Хрватска не треба да се прими во ЕУ

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Хрватска во ЕУ да се прими откако ќе се справи со корупцијата

22.12.2010 - 11:29 |

Хрватска не треба да се прими како членка во Европската унија се додека не се справи со својата корупција и да покаже дека е земја во која е воспоставено владеењето на правото, пишува „Фајненшл тајмс“.

Лондонскиот весник инсистира дека покренувањето истрага околу обвинувањата за подмитување на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е неопходна за да може властите во Загреб да ги уверат сите во ЕУ дека оваа земја ја напуштила културата на корупција и нејзиното неказнување.
Весникот кој важи за силен поддржувач на процесот за продолжување со ширењето на Унијата кон Западен Балкан, смета дека сега е моментот Брисел посилно да притисне врз хрватсаката Влада поенергично од досега да се пресмета со домашната корупција. Досегашното искуство од работењето на ЕУ, според „Фајненшл тајмс“, покажува дека таа е поефикасна додека земјата што претендира да влезе во Унијата е само кандидат, отколку кога ќе биде дел од европското семејство, илустрирајќи го тоа со случајот на Бугарија и Романија.
Овие две балкански држави имаа сериозни проблеми со владеењето на правото додека се подготвуваа за полноправно членство и работеа засилено на поправањето на состојбите, но откако пред да се заврши со тој процес, сепак, на 1 јануари беа примени во ЕУ, во времето од тогаш малку што се направи за да се заврши со елиминирањето на корупцијата и со целосното уредување на владеењето на правото.
Прераното примање на Хрватска, затоа не само што ќе значи повторување на грешката, туку би можело да предизвика уште едно неуспешно примање, како што тоа беше во бугарскиот и романскиот случај, да предизвика целата ЕУ да се сврти против продолжувањето на процесот на проширување, предупредува овој весник.
Ширењето на ЕУ е еден од нејзините најголеми успеси, затоа што помогна да се воспостави демократијата и владеењето на правото во средини што беа познати по автократското управување. Тоа сега треба да се случи и во балканскиот регион, а ЕУ е определена да го направи тоа и во овој дел од европскиот континент, што налага да не се избрза со примањето на Хрватска во нејзините редови додека не покаже дека има механизам за борба со корупцијата, не само во нејзин интерес, туку и за да не се загрози процесот на проширувањето, заклучува „Фајненшл тајмс“.


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/balkan/hrvatska-vo-eu-da-se-primi-otkako-ke-se-spravi-so-korupcijata
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
ќе и го накршат ако не ја примат- :pos: и онака хрватите се изјаснија дека се против влез во еу
не се ни свесни колкава услуга ќе и’ направат
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
mnogu im e gajle na hrvatite,,abe sto se zanesuvaat ovie od EU??? :tapp:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Ако Хрватска не може во ЕУ заради корупција, како тогаш Бугарија влезе во ЕУ!? :toe:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.633
Поени од реакции
11.703
Ако Хрватска не може во ЕУ заради корупција, како тогаш Бугарија влезе во ЕУ!? :toe:
од стратешки цели секако..како бугарија така и романија не исполнија ни еден услов за влез ама влегоа се ради тоа што покажаа интереси кон русија, тој рецепт треба ние да го искористиме:salut:
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Ponizuvacko e nekoj da vleze vo EU, cim Bugarija i Romanija stanaa clenki na EU, ne treba nikoj da vleze, ednostavno ne treba da se vleze samo zaradi politickiot kredibilitet....
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ponizuvacko e nekoj da vleze vo EU, cim Bugarija i Romanija stanaa clenki na EU, ne treba nikoj da vleze, ednostavno ne treba da se vleze samo zaradi politickiot kredibilitet....
Абсолутно те подржувам,доста понижувачки ке е :)
Дjaвола бега от тамjaна.


Ке видите,дека Хрватска ке биде приемена до краja на 2012.
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Абсолутно те подржувам,доста понижувачки ке е :)
Дjaвола бега от тамjaна.


Ке видите,дека Хрватска ке биде приемена до краja на 2012.
A ako Hrvatska ne saka da vleze???

Evo hrvatskiot narod ne sakat da vlezat vo EU...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.604
Абсолутно те подржувам,доста понижувачки ке е :)
Дjaвола бега от тамjaна.


Ке видите,дека Хрватска ке биде приемена до краja на 2012.
Денес кажа некој дека во 13-та ќе биде тоа.

Во секој случај Polaris претерува, затоа што ја мрази Бугарија. Но навистина, Хрватска е барем на око доста посредена држава од Бугарија, а 100% и од Романија. Зборувам од искуство.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
A ako Hrvatska ne saka da vleze???

Evo hrvatskiot narod ne sakat da vlezat vo EU...
Се додека нема реферндум, ни jaс ,ни ти можем да кажем дали сака или не. Се друго е спекулациja.
Политичкиот им врв са решили да го направат.

--- надополнето ---

Денес кажа некој дека во 13-та ќе биде тоа.

Во секој случај Polaris претерува, затоа што ја мрази Бугарија. Но навистина, Хрватска е барем на око доста посредена држава од Бугарија, а 100% и од Романија. Зборувам од искуство.
Добро и 2013 да е,но Хрватска е следната. Това многу трудно ке се смени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom