Холандија - Костарика | 05.07.2014 | 22:00 | 1/4 финале СП | Fonte Nova

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Холандија и Коста Рика беа први во своите групи во текот на групната фаза, во1/8 финалето и двете екипи имаа релативно, не толку лесни противници, но сепак успеаа да се протнат и влезат во ¼ финалето.


Холандија, до 1/8 финалето стигна како 1ва од групата Б каде што играше со Шпанија, Чиле и Австралија а во 1/8 финалето за противник го имаше Мексико. Целиот натпревар Мексико беше во предност со 1:0 со голот на Дош Сантос на стартот од второто полувреме, поточно во 48мата минута. Холанѓаните голот за израмнување го постигнаа во 88ма минута, кога Робен дигаше од корнер, а Весли Снајдер мајсторски ја затресе мрежата на откритието од ова СП. Очоа. Казната за Мексиканците стигна во судиското надополнувањ кога Арјн Робен падна во шеснаесетникот на Мексико и беше досуден пенал за Холанѓаните. Пеналот за Холандија го изведе играчот на Шалке, Клас Џан Хунтелар со што ги урна сите надежи на Мексиканците во вода. Можеби, тоа паѓање на Робен не беше паѓање за пенал и Педро Проенка од Португалија не го виде тоа навреме. Сега во ¼ финалето Холандија за противиник ќе го има изненадувањето на првенството, тоа е Коста Рика.


Коста Рика беше отфрлена од гледачите уште пред да почне групната фаза, се падна во групата на смрта со Англија, Италија и Уругвај, поранешни светски шампиони и великани во фудбалот, но Коста Рика ги посрамоти сите и премина во следната фаза на првенството. Во 1/8 финале им падна нашиот јужен сосед, Грција. Костариканците сепак поведоа со голот на Руиз во 52рата минута, а Грците се спасија во судиското продолжение, во 91вата минута со гол на Пападопулос. Потоа, јасно се играа продолжени од 2x15 минути, кои завршија идентично, со 1:1 и преостана да се игра пенал рулет каде по промашениот пенал на гркот Гекас, Коста Рика се најде во ¼ финалето од СП, што е и најголем успех на светските првенства за Коста Рика. Тие досега играле на 3(без 2014) и најголемиот им е 1/8 финале на првенството во 1990 година. Потоа играл во 2002 и 2006 кога отпаѓале уште во групната фаза.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Златна рипка да фатите и една желба да имате, вероватно ќе ви биди анкети да има на сите теми.
Искрено - боље анкета да има отколку мислења како Бобче - ke tepa Holandija poz.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Добар осврт дал Бомбастичен за двете репрезентации. Малце да се потсетиме со некои спомени за минати времиња.

johan krojf.jpg


Некогаш еден фудбалски експерт од Велика Британија рекол „Да беше фудбалот театар, Трагедијата ќе се викаше Холандија“

Холандија до ден дешен остана единствената велесила која не успеа да стане светски шампион.

Холандија ти е земјата која ја има дадено најдобрата 10ка од Европа, играчот кој е еднаков по квалитет со Пеле и Марадона а за жал ни приближно толку често спомнуван само поради тоа што не успеа да се закити со светско злато, човекот што донесе нов стил во фудбалот out of nowhere и го измисли „лажњакот“, невидена техника до тогаш, дечкото погоре на сликата, Јохан Кројф :)

Фино лепо си дојде Холандија на гости кај Германија на светското 1974 година со концептот Тотален Фудбал, нешто невидено до тогаш во фудбалскиот свет и што е сеа темел на модерниот фудбал, како и со една од најдобрите репрезентации што некогаш играле фудбал, предводени од Јохан Кројф со Џони Реп, Нескенс, Ресенбринг и останатите.
Следуваше буквално мачкање на противниците. Следна фаза, доминација, 4-0 со Аргентинците, 2-0 со Бразил за да се најдат во финале со Германците.

Во финалето уште Германците не ја допреле топката а веќе 1-0 за Холандија. Пробив на Кројф преку пола терен од средина за пенал. После тоа следуваше еден сомнителен пенал за изедначување и брз гол за водство на германците од легендата Герт Милер. Холанѓаните не успеаа да се повратат од тој шок и за жал не успеаа да го освојат тоа финале.

Алфредо ди Стефано за нив изјави „Во последниве 40 години единствени што направија нешто различно и го зашеметија цел свет беа Холанѓаните во 74та, после тоа ништо ново не се случи“.

Следно светско првенство во Аргентина, и оп холанѓаните повторно во финале со домаќините. Страшно непријателска публика, целосен притисок, уште мечот не почнат а аргентинците собрани околу судијата. Аргентина поведе и успешно го зачува водството во второто полувреме со тоа што според некои тврдења Аргентинците успеале скоро половина второ полувреме да го прележат на земја. На ова светско првенство Холандија настапи без Јохан Кројф кој го бојкотираше поради воената хунта која владееше со Аргентија која и подоцна ќе биде обвинета за местење на резултати на светското.

Два пати за ред, два пати не успеаа против домаќинот. Сепак за нив светското во Германија 74та ќе остане непребол пред се поради доминацијата која ја имаа против сите. Татко ми ќе рече „никогаш не сум видел така некој да ги доминира Аргентина, Бразил, Германија и другите како Холанѓаните 74та“

Надежите повторно се подгреаа во 90та кога Холандија ја имаше генерацијата со Марко ван Бастен, Руд Гулит, Рајкард, Роналд Куман, али сплет на околности слаб тренер кој беше сменет на 2 дена пред првенство, резултираа да бидат елиминирани рано, повторно од Германија.

Многу играчи имаат дадено лалињата, можеби најдобриот DMC во историјата Едгар Давидс, Јап Стам, Клајверт, Коку, Сидорф, Беркамп... не сум бил голем нивни фан али секогаш сум ги гледал со голема почит. Голема штета што на жалост не успеаа до сега да стават една звезда над амблемот.

Истата таа генерација од седумдесетите му донесе на Ајакс три ЛШ трофеи во серија (71, 72, 73), каде што во второто финале Кројф со два гола го матираше Интер, а во третото на Маракана во Белград Џони Реп го реши Јувентус.

Дали ја имаат силата да го направат тој чекор на ова светско ќе видиме. Офанзивната линија е одлична али тенка е одбраната и ако Де Јонг е аут за понатаму ќе биде уште потешко. Голем е психолошкиот момент за нив имајќи го предвид тоа погоре што го наведов како товар кој го носат генерации веќе.

Тоа е тоа од мене :)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Коментар чисто колку да ми стигаат известувања од темава додека почне утакмицата.:свиркам:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Со оглед на тоа како се одиграле Холанѓаниве низ годините мислам дека они ќе победат :)
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
^^Боби го згрешил малку постот еве како требало да изгледа: „Добри се и двете екипи, може ќе победи Холандија, а може Коста Рика, тоа не можеме да го знаеме, ама ќе гледаме фудбал и нека победи екипата со повеќе постигнати голови.“ :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
A jas mislam ova e najdolgiot post na Bob vo podforumov ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom