Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.373
L

.Lost Angel.

Гостин

Вага и рак – љубовна комбинација

Кога вага и рак се во љубовна врска, тие меѓусебно си ги надополнуваат оние работи кои недостигаат кај секој од нив. И двата знака бараат сигурност и безбедност во врската и уживаат во убавината и задоволствата кои ги пружа животот. Кога имаат иста цел, вагата и ракот умеат хармонично да ги „измешаат“ нивните енергии. Овој пар може побавно да прогресира во однос на други, бидејќи на почетокот ним може да им изгледа дека немаат ништо друго заедничко освен потребата за добро друштво, блискост и убавина. Но, ако си дадат повеќе време за да се запознаат подобро, ќе препознаат многу квалитети кај секој од нив, кои вредат за почит.

И на вагата и на ракот им е многу важно чувството на среќа и изразувањето на мислите и чувствата. Ракот го привлекува шармот, воздржаноста и тактичноста на вагата, а нејзините дипломатски способности може да го смират и во најкритичните ситуации. Од друга страна, вагата која е љубител на естетска убавина и хармонија, го почитува ракот поради неговиот инстинкт за негување на домот и безбедноста која доаѓа во пакет. Ракот има тенденција да избрзува со заклучоците и да донесува непромислени одлуки без да ги знае сите факти. Затоа е тука неговата вага која може да му помогне да ги види и другите перспективи на ситуациите. Ракот е предводен од Месечината која ги симболизира чувствата, а вагата од планетата Венера која е симбол на љубовта. Овој пар дели заедничка љубов кон домот, семејството и романтиката. Овие партнери најчесто би избрале хармоничен однос во врската, а не карање. Повеќе од која било друга љубовна комбинација, овој астролошки пар внесува чувство на топлина, нежност и стабилност на луѓето околу него.
Наспроти нивното согласување и единство, кај овој пар може да се јават несогласувања. Во тој контекст, вагата ги формира своите ставови врз база на разумот, па понекогаш може да се однесува супериорно и снобистички спрема својот љубовник. Од друга страна, ракот го гледа светот низ „емоционални леќи“ па лесно можат да му бидат повредени чувствата. Додека ракот го креира мислењето врз база на инстинктот и говорот на телото и е задоволен кога се земаат предвид неговите чувства, вагата бара нешто што ќе ѝ го стимулира умот, обидувајќи се да ја најде логиката на нештата. Поради ваквите разлики, на овие партнери понекогаш им е тешко да се разберат еден со друг. Конфликт може да настане и доколку ракот е премногу нерасположен и намќорест, а вагата премногу иронична и провокаторски настроена. Наместо да се караат кој повеќе се бори за врската, кој ги носи одлуките или кој ја одржува контролата, двата партнера треба да научат дека тие имаат различни гледишта кон светот. Ако неодлучноста на вагата го иритира ракот, таа може да ги употреби својот шарм и справедливост и да се согласи со неговите одлуки, но за таа цел тој мора да престане да се мурти. И двата хороскопски знаци се иницијатори по природа, што значи дека кога нивните идеи и погледи се разликуваат, настанува вистинска војна.
Која е најдобрата работа во оваа љубовна комбинација? – Нивната заедничка почит кон стабилноста, хармонијата во домот и љубовта кон удобниот живот. Сличните вкусови и желби ги зближуваат овие партнери, кои целосно се предаваат на врската и заеднички уживаат во нивната одлична смисла за убавина.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 20:18 ---
Вага и овен – љубовна комбинација

Јас ви гарантирам дека е оваа љубовна комбинација бидејќи мојата поранешна девојка беше овен одевме скоро 4 год. Можам дека вистина е дека ова е комбинација 70 % поделе во текстот е точно :)

Вага и овен се спротивни знаци во зодијакот, а сите знаеме дека спротивностите се привлекуваат. Љубовта помеѓу нив се раѓа уште од самиот почеток, како резултат на нивното огромно уживање во заеднички поминатите мигови. Вагата сака баланс во сè, додека овенот не знае што значи зборот воздржаност. Вагата ја привлекува храброста, решителноста и иницијативноста на овенот, како и неговата подготвеност да презема ризици. Овните се цврсти личности, кои имаат свое мислење за секоја тема, но понекогаш избрзуваат во своите постапки. Вагите пак, се високо интелигентни и аналитични личности кои сакаат да соработуваат и да ги решаваат работите по мирен пат.
Присуството на вагата во животот на овенот може многу добро да му влијае, доколку тој научи да ја слуша. Шармантната вага внесува хармонија во врската и таа може да го научи овенот да се однесува со стил. Овенот за возврат може да ја научи неодлучната вага да донесува одлуки базирани на интуиција и да ги претвори идеите во реалност.
Овенот е секогаш добро друштво, од кое не може да ви досади. Вагата е софистицирана личност, која секогаш се труди да биде одмерена во односите со своите пријатели, додека овенот има побунтовен дух кој вагата може да го контролира со својот хумор.
Во кревет, вагата и овенот се страсни љубовници, кои обострано уживаат во нивниот сексуален апетит. Нивните очи може да почнат да „шараат“ по други луѓе, но само доколку им стане здодевно. За да не се случи тоа, овенот и вагата треба да се потрудат да го одржуваат нивниот однос жив и непредвидлив. Вагата сака да стапи во брак кога ќе дојде вистинскиот момент за тоа, но овенот не е сигурен дали сака да биде засекогаш врзан со една личност. Ако вагата сака да го задржи овенот во своите прегратки, ќе мора да го натера да поверува дека идејата за брак била негова.
И двата знака имаат тенденција да започнуваат работи кои никогаш нема да ги довршат, без разлика дали станува збор за работа или за љубов. Навидум, во нивната врска лидер е овенот поради неговата моќна енергија и способност за убедување, но вагата е интелектуалниот лидер. И двата знака сакаат да ги држат конците во врската, па за да го добие овенот тоа што го сака може да се послужи со закани, а вагата со манипулација. Компромисот е основна алатка која може да го сочува здравиот дух на оваа врска. Среќа што дипломатската вага умее да ги балансира работите, за разлика од овенот кој мисли дека попустливоста значи потчинување. Поради тоа, вагата ќе мора да се труди да ги исполнува желбите на овенот, за да ја задржи хармонијата во врската. Од оваа љубовна комбинација обата знака можат да научат многу, бидејќи секој од нив го надополнува она што другиот го нема.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 20:30 ---
Вага и девица – љубовна комбинација

Кога вага и девица стапуваат во љубовна врска, тоа доаѓа како спојување на две парчиња од сложувалка. Двете парчиња перфектно се совпаѓаат и комотно си го наоѓаат своето место. Двата знака се препознатливи по тоа што бараат сигурност во една врска и сакаат да споделуваат љубов, убавина и култура.

Практичноста и задоволството се многу важни за двата знака, па така тие се надополнуваат еден со друг на многу начини. Девицата многу ги почитува шармот и дипломатскиот карактер на вагата, додека таа знае како да ги „израмни“ работите кога девицата не го добива тоа што го сака. Вагата ги цени љубовта и мирот кои ги нуди девицата, но и материјалните награди кои доаѓаат со нејзе. Исто така, овие два знака се спремни и секогаш целат да ги согледаат и двете страни на случувањето, па така тие заедно можат да донесат одлука само после согледувањето на сите факти. Доколку вагата е иницијаторот во врската, тогаш девицата е онаа која знае да ги води започнатите работи до крај.
Вагата и девицата ценат површни задоволства и често сакаат да собираат кинески и коскени предмети, уметнички дела и фотографии. Исто така уживаат да посетуваат театарски претстави, но и какви било други настани од уметнички карактер.
Планетата Меркур ја предводи девицата, додека вагата е под влијание на Венера. Бидејќи девицата е одличен комуникатор, аналитичар и мислител, овие партнери уживаат во долги и искрени разговори. Заедно, тие носат радости и убавина на светот околу нив. Вагата сака да теоретизира за многу различни работи, додека девицата е повеќе прагматична. Девицата секогаш се запрашува „Како ова ќе ми помогне да си ги постигнам моите животни цели?“, додека вагата се фокусира на она што нејзе ѝ се случува, без разлика колку е важно тоа.
Оваа врска на почетокот може да биде малку полабаво поставена, додека двајцата партнери не научат да се почитуваат повеќе. Понекогаш се случува да настанат и некои недоразбирања. Конфликтите најчесто започнуваат кога девицата станува премногу критична и кога вагата ја започнува својата игра на манипулација. Во таквите ситуации и двата партнери треба да сфатат дека нивните гледишта кон светот се различни и треба малку да ги „оладат“ работите.
Во оваа врска, вагата на некој начин „ги држи конците“. Девицата знае да биде безгрижна и задоволна, па така вагата без да ја премине границата умее да се наметне како доминантна. Понекогаш неодлучноста на вагата може да ја иритира девицата, но вагата многу лукаво знае да ги согледа сите страни на проблемот и лесно да се сложи со нејзините одлуки и гледишта.
Најдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е сличниот вкус и заедничките интереси на вагата и девицата, кои создаваат баланс и хармонија во врската.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 21:08 ---
кога вага и риби се во љубовна врска, тие имаат урамнотежена романса во која партнерите одлично си одговараат. Овие два знака се многу компатибилни и градат навистина „мазна“ љубовна врска. Двата знака живеат во склад со естетиката, но исто така имаат и доста да си понудат еден на друг.
Кога рибите ќе се загубат во фантазии, вагата со својата склоност да балансира може да му помогне на партнерот да се врати на правата патека, додека тој ќе возврати со тоа што ќе ѝ помогне на вагата да ја види убавината во љубовта и соживотот. Ова е искрена врска која ги вреднува хармонијата и вистината во љубовните односи и во светот воопшто.
Овие два знака покрај тоа што се одлични љубовни партнери, се и многу добри другари. Тие меѓусебно се разбираат. И двајцата можат да бидат неодлучни и да имаат тенденција да се насочуваат кон повеќе работи одеднаш.
Проблеми помеѓу нив ретко се јавуваат, но вагата некогаш може да биде премногу манипулативна со рибата. Понекогаш може да се случи тие дури и да престанат на сред некоја работа поради својата неодлучност. Ако работат заедно на проект, без разлика дали станува збор за подобрување на нивната љубовна врска или нешто друго, може да биде тешко да тргне работата напред. Доколку вагата и рибите имаат некаква кавга, тие гледаат што побрзо да си простат и да заборават на тоа. Вагата не поднесува кавги и ќе направи скоро сѐ за да ги избегне, а рибите поседуваат голема емпатија и се во состојба да простуваат, разбирајќи ја позицијата во која се наоѓа нивниот партнер.
Вагата е водена од Венера (љубов), а рибите од Јупитер (среќа) и Нептун (илузии). Овие два знака се доста компатибилни поради тоа што женските енергии на Венера и Нептун функционираат како тандем. Под влијание на Јупитер и Нептун, рибите се многу замислени. Влијанието пак на Венера на вагата, ја прави заљубена во љубовта. Вагата е знак на партнерството и се чувствува поудобно кога се наоѓа во интимна љубовна врска. Двата знака ги користат двете глави за да ги решаваат проблемите, што е добитна комбинација. Најдобрите одлуки ги донесуваат и со помош на емоциите и со помош на разумот, заради што оваа врска е флексибилна и може да се подобрува.
Сепак, кога ќе им се случи некаков проблем, тие ја губат способноста за комуникација. Вагата која знае да биде манипулативна, може да го игнорира партнерот со молчење. Во оваа врска, секогаш има скриени струења на неслога, но ниеден од партнерите никогаш нема да се осмели да почне дискусија за нешто вакво. Иако може често да имаат несогласувања, нивните разлики во размислувањата не траат долго.
Единствен реален проблем кој можат да го имаат, може да произлезе од нивната тенденција да го забавуваат случувањето на работите, до степен сосема да ги игнорираат кога ќе се видат на наредниот состанок.
Вагата добива нови идеи и почнува со работа на нови проекти, додека знакот риби се сложува да ја следи вагата во ова и прифаќа каква било улога која ќе му биде доделена. Ако двајцата почнат да работат на проект кој не се однесува на нивната љубовна врска, тие добро ќе функционираат заедно. Тие се однадвор скромни, но вагата сака да добива признание, а на рибите тоа не им пречи. Исто така, ако на вагата ѝ се случи да се загрее за некоја идеја и потоа наеднаш да се премисли (што често се случува), на рибите нема да им пречи и тие да ја променат насоката.
Најдобриот аспект од нивната врска е нивниот заеднички интерес за помагање на други луѓе во светот. Тие се одличен пар заради ентузијазмот, енергијата и желбата за искрена врска.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Добро ова раковиве имаат ли гордост? Ем ќе го отераш у мајчината ем пак ќе се врати. Шо треба да ви направи човек за да се откачите?
 
Л

Лигеја

Гостин
Добро ова раковиве имаат ли гордост? Ем ќе го отераш у мајчината ем пак ќе се врати. Шо треба да ви направи човек за да се откачите?
Рак не можеш да отераш туку така.За емоции се работи кои можат да траат и со години.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Значи само добро млатење и правец на хирушко.
Знам како ти е, си имав јас работа со еден рак на времето... Се глеавме онака безврска, си фатив дечко, раскинав, и ете ти го пак он се избацува после 4 години и ми вика јас се уште имам чуства за тебеo_O .Не можеш лесно да ги откачиш :))))
Арно ама, го упознав со една другарка, се деси искачање во кафана, се спанџаа, и ептен ми беше мило ем за него ем за мене :icon_lol:
 
Член од
12 февруари 2013
Мислења
7
Поени од реакции
1
Верувате во хороскопи, натални карти и слично?
За хороскопиве по веснициве несакам да коментирам, но за наталните карти...хммм...мислам дека доколку е изработена од човек кој навистина се разбира од астрологија, наталната карта може да предвиди навистина некои работи.
Ваши мислења или искуства?

Едитирано од модератор (додадено објанувањето од Тоше):
Па донекаде да верувам во хороскоп .:)баш и општите карактеристики кажувам за мене во хороскоп сум РАК потполно се точни се принајдов ама баш во тие карактеристики и редовно следам хороскоп :) повејкето е точно..
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Добро ова раковиве имаат ли гордост? Ем ќе го отераш у мајчината ем пак ќе се врати. Шо треба да ви направи човек за да се откачите?
Имам дома застава пиштол ако сакаш ќе ти го позајмам :D
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Није тачно :D бар за мене

:cautious:

Вага

Вагата копнее по одличен шопинг, по можност во странство, во некоја од европските метрополи. Доколку притоа ѝ се укаже можност да влета на некоја модна ревија или на after party на џет-сетот на некоја јахта, сето тоа проследено со вкусни деликатеси и квалитетен алкохол, ќе се врати дома со исполнето и задоволно срце.


Јас сакам да одам во природа и таму да го поминам викендот но океј сега и шопинг сакам ама повеќе природа - селце ова она :D
--- надополнето: 12 февруари 2013 во 21:43 ---
Фала имам шлепер :)
Е тоа е веќе подобра идеја :)
 
А

Атомската мравка

Гостин

Kajgana Shop

На врв Bottom