Хомосексуалност (општо)

Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци


  • Вкупно гласачи
    1.112

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
дали ова го кажуваш саркастично?
Женско сум и имам гледано геј порничи и никаде до сега немам сретнато двајца мажи што се "мечуваат" ниту во rough категорија на порничи немам видено тука не се смета bdsm бидејќи тоа е сосема друга категорија на порно филмови. Ако двајцата имаат "активна" улога тогаш сфаќам дека можат да се "мечуваат".
Не, не сум саркастичен, но изгледа малку буквално го сфати делот 'мечување' како термин. Не се работи за груб секс или било што во врска со BDSM. Се работи, всушност, за една од најстарите форми на хомосексуален секс акт помеѓу двајца мажи, и бидејќи порано имало повеќе од една форма на хомосексуалност (не сите биле прифатени и третирани еднакво), ова е една од најприфатените форми на сексуален чин помеѓу двајца мажи уште пред антиката. Денес иако има сатирични изрази за актот како swording или fencing, општиот термин во современа употреба се вика frotting. Еве и линк колку да се долови дека не е нешто грубо или доминирачко (NSFW btw).

Инаку, макар и анонимно, мило ми е што женско признава дека гледа не само порничи, него геј порничи. Во живо сте ми малку squeamishly reserved да признаете дека ве пали тоа :D (сосема нормална работа, ако се земе в предвид колку стрејт мажите ги пали акција помеѓу две девојки).

И каде има евиденција дека хомосексуалноста не е избор кога имам сретнато близнаци и едниот од нив е хетеро а другиот е хомо
Како што има близнаци каде едниот стекнува рак а другиот е здрав ко дрен, а растени заедно, со иста грижа, иста исхрана, исто опкружување. Да не едниот од нив го избрал ракот? Или сепак ова со близнаците повеќе алудира на некоја генетска основа, барем делумно? Имаш парови близнаци, многу повеќе од овие што ги спомна ти, каде и двајцата завршуваат како хомосексуалци. Тоа е многу почеста појава од 1 хетеро + 1 хомо близнак.

инаку немам ништо против хомосексуалци ама не би сакала да видам двајца мажи ниту жени да посвојуваат бидејќи децата бидејќи хомосексуалните парови ја немаат таа родителска компетенција што хетеро ја имаат.
Врз основа на што го заклучи ова? Геј порничите?

Како тоа хомосексуалната ориентација влијае врз компетентноста на некој да расте дете? Алкохолизам - разбирам. Злоупотреба на дрога - разбирам. Семејно насилство - разбирам. Немање работа, средства и услови да се биде родител - разбирам. Тоа дека некој е геј - не разбирам. Пробај објасни.

Ај замисли сега како би му било на женско дете со двајца мажи? Како тоа би се чувствувало во тоа семејство? Еве јас како женско неможам да замислам такво нешто ( ова можеби е тотално нерелеватно во моментот бидејќи ги немам прегледано сите 330 страници на темата )
Имам познаничка од Бостон која е растена од двајца татковци. Сега е на факултет и си има дечко со кој многу се сакаат и планираат заедничка иднина после факултет. Се е до тоа како ти си растена. Ако некој геј пар те расте со сознанието дека повеќето луѓе во светот се хетеросексуалци, и дека веројатноста ти да бидеш хетеро е 95%, дека хетеросексуалност значи сексуално привлекување кон спротивниот пол, не гледам пречка која стои на патот некој да израсне во функционална хетеро индивидуа. Баш бидејќи сме од 2-5% од популацијата, и има малку геј парови кои решаваат да растат деца, случаите детето да има слична или иста ориентација како нивните родители, истополовиот пар, се толку ретки, што јас лично не знам за таков пример. Секако, не значи дека ги нема, но е преретко за статистички релевантен податок. Отсуството на мајката, или обратно, ако се работи за лезбиски пар, отсуството на таткото, не е пресудно за развивање на хетеросексуална ориентација.

Зошто ЛГБТ популација се повеќе во риск да искушуваат со психијатриски проблеми ( самоубиство, депресија ) Зошто сексуалната ориентација е флуидна кога хомосексуалноста не е избор? Има луѓе кои цел живот биле хомо ама ете во стари години нивната сексуална ориентација се сменила?
Тие што зборат дека сексуалната ориентација е флуидна, 99.9% се секогаш бисексуални мажи и жени. Фиксираната хетеро и хомоориентација за нив е нешто туѓо, вонземско, и не го разбираат. Што се однесува до психолошки проблеми, јас такви искусив како тинејџер, но во исто време искусија и многу од моите врсници - хетеросексуалци. Периодот е таков, бурен, хаотичен, тежок. Особено ако имаш и додатен "проблем" како геј фактор, неколкукратно се зголемува тежината на ситуацијата, најмногу затоа што се работи за лична ревелација и работа која, барем на наши простори, не е баш нашироко прифатена. Дури и во западните земји го има истиот проблем, со неприфаќање, на ниво на индивидуално семејство.

Не можам да зборам за други, ама еве, со мене комуницираш, како што гледаш немам проблеми со себе, кој сум и што сум, нити страдам од депресија околу тоа, скраја да е па да имам суицидни мисли. Имам премногу амбиции за да фрлам се во вода ради тоа што општеството мисли за мене, или локалниот морален шериф кој плука по луѓе како мене, а дома си ги тепа детето и сопругата, или племенитата тетка која ги исмева луѓето ко мене како промискуитетни балерини, а таа на страна поголем курождер од калап-форматор за дилда.

Некa имa дoстa геј сo дoбрo здрaвје,не им гo спoрaм прaвoтo зa нивнaтa сексуaлнa oпределбa.Ми сметaaт кoгa непoтребнo се реклaмирaaт и пaрaдирaaт и зaтoa не ги пoдржувaм.
На кој начин?

Затоа што различни луѓе различно го дефинираат ова "рекламирање".

Како дел од sex ed., би ти сметало? Тоа е промовирање? Секоја генерација луѓе произведува хомосексуалци и бисексуалци, не гледам лошо во тоа да се спомне како факт во учењето на биологија или сексуално образование, бидејќи е етаблиран факт. Причинителите не се познати, и тоа не би требало да се третира, но доколку се презентира објективно, може да помогне во подобро созревање на некоја индивидуа која е е геј и има тешкотии со себеприфаќање или околината, или во најмала рака некоја збунетост околу тоа како де се осеќа околу тој факт.

Или можеби мислиш на филмови, ТВ серии, шоуа? Филмовите и ТВ сериите прикажуваат симулирани средини кои го имитираат вистинскиот живот, или во најмала рака, симулираат човечки карактери. Ако хомосексуалноста е присутна како факт во светот, и има хомосексуалци, не гледам проблем во прикажување на геј ликови во филмови и ТВ. Ако ме прашуваш мене, за штетноста од тоа што се гледа на ТВ, јас повеќе би обрнал внимание на прикажувањето на употребата на цигари како нешто кул, или пијанчењето за време на луди забави и сл.

Хомосексуалноста нема да го среди син ти како пијан возач на автомобил, со неколку од своето друштво, нити ќе му ги пеплоса белите дробови на пример.

Што се однесува до шоуа, добро се знае дека гееви и транџи се најдобрите шоумени и шоугирлс, така да тука само се мешаш во исходот на квалитетна програма брат :D
 
Последно уредено:

a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
495
Поени од реакции
274

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
There's also this thing called ultra-thick condoms, if you're both lazy as hell or out of time, but want to fuck anyway.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Како што има близнаци каде едниот стекнува рак а другиот е здрав ко дрен, а растени заедно, со иста грижа, иста исхрана, исто опкружување. Да не едниот од нив го избрал ракот? Или сепак ова со близнаците повеќе алудира на некоја генетска основа, барем делумно? Имаш парови близнаци, многу повеќе од овие што ги спомна ти, каде и двајцата завршуваат како хомосексуалци. Тоа е многу почеста појава од 1 хетеро + 1 хомо близнак.
Педерството е рак?
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854


Можете слободно да ме прогласите како сакате, но ова видео ми извади такви емоции, ме остави со солзи на очи:mad:боже господе, можно ли е да има права љубов, чиста љубов кај особи од ист пол, тоа се прашувам цело време...зарем е можна:confused:
Не ми се верува дека јас ке се разнежнам на ваква ситуација:facepalm:тотално ме раздрма:confused:
Не ми се верува дека некој ке остане рамнодушен после гледање на ова кратко филмче со таков ефект:facepalm:
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
976
Хомофилијата, педофилијата, зоофилијата, ... се психолошки деформации (болести)!
Секој човек - повеќе или помалку - носи во себе (во своето тело) вакви болни семиња. Здравата цел на поединецот и на колективот е да не се наводнуваат (и со тоа размножуваат) ваквите семиња.
Империјата на перверзноста и безсрамието, во својата стратегија за целосна контрола на светот, покрај ширењето на дрогата, алкохолот, ... го первертира и сексот до таа мера, употребувајќи го како меко оружје (soft wapon). :-(
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Секој човек - повеќе или помалку - носи во себе (во своето тело) вакви болни семиња.
Bitch, you did NOT just make everybody potentially gay or bi >_<

Империјата на перверзноста и безсрамието, во својата стратегија за целосна контрола на светот, покрај ширењето на дрогата, алкохолот, ... го первертира и сексот до таа мера, употребувајќи го како меко оружје (soft wapon). :-(
Ај оддувај назад у подфорум Религија, muslies are not welcome here. This is a homo safe space. Шу!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Хомофилијата, педофилијата, зоофилијата, ... се психолошки деформации (болести)!
Секој човек - повеќе или помалку - носи во себе (во своето тело) вакви болни семиња. Здравата цел на поединецот и на колективот е да не се наводнуваат (и со тоа размножуваат) ваквите семиња.
Империјата на перверзноста и безсрамието, во својата стратегија за целосна контрола на светот, покрај ширењето на дрогата, алкохолот, ... го первертира и сексот до таа мера, употребувајќи го како меко оружје (soft wapon). :-(
Исус дали бил хомосексуалец или стрејт?
која беше сексуалната орјентација на покојниот Исус?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom