Хомосексуалност (општо)

Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци


  • Вкупно гласачи
    1.127
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Може да расте и во хомо заедница. Нема ништо лошо во тоа. Родители се се родители геј или стрејт.
Тоа не е приватно, туку е јавно. Оди преку институциите и државата има посебен интерес. Зборувам за посвојувањето.
 

Reptilian

веган хејтер
Член од
15 мај 2021
Мислења
130
Поени од реакции
211
Не дека се замарам јас не сум активист и мислам дека е залудно трошење време. Но си кажувам што си мислам и дискутирам. Сегашните вредности се менуваат и ќе се сменат. Наше не е да одлучуваме какви ќе бидат. Единствено може за тие што се со нас.
А кој треба да одлучува? Марсовците, дедо мраз, баба рога?

Ако вредностите водат кон лудило кое создава фрикови на кои се и сешто им се допушта секако дека Ние ќе бидеме тие кои ќе одлучуваат.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Тоа не е приватно, туку е јавно. Оди преку институциите и државата има посебен интерес. Зборувам за посвојувањето.
Не те разбирам. Еднаквост пред законот нека има.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
А кој треба да одлучува? Марсовците, дедо мраз, баба рога?

Ако вредностите водат кон лудило кое создава фрикови на кои се и сешто им се допушта секако дека Ние ќе бидеме тие кои ќе одлучуваат.
Ние двајца не одлучуваме. Имаме само по еден глас на избори и тој не е битен со оглед на изборот.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.514
А зошто да не ги уживаат истите права ако се како другите луѓе?
За почеток менталното здравје. (и на стрејт би им одземал веднаш право на родителство и дете ако се: психички нестабилни, имаат хардкор пороци (дрога/алкохол/тежок комар, ѓупци што питаат и чепкаат по контејнери....).
To an outsider, some of the results of the GQ 30th anniversary reader survey may sound shocking. The study showed 45% of gay, bi, and trans men have, in the last year, thought life was not worth living, while 34% have considered taking their own lives in that same period, with 5% actually attempting it – dwarfing the stats of each age group. But according to Meg-John Barker, senior lecturer in psychology at the Open University, this is no surprise – other research shows LGBT+ people have worse mental health than straight and cisgender people.
 

Reptilian

веган хејтер
Член од
15 мај 2021
Мислења
130
Поени од реакции
211
Не те разбирам. Еднаквост пред законот нека има.
А која нееднаквост ја имаат гејовите и лезбејките пред законот. Ако е геј ќе го избркаат од школо/факултет? Ако е лезбејка ќе ја обесат на плоштад? Итн.

Ние двајца не одлучуваме. Имаме само по еден глас на избори и тој не е битен со оглед на изборот.
Гласот може не е битен бидејќи живееме во држава кај што мнозинството е "во право".
Ама пак не значи дека мнозинството е во право. Квантитет не значи и квалитет. ;)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
А која нееднаквост ја имаат гејовите и лезбејките пред законот. Ако е геј ќе го избркаат од школо/факултет? Ако е лезбејка ќе ја обесат на плоштад? Итн.


Гласот може не е битен бидејќи живееме во држава кај што мнозинството е "во право".
Ама пак не значи дека мнозинството е во право. Квантитет не значи и квалитет. ;)
Тоа е и аргумент за бракови и посвојување. Не е битно мнозинството за да биде во право. Има многу луѓе кои не се во право за многу работи. Ако гледаш што прави масата не е секогаш тоа најдобро и за нив и за тие окулу нив.
Автоматски споено мислење:

Порано се беселе гејови и иделе во гасни комори, сега не...исто ќе биде и за сега.
 

Reptilian

веган хејтер
Член од
15 мај 2021
Мислења
130
Поени од реакции
211
Тоа е и аргумент за бракови и посвојување. Не е битно мнозинството за да биде во право. Има многу луѓе кои не се во право за многу работи. Ако гледаш што прави масата не е секогаш тоа најдобро и за нив и за тие окулу нив.
Па да де, за браковите главно зборев и јас.
Ако мнозинство изгласа дека треба истополови бракови не значи дека се у право кога фактите не се на нивна страна. :)
Ене го боки цел живот беше без брак не му фалеше ништо си тераше со своите фрик шоуа.
Автоматски споено мислење:

Порано се беселе гејови и иделе во гасни комори, сега не...исто ќе биде и за сега.
Не прашав за порано. За тоа порано и јас се согласувам дека не било ок да се убиваат.

Прашав за сега и за во оваа државава.
Во Македонија хомосексуалноста пред законот не е злосторство. Не можеш да бидеш уапсен или убиен поради што си геј.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Па да де, за браковите главно зборев и јас.
Ако мнозинство изгласа дека треба истополови бракови не значи дека се у право кога фактите не се на нивна страна. :)
Ене го боки цел живот беше без брак не му фалеше ништо си тераше со своите фрик шоуа.
Мене ми е принцип во животот секој своја работа и не мешање во туѓа манџа. Не е моја манџа хомоработи тоа е нивна а тие сакаат тоа што сакаат нека им е. Исто важи и за економијата...ама тоа е друга тема. Проблем е што не се конзистени тие од популарната левица сакаат слобода во бракот а не во бизнисот...многу нефер и двојни стандарди исто важи само обратно со алт-рајт.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.870
Поени од реакции
6.492
Зигмунд Фројд е најдобар психолог на сите времиња - тој нема ништо против хомосексуалноста.
Во еден случај во Австрија загрижена мајка му испратила плико на Фројд дека се срами од своjот син, го замолила да го излечи. Тој и вратил писмо, денес сеуште зачувано, еве што вели:

"Од вашето писмо согледувам дека вашиот син е хомосексуалец. Најмногу ме импресионира фактот што вие не го ни спомнувате овој поим во вашите информации за него. Може ли да ве прашам зошто го избегнувате терминот? Хомосексуалноста сигурно не е никаква предност, но не е ни нешто од што треба да се срамиме, не е порок, не е деградација, не може да се класифицира како болест. Ние психолозите сметаме дека тоа е варијација на сексуалната функција, која произлегува од одредено потиснување при сексуалниот развој. Многу високо почитувани индивидуи од античко и модерно време биле хомосексуалци, некои од најголемите мажи се меѓу нив (Платон, Микеланџело, Леонардо да Винчи, Александар, Хефестион итн.). Голема неправда е хомосексуалноста да се прогонува како злосторство - и е сурово и злобно. Ако не ми верувате, прочитајте ги книгите на Хавелок Елис.

Со тоа што ме прашувате дали можам да му помогнам, мислите, дали можам да ја укинам неговата хомосексуалност и да направам нормалната хетеросексуалност да дојди на нејзиното место? Одговорот е, општо кажано, не можеме да ви ветиме дека ќе го постигнеме тој резултат. Во одреден број случаи, успеваме да ги развиеме уништените микроби на хетеросексуалните склоности, кои се присутни кај секој хомосексуалец, но во повеќето случаи тоа не е можно. Затоа што во прашање е квалитетот и возраста на поединецот. Резултатот од третманот не може да се предвиди.

Она што може да го направи анализата за вашиот син, се движи во друга линија. Ако е несреќен, невротичен, растргнат од конфликти, инхибиран во неговиот социјален живот, психоанализата од моја страна може да му донесе хармонија, мир на умот, целосна ефикасност, без разлика дали тој ќе остани хомосексуалец или не."
Автоматски споено мислење:

Ова потиснување за кое зборува Фројд објаснува зошто во најконзервативните кругови има толку многу хомосексуалност. Имало папи во Рим што биле хомосексуалци. Онај од Унгарија скоро, Јозеп, десната рака на Орбан избега со скокање од втори спрат при оргија во Брисел.
 

Reptilian

веган хејтер
Член од
15 мај 2021
Мислења
130
Поени од реакции
211
Мене ми е принцип во животот секој своја работа и не мешање во туѓа манџа. Не е моја манџа хомоработи тоа е нивна а тие сакаат тоа што сакаат нека им е. Исто важи и за економијата...ама тоа е друга тема. Проблем е што не се конзистени тие од популарната левица сакаат слобода во бракот а не во бизнисот...многу нефер и двојни стандарди исто важи само обратно со алт-рајт.
Јас не се мешам во нивните животи. Нека си прават во креветот што сакаат, тоа не ме занима. Не ги хејтам, не сум хомофоб.
Ама некои работи се претерани и апсурдно е да се бара нивно остварување. Нема ништо повеќе да добијат ако стапат во брак со својот партнер.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Бракот е институција меѓу еден маж и една жена. Ако се промени оваа дефиниција, бракот како институција ќе стане ништовна.
Те сметав за попаметен.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Јас не се мешам во нивните животи. Нека си прават во креветот што сакаат, тоа не ме занима. Не ги хејтам, не сум хомофоб.
Ама некои работи се претерани и апсурдно е да се бара нивно остварување. Нема ништо повеќе да добијат ако стапат во брак со својот партнер.
Очигледно треба нешто да добијат што немаат...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Те сметав за попаметен.
Топ. :)
Автоматски споено мислење:

Може ли, со промената на дефиницијата, во заедницата да влегуваат неограничен број на партнери? Која е улогата на бракот тука?

И јас те сметам за паметен. :)
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.516
Поени од реакции
11.482
Резултатот не е ист, имаат право на посвојување. И тоа право и привилегија мора да остане само за хетеросексуалните парови. Детето треба да порасне во таква заедница.

Имај право на став, макар и погрешен. 62% од анкетираните се сложуваат со мене, иако најголемите сопки ми се за правото на посвојување. Тоа не смее да биде ни предмет на јавна дебата.
Дури и кога единствениот избор би бил детето да остане во дом лишено од тоа да биде дел од некое семејство, да биде сакано, да има детство и колку толку нормален живот? Сексуалната ориентација никако не може да влијае врз начинот на кој еден родител ќе го воспита и израсне своето дете.

Инаку темава е отворена пред 10 години. Времињата се менуваат и не може да очекуваш дека сите анктирани го делат истото мислење со тебе сега. Па пред 50 години и жените немале права, па еве сега имаат. И црнците немале права, па ете имаше и црнец претседател.
За почеток менталното здравје. (и на стрејт би им одземал веднаш право на родителство и дете ако се: психички нестабилни, имаат хардкор пороци (дрога/алкохол/тежок комар, ѓупци што питаат и чепкаат по контејнери....).
Кога би им дале некакви права можеби и односот на општеството (читај предрасудите) кон оваа група луѓе би се изменил. Тоа сигурна сум дека ќе влијае на менталното здравје.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom