Хорор новели

Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Друже никаде не пишав дека е лош единствена критика ми е што има расизам во делата.
Знам. И ја ти кажуем зошто е лош писател од технички аспект (ради стилистиката), ама зошто е и најбоље. Се надополнувам на Берик.
Ова „не е лош ради расизмот", повише сакав да ти кажам дека ако му наоѓаме замерки, тоа не треба да биде расизмот поради историскиот контекст, не дека ти велиш оти е лош. Ерже, еден од најдобрите стрип артисти, има еден серијал „Патувањата на Тинтин" и има една епизода у која Тинтин иде у Конго и црнците се претставени скоро ко мајмуни. Ама тоа не е ништо чудно за времето у кое пишувал. Честопати, сеа ги гледаат тие дела низ оваа културолошка призма, а нема потреба.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
https://www.amazon.com/House-Leaves-Mark-Z-Danielewski/dp/0375703764

Мислам дека оваа книга е единствената што ја имам прочитано, а да не може да се чита(слушање не иде во предвид) на никој друг начин освен во оригинал(на англиски/hardcover). Ми ја донесоа во 2005/06-та, тогаш 70 евра, сега и за 20 може да се најде.

Спојлери не пуштам, некој ако сака да ја чита, подобро да не знае ништо, ама уникатна е...



...и во стилот и во начинот на презентација(барем јас немам сретнато нешто слично).
Сестра му на писателов е, инаку, нешто како Аланис Морисет од почетокот на 21-ви век. Најпознатиот албум и е инспириран од книгава.

 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.471
Поени од реакции
4.305
Нешто нешто Alan Wake играта...
ама не. Ако сакав да гледам демонични текстови и шкработини на мрднати...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Лавкрафт не е лош поради расизмот во делата (земи го историскиот контекст кога гледаш такви работи). Лавкрафт е лош писател поради стилистиката. Пишувал предолги реченици со непотребни придавки, се изразувал некохерентно и екстремно лошо пробувал да биде Англичанец. Јас му имам читано неколку дела и тоа со огромна мака. Повеќето се слагаат дека Лавкрафт не пишувал добро. Oн бил писател што прво пишуел за „Weird Tales“, списание за палп фикција у кое пишувале фаци како Роберт Хавард и Блоч и не бил баш обучен занаетчиски (иако не е нужно да бидеш за да си стилистички добар). За некое чудо, многу работи од тоа списание стануваат култни и фациве имаат екстремно влијание на жанровите што ги набројав. Таму Хавард ги пишуел приказните за Конан (он е татко на фантастичниот поджанр „Меч и магија“), „Црвите од земјата“ итн. Лавкрафт, на пример, е стилистички многу полош од Хавард.

НО!!!!
Од аспект на инспирација, Лавкрафт е еден од највлијателните писатели во историјата на хоророт. Неговиот космицизам е таткото и инспирацијата на милион популарни хорор дела, научно фантастични дела, епски фантастики, мрачни фантастики и тристо други чуда. Од „Осми патник“ и „The Thing“, до WoW, MTG и скоро све со тентакл у него. Сите овие, Стивен Кинг, јада јада, црпат тешки инспирации од Лавкрафт. Дури има и една тајна ложа која верува дека Дагон, Ктулу и остала банда се реални ентитети или архетипови. Според нив, Лавкрафт не знаел дека инспирациите ги црпи од колективното несвесно. До тој степен е влијателен. :D
А кога се гледа величината на еден писател, чинам дека инспирацијата е најзначајната работа, стилистиката и другите занаетчиски работи се вежбаат до некаде иако и во тоа има уметност. Од тој аспект, Лавкрафт е еден од најзначајните хорор писатели во историјата.

Еден од најзначајните придонеси на Лавкрафт во хорор жанрот е надминувањето на антропоцентричните (па и геоцентричните) рамки.
Наместо духови, врколаци, вампири и зомби апокалипси, наместо демони за кои најважно од се' е да ќарат што е можно повеќе бесмртни души, Х.Ф.Л. ја отвора вратата на ентитети за кои човекот и неговата цивилизација, историја, наука немаат никакво значење или тоа е сосема мало, во секоја смисла на зборот. Ликовите, кои никогаш не ги осмислувал најдобро, обично се беспомошни и безвредни сведоци на манифестации кои бескрајно ја надминуваат човечката имагинација, логика итн (Лавкрафт се грижи ликовите да се образовани, рационални, присебни, за приказната да добие тежина). Опасноста, најчесто, е во тоа што продорот на овие суштества во човечкиот свет неминовно би значел крај за луѓето, кои би завршиле не како омразени жртви, туку како најбанална колатерална штета.

Лавкрафт не е кој знае каков стилист, а тоа со слабите преводи само е понагласено. Последниве години излезе од печат поголема збирка негови раскази преведени на српски со наслов „Некрономикон“, која ценам дека вреди да се прочита.
Потекнувал од специфично семејство, живеел во сложено време, и секако бил посебен типац. Антисемит кој едно време бил во брак со Еврејка. Расист? Секако, како и повеќето белци во САД тогаш. Умира во 1938 година, само 17 години пред Роза Паркс да биде уапсена подари одбивање да отстапи седиште во автобусот на белец.
„Weird Tales“ го објавуваат Лафкрафт, но неретко си дозволуваат и „коавторски“ привилегии без согласност и знаење на авторот. Иако повлечен, Лавкрафт сакал да се допишува со своите колеги (и Хавард е еден од нив), а некои проучувачи сметаат дека вистинскиот Лавкрафт многу повеќе го има во тие (некогаш доста опширни) кореспонденции отколку во расказите, и единствениот, краток роман што го напишал.
Инаку навистина постојат оклултни групи кои ги зеле здраво за готово фантазиите на овој закоравен атеист и убеден материјалист. Некаде имам книга во електронска форма од или за Кенет Грант (телемит?), ама ме мрзи да ја барам, а и не знам дали ќе ја најдам, во која опширно и сериозно се расправа за Јог Сотот, Азатот и другите дечки од тој дрим-тим.

Р.Е.Ховард е потценет. Јас го немам читано расказот „Црвите од земјата“, па не можам да имам мислење за тоа како е напишан. Но она што го напишал а е поврзано со Конан, па и дел од она со Кул, односно Кејн, колку и да ми е забавно за читање, ми нема стилистичка тежина, и ако е поубаво напишано од прозата во Лавкрафт, се работи за слаби нијанси.
Но како што реков, потценет. И тој е автор со богата имагинација, кој создавал пред Толкин и иако во многу работи далеку заостанува зад професорот, сепак е неправедно оставен на маргините на е.ф. жанр. Сепак, со тој краток животен век, во тие мизерни американски години, неговото творештво и имагинација заслужуваат повеќе почит.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.626
Поени од реакции
31.828
Кога сме кај типов, лани го открив ова. Фантастично склопено. Го препорачувам.
Инаку пред некоја година го читав и ми беше сосема ок и добар, забавен, воедно морничав , не некој нашминкан стил (што по мој вкус во овој правец не сакам богат стил).
Мислам дека боледувал и од депресија (ко шо се сеќавам негде имав прочитано)

 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Кога сме кај типов, лани го открив ова. Фантастично склопено. Го препорачувам.
Инаку пред некоја година го читав и ми беше сосема ок и добар, забавен, воедно морничав , не некој нашминкан стил (што по мој вкус во овој правец не сакам богат стил).
Мислам дека боледувал и од депресија (ко шо се сеќавам негде имав прочитано)

Колку што се сеќавам од прочитаното, и двата родители на Лавкрафт завршиле во лудница, што секако му претставувало товар на повеќе начини. Најпрвин, страв од генетската подложност, со дуплирани шанси, а и средината имала нешто да каже околу ова (ако му значело воопшто). Често имал кошмари, кои ги преточувал во проза, бил болешлив, и скоро секогаш на работ на егзистенцијата. И неприлагоден ни на времето во кое што живеел, а ни на луѓето. Повлечен, тивок, пристоен човек. Аматерски се занимавал со астрономија и објавил неколку текста на оваа тема во аматерски списанија. Живеел кратко и далеку од среќно. Починал од рак. На погребот присутните се броеле на прсти (при што на Логен од делата на Џ.А. веројатно би му требала само една од рацете да ги изброи сите).
Од друга страна и авторот на Конан врвел тешко низ животот и кога разбрал оти мајка му е во кома и нема да преживее си свирнал куршум во главата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom