Хомосексуалност (општо)

Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци

  • Вкупно гласачи
    1.127
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.070
Поени од реакции
6.552
Секаде ги тепаат, некаде и ги убиваат. Прогуглај и ќе видиш....
(Извини за муабетов како пред кооперација, на нога пишувам)
Глупави митови.
Ајде да видиме до каде сме со основни когнитивни способности. Во РСМ има многу федери кои се изјасниле како такви, ако не се лажам дури на Еуросонг бил пратен пејач со такви склоности. Значи сите кои се такви а живеат јавен живот никогаш и никаде не биле дискрминирани нит тепани.

Да видиме еден, единствен линк каде некој федер бил тепан, колен,бесен, одран жив, запален во буре, hanged, drawn & quartered или било што.
Еден.
Автоматски споено мислење:

Сето ова е убаво, но мама не треба да го крие под фустанот целиот живот. Најголемата поддршка треба да си биде самиот он (или самата она). Тука е и друштвото, семејството, но тука се и родителите. Зборувам општо. Сега хормоните работат кај тебе, тазе мама, но со текот на времето мора да го подготвиш за предизвиците во животот. Верувам и дека ќе го направиш тоа.

Секако, да ти е живо и здраво бебчето, никој не му посакува лошо. Но од одредени работи не треба да се отстапува. Јасно ми е дека идеолошки сме многу многу далеку, но може да се сложиме дека основата на моралот, во самото општество, кај сите треба да биде поставена на една иста основа. Барем во форма на начела или општи принципи кои ќе бидат облигаторни. Дури и не ја форсирам идејата дека истите би било идеално да бидат систематизирани во највисок општ правен акт. :D

Никој не сака да гледа видеа каде ги тепаат педерите во Русија. Или каде ги убиваат и затвораат во Кина. Или фрлаат од зграда во Арабија. Сето тоа треба да се осуди и искорени. Исто, дека не треба да бидат влечени по институции и да се прават експерименти на нив.

Покрај моралот, левицата и десницата барем мораат да се сложат и околу основните човекови права и слободи, после секој нека се бори за својата кауза. Општиот консензус е одличен знак за политичката клима и односите во општеството. Ете ни тука не ја форсирам и идејата за темелните вредности на Уставниот поредок. Нека биде наједноставно што може. Дали требаат сет посебни права? За тоа нека одлучи електоратот, а не невладините или лоби групите. Кај нас само невладините галамат.

Но да немавме несогласувања, немаше да има ни дебати. Јасен ми е ставот дека не гледаш полза во дебатирање со неистомисленици (нема цел!), но тука се вадат најдобрите аргументи, се прошируваат хоризонтите, но и можеби се менуваат и одредени мислења и ставови. Така променив одредени ставови. :)
Има луѓе кои менуваат ставови под терет на аргументи и факти, тоа е одлична карактерна црта.
Но имаш луѓе, како оваа овде, пред неа да излезе аргумент поголем од Мон Блан нема да го види. Тоа ти се лица кои си фураат некоја идеологија, обично она што научиле на ТВ, во случајов колку се супер хомосите и си тераат така.
Некои рака на срце, немаат ментален капацитет да сфатат што е тоа аргумент.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.516
Поени од реакции
11.482
Токму така. Ова ме повлече на темава.
Сите вие што не би се секирале дали вашето дете е геј, размислувате ли дека нема да биде омилено во неговата средина, посебно кај нас? Сакате само да е среќно, независно од определбата. А што ако не биде прифатено? Тоа ли е среќа?
Баш заради тоа што размислувам дека нема да биде прифатено од општеството, фокусот го ставам тука. И после Дамблдор ќе ми кажува зошто цело време прстот сум го вперувала во општеството. Епа ете за тоа! И не, може нема да биде хомосексуалноста, може утре моето дете ќе биде nerd, па дури и за тоа да биде исмевано од другарчињата.

Ама се додека има возрасни со став дека хомосексуалноста е болест, а различното по автоматизам е неубаво и девијантно однесување и идните генерации ќе го делат истото размислување. Децата се огледало на родителите.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997

Пак со мене! :D

И што ако го исмеваат другарчињата? Деца како деца. И тоа може да исмева без разлика на тоа како ќе биде воспитано. Нема правила. Затоа училиштата се воспитно-образовни институции и таму треба да работат адекватни луѓе кои ќе имаат желба да ја протуркаат својата програма и да воспостават ред на својот час. А елементарната култура, точно, се стекнува и учи дома.

Секој има право на став и секој има право да си го брани својот став. А има и многу различности кои и ти не ги прифаќаш, па никој не те напаѓа за тоа. :D
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.739
Поени од реакции
37.735
Искрено, не ме интересира хомосексуалноста, не ја сметам за болест ни чудо некое, кој што сака нека си прави додека е во граница на нормала секако и не ме засега мене и моите, само оссетив носталгија да ти реплицирам, а ти да ми вратиш со нешто ко со ова ооооо екс модераторке, идилата на отсуството ова она, ваква таква, ама не е тоа тоа што беше, остаре и ти жено, слабо многу.
... остана неваспитана и остана, „жено“ да се обратиш така таму каде глумиш „култура и нежност“, јас ти кажав така затоа што прво враќање на форум најде од прва да ми се закачиш на мој коментар споредувајќи хомосексуалноста со мене, а не со темата и други вон форумски примери, ако сакав да ми се коментира за мене ќе кажев примери за себе, па тогаш дај твое мислење за мене, не си више во тој статус да си дозволиш лигавење врз мене!
...инаку старењето е природен процес што зависи многу и од позитивната страна на идивидуата,
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.963
Поени од реакции
25.534
Сето ова е убаво, но мама не треба да го крие под фустанот целиот живот. Најголемата поддршка треба да си биде самиот он (или самата она). Тука е и друштвото, семејството, но тука се и родителите. Зборувам општо. Сега хормоните работат кај тебе, тазе мама, но со текот на времето мора да го подготвиш за предизвиците во животот. Верувам и дека ќе го направиш тоа.

Секако, да ти е живо и здраво бебчето, никој не му посакува лошо. Но од одредени работи не треба да се отстапува. Јасно ми е дека идеолошки сме многу многу далеку, но може да се сложиме дека основата на моралот, во самото општество, кај сите треба да биде поставена на една иста основа. Барем во форма на начела или општи принципи кои ќе бидат облигаторни. Дури и не ја форсирам идејата дека истите би било идеално да бидат систематизирани во највисок општ правен акт. :D

Никој не сака да гледа видеа каде ги тепаат педерите во Русија. Или каде ги убиваат и затвораат во Кина. Или фрлаат од зграда во Арабија. Сето тоа треба да се осуди и искорени. Исто, дека не треба да бидат влечени по институции и да се прават експерименти на нив.

Покрај моралот, левицата и десницата барем мораат да се сложат и околу основните човекови права и слободи, после секој нека се бори за својата кауза. Општиот консензус е одличен знак за политичката клима и односите во општеството. Ете ни тука не ја форсирам и идејата за темелните вредности на Уставниот поредок. Нека биде наједноставно што може. Дали требаат сет посебни права? За тоа нека одлучи електоратот, а не невладините или лоби групите. Кај нас само невладините галамат.

Но да немавме несогласувања, немаше да има ни дебати. Јасен ми е ставот дека не гледаш полза во дебатирање со неистомисленици (нема цел!), но тука се вадат најдобрите аргументи, се прошируваат хоризонтите, но и можеби се менуваат и одредени мислења и ставови. Така променив одредени ставови. :)
Апсолутно! Секој треба да се бори за себе пред сѐ, но тоа е веќе друга тема...

Не е возможно сите да имаат еднакви гледишта за моралот, исто како што не е возможно едноумие, без разлика за какво општествено уредување станува збор.
Апсурдно е левицата и десницата да се согласат за било какви права, но имај на ум дека хомосексуалноста е застапена и кај двете групи, со што десницата е во минус кога пропагира за хетеро заедници.

Проширување на погледи само кога има обострана почит за соговорникот и обид да ја разбереш другата страна, така да за ова се согласуваме.

Глупави митови.
Ајде да видиме до каде сме со основни когнитивни способности. Во РСМ има многу федери кои се изјасниле како такви, ако не се лажам дури на Еуросонг бил пратен пејач со такви склоности. Значи сите кои се такви а живеат јавен живот никогаш и никаде не биле дискрминирани нит тепани.

Да видиме еден, единствен линк каде некој федер бил тепан, колен,бесен, одран жив, запален во буре, hanged, drawn & quartered или било што.
Еден.
Автоматски споено мислење:

Има луѓе кои менуваат ставови под терет на аргументи и факти, тоа е одлична карактерна црта.
Но имаш луѓе, како оваа овде, пред неа да излезе аргумент поголем од Мон Блан нема да го види. Тоа ти се лица кои си фураат некоја идеологија, обично она што научиле на ТВ, во случајов колку се супер хомосите и си тераат така.
Некои рака на срце, немаат ментален капацитет да сфатат што е тоа аргумент.
Ќе ти реплицирам последен пат, не си лик вреден за трошење време на дискусија, затоа што не знаеш дискутираш, туку труеш со токсичност и навреди за секој кој не ти е истомисленик. Не гледам поента да дебатирам со тебе, одјеби!
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.516
Поени од реакции
11.482
Пак си мене! :D

И што ако го исмеваат другарчињата? Деца како деца. И тоа може да исмева без разлика на тоа како ќе биде воспитано. Нема правила. Затоа училиштата се воспитно-образовни институции и таму треба да работат адекватни луѓе кои ќе имаат желба да ја протуркаат својата програма и да воспостават ред на својот час. А елементарната култура, точно, се стекнува и учи дома.

Секој има право на став и секој има право да си го брани својот став. А има и многу различности кои и ти не ги прифаќаш, па никој не те напаѓа за тоа. :D
Па прочитај што пишал погоре. Дали ќе бидело среќно ако не било прифатено.

Прво и најважно е домашните да те прифатат, а после се друго! Значи прво коренот (семејството), односно коренот е метафора за чувството на поддршка во случајот и место каде што детето секогаш ќе се чувствува добредојдено. И потоа крилата - да му дадеш простор на детето слободно и независно да се нурне во надворешниот свет, надвор од твојата безбедност, да донесува сопствени одлуки, да победува и губи, односно - лета.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Па прочитај што пишал погоре. Дали ќе бидело среќно ако не било прифатено.

Прво и најважно е домашните да те прифатат, а после се друго! Значи прво коренот (семејството), односно коренот е метафора за чувството на поддршка во случајот и место каде што детето секогаш ќе се чувствува добредојдено. И потоа крилата - да му дадеш простор на детето слободно и независно да се нурне во надворешниот свет, надвор од твојата безбедност, да донесува сопствени одлуки, да победува и губи, односно - лета.
Да, ама повторно се враќаме на оние работи кои и ти не ги прифаќаш. Значи си поставуваш и ти ограничувања, работи кои ги сметаш за девијации, а го обвинуваш општеството за нешто за кое ти мислиш дека е нормално. :D

Општеството има право да прифати или да не прифати некого или нешто.

Се сложувам со тебе за останатиот дел. Само секој има право да се бори за својот идеал.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.739
Поени од реакции
37.735
... баш ги читам коментарите ама темата не е само за можна хомосексуалноста кај потомок (син, ќерка), па најчесто сите ја посакуваат среќата на своето дете, укажувајќи дека е природно да се биде заљубен и да се има сексуален однос со истополов партнер, демек не би пречело ...туку ...што ќе се случи ако некој ден, ете дојдете порано од работа и во брачната спална ќе го фатите брачниот партнер или вереникот (поретко маж да ја фати жената) со истополова индивидуа во сексуален однос и еуфорија... дали и тогаш би било нормална појава и би прифатиле, би потврдиле и би пишувале тука во продолжеток дека имате успешен „брак или веридба“ и дека све е во ред иако дома брачниот партнер има хомосексуална девијација?
 
Изневерувањето и генерално не е нормална појава. Значи да го зачекаш брачниот партнер со личност од спротивниот пол е скроз ненормална работа. Веројатно исто би било и за истополови личности.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.963
Поени од реакции
25.534
... баш ги читам коментарите ама темата не е само за можна хомосексуалноста кај потомок (син, ќерка), па најчесто сите ја посакуваат среќата на своето дете, укажувајќи дека е природно да се биде заљубен и да се има сексуален однос со истополов партнер, демек не би пречело ...туку ...што ќе се случи ако некој ден, ете дојдете порано од работа и во брачната спална ќе го фатите брачниот партнер или вереникот (поретко маж да ја фати жената) со истополова индивидуа во сексуален однос и еуфорија... дали и тогаш би било нормална појава и би прифатиле, би потврдиле и би пишувале тука во продолжеток дека имате успешен „брак или веридба“ и дека све е во ред иако дома брачниот партнер има хомосексуална девијација?
Зависи кој кого фаќа, се кладам дека добар процент мажи не би имале ништо против ако ги фатат сопругите со друга жена. Прашај го @ПрофаундлиСтупид.
 
D

Deleted member 95595

Гостин
Ништо, во тој случај ќе треба да се откажеме од нашето чедо или да пробаме да го „вратиме во нормала“ со попови и бајачки.
Или кај Константин Кајшаров да го однесеме.
Многу, ама баш многу се мешаат поимите кога се зборува за хомосексуалност, треба малку да се разграничат работите. Омраза, хомофобија, тепања, убивања и слично не смее да има во никој случај и строго мора да се казнуваат тие работи и да се спречуваат, ама од друга страна, еве го велам ова јас, и тоа е мојот став, ама пак сум 100% против истополови бракови и дозвола да посвојуваат деца истополовите бракови. Ова го кажувам како татко на 2 и пол годишна ќерка која појма немам каква ќе излезе во иднина, ама и да излезе, недај Боже, хомосексуалка, сметам дека мислењето ќе ми остане непроменето во однос на бракот и посвојувањето деца. Ама, да не се лажиме, ние можеме тука да си се силиме колку сакаме, вистината е дека нема бегање од тоа, како во остатокот од светот, па еве и конкретно во Европа, така и кај нас ќе се легализираат тие работи без никој да не праша.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Зависи кој кого фаќа, се кладам дека добар процент мажи не би имале ништо против ако ги фатат сопругите со друга жена. Прашај го @ПрофаундлиСтупид.
Јас би бил против....

против тоа да бидам избркан од собата
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.070
Поени од реакции
6.552
Баш заради тоа што размислувам дека нема да биде прифатено од општеството, фокусот го ставам тука. И после Дамблдор ќе ми кажува зошто цело време прстот сум го вперувала во општеството. Епа ете за тоа! И не, може нема да биде хомосексуалноста, може утре моето дете ќе биде nerd, па дури и за тоа да биде исмевано од другарчињата.

Ама се додека има возрасни со став дека хомосексуалноста е болест, а различното по автоматизам е неубаво и девијантно однесување и идните генерации ќе го делат истото размислување. Децата се огледало на родителите.
А зошто хомосексуализмот би бил прифатен од мнозинството популација? Што би добило општеството со тоа?

Треба да се разграничи хомос од хомосексуализам. Како поединец не смее да има дискриминација од никаков вид над хомосот и тука верувам сите се согласни.
Може да се биде и пријател или колега со такво лице, но тоа не значи дека мора по дифолт да се прифати хомосексуализмот како нешто нормално или скраја било, пожелно.
Значи НЕ за дискриминација и НЕ за прифаќање на појавата како нормална. Бидејќи не е туку е аномалија која зафаќа минорен процент од популација. А покрај неа, имаме и ден куп други нестандардни сексуални правци.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
Зависи кој кого фаќа, се кладам дека добар процент мажи не би имале ништо против ако ги фатат сопругите со друга жена. Прашај го @ПрофаундлиСтупид.
Имам против ако се крие и не вика, педерски е.

Али она би имала многу многу протиф ако јас се попе... ми се активира некој ДНК тагинг на неколку гена која науката вика дека е можно да се одговорни.....

Интересни се реакциите на лица кои не можат да дадат еден единствен аргумент, во случајов за наводниот масовен прогон и помор на федери и томоси низ РСМ. Наместо еден единствен линк, имајќи предвид еден куп невладини и медиуми кои такво нешто би го огласиле навелико, имаме примитивистички испади од најнизок вид.
Виртуелноста дава анонимност, но не дава памет.
Да бев резултат на parental failure како тебе ќе ти кажев да им викаш одјеби таму по дома, на створењето кое те изродило и остали животинки од стадото, но не сум.
Се заинтетесирав периодов и со неколку добри генетичари има шанси да ти го решиме проблемот у онаа тема.... согласно мојот предлог....

The researchers collected DNA samples in saliva from 37 pairs of identical twins in which only one twin was gay, and 10 pairs in which both were gay. By scanning the twins’ epigenomes, the researchers found five epi-marks that were more common among the gay men than in their genetically identical straight brothers. An algorithm they developed based on the five epi-marks could correctly predict the sexual orientation of men in the study 67% of the time. UCLA computational geneticist Tuck Ngun will present the work on 8 October at the American Society of Human Genetics meeting in Baltimore, Maryland.

:coffee:

Љ.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.516
Поени од реакции
11.482
А зошто хомосексуализмот би бил прифатен од мнозинството популација? Што би добило општеството со тоа?

Треба да се разграничи хомос од хомосексуализам. Како поединец не смее да има дискриминација од никаков вид над хомосот и тука верувам сите се согласни.
Може да се биде и пријател или колега со такво лице, но тоа не значи дека мора по дифолт да се прифати хомосексуализмот како нешто нормално или скраја било, пожелно.
Значи НЕ за дискриминација и НЕ за прифаќање на појавата како нормална. Бидејќи не е туку е аномалија која зафаќа минорен процент од популација. А покрај неа, имаме и ден куп други нестандардни сексуални правци.
Затоа што поминаа повеќе од 30 години откако СЗО ја отфрли хомосексуалноста од списокот на психолошки нарушувања и изјави дека хомосексуалноста не е нешто што само по себе може да се излечи.
За да биде болест, треба да има негативни последици по личноста. А што ако на хомосексуалната личност не и пречи сопствената сексуалност?! Како тогаш ќе дефинираш болест?

... on the other hand, стигматизацијата и дискриминацијата на хомосексуалците може да доведе до проблеми со менталното здравје.

Друго, околностите под кои хомосексуалноста до 1970 год се третирала како болест, се под влијание на системот на вредности (аммм читај религијата), а не објективна медицинска проценка. Средината на 20 ти век е клучен период на медицински истражувања по ова прашање и отфрлање на дијагнозата од мкб класификацијата.

Правата на хомосексуалците немаат никаква врска со нормалноста или абнормалноста на самиот феномен. Дури и да се најненормалните во светот, од каде потребата и правото за стигматизација и дискриминација? Па нели во општеството се стремиме кон еднакво вклучување на што поголем број луѓе кои имаат било какво физичко или ментално попречување?Епа зошто не е така и за геј луѓето?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom