Може. Ама, збориме за конкретен случај. Агда не може да знае како завршило. Таа само ги опишува реакциите на полициските службеници, што се слагам, се неприфатливи
Се согласувам. Работата е дека Агда даде само пример, и истиот не е изолиран случај, туку дел од масовна епидемија.
Тоа е поентата што сакаше да ја пренесе.
Во право си дека не е во ред дете да види , али се случува да се види и тоа почесто било каде,секој ден сум излезен со жената и детето и секој ден гледам по клупите парови како се лапаат, е сеа за нормален пар има објаснување а за вас нема објаснување тоа е разликата
Објаснението треба да се држи до актот, а не кој го прави. Чинот ко што реков, е центарот на проблемот, не комбинацијата на полови. За тебе е проблем затоа што си растен со одреден ментален склоп. За други не е, децата не се раѓаат со инстинктивно гадење кон истополови двојки (освен ако претерано искажуваат љубов јавно, што е сосем иста реакција и за хетеро парови). Реакцијата се должи на чинот, не половите на учесниците.
Тоа што ти немаш објаснување е твој проблем како родител. Поголема вина твоите родители носат што те израснале да имаш одредена слика за одредена популација. Во зависност од тоа што му објаснуваш и како, шансите се дека така ќе го гледа светот кога ќе порасне. Нема да е негов заклучок, туку твој, посвоен, од мали нозе. Пошто гледам не гледаш ништо лошо во таква едукација од најрани години.