, ама според цитираните делови, христијаните не би требало да бараат помош од лекар.
Има и такви. На пример припадниците на Христијанската Наука. У Америка ваљда ги има највише. Они стално носат картица околу врат или у новчаник. На неа пишува дека се припадници на тој правец и да не им се помага (медицински). Картицата служи у случај да се во бесознание.
И да. Не идат на лекар и све друго такво, не примаат вакцини, жените им се пораѓаат дома и така натаму.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не би сакал некого да наведувам на нешто, ама според цитираните делови, христијаните не би требало да бараат помош од лекар.
Како што и било во почетоците на христијанството, впрочем до кај 14-15 век повеќето лекари биле Евреи.
@Чорбаџија, не е убаво да ги извртуваш работите, темата не е 'Ако постои Бог, тогаш зошто дозволува зло?' туку 'Христијанството и проблемот на злото.'
И лекарите не се надвор од Неговата воља.
И нивниот успех или неуспех исто така не е надвор од вољата Негова.
И да оздрави пациентот и да не оздрави се е тоа Негова воља.
И да верува некој и да се држи до Писмото и некој да е ха-це атеист, исток или запад...
Тоа што ти си атеист е Негова воља.

Се !

:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom